- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.773
- Поени од реакции
- 9.896
Ич не се слагам со твојот пост младичу,како за твоја информација тие печки кренаа огромен интерес кај населението,познавам и некои кои веќе земаа..Прво правиш фатална грешка:Етееее *пелетите* дојдоа кај нас! НАЈЕВТИНОТО ГРЕЕЊЕ! .....Велат во рекламите во весниците! Пелетите спакувани во Џамбо-кеси, слични на храна за волчјакот.... Нетребало секојдневно полнење на печките, еднашка на 2-3 дена! Чистење на 2-3 месеци! ЕЈ ШТО УБАВО!? Дури и Јанко од *Бурек* ги фалеше! Полна уста фалби! Само вели тој требало некое црево слично на климатизерите.... сепак имало издувни гасови! Зборува, зборува - јаде бурек.... го фали овој систем, се во суперлативи..... и вели Јанко - *А СЕГА РЕКЛАМИ* молам? Смешки!!!.... Па рекламата само што ја заврши бре Јане! :nesvest:..... Но ниту Јанко, ниту во рекламите што одат во штампа не ја кажуваат ДОБРАТА ВЕСТ! А таа е дека една печка која е специјално дизајнирана за пелети чини... ситно 1200 па нагоре ЕВРА се разбира! Се прашувам што е тогаш економично во овој тип на греење? Велат 2500 ден месечно за печка која би давала континуирано 4-5КW енергија! Онаа најевтината од 1,200 Евра! Била опремена со електроника, па овозможувала автоматско вклучување, исклучување, температура .... и тн! ПА ТОА ГО МОЖЕ И НАЈИДИОТСКИОТ КЛИМА УРЕД! ОНОЈ ШТО ЧИНИ 9,000,-!!! А веќе кога ги спомнав, за 1,200 Евра, би си купил два ИНВЕРТОРА од типот DAIKIN, FUJITSU...ili MITSUBISHI....(кои BTW се Мерцедеси меѓу Инверторите).... со снага за греење 3,5-4,5Кw .... а со потрошувачка од 0,8 - 1Кw/h исто така и кај инверториве што ги спомнав не треба секојдневно полнење, чистење, цепање дрва и тн.... И кај овој систем како реков и те како е можно програмирање....но предностите се многу поголеми! Нема со два уреда да греам само една просторија туку безмалку цел стан од 60-70М2 СО ИСТАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ НА УРЕДИТЕ И СО ИСТА МЕСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГРЕЕЊЕТО!!!.... А бонусот е климатизација (ладење) Летно време!!!.....
Пелетите (ми се чини) со цените на печките се ТОТАЛНИ АУТСАЈДЕРИ!!!
Споредуваш клима и камин .. човече клима е ствар за ладење,бар за мене, ама никогаш не би се греел на клима..прво зашто троши струја како глоба, а знаеш и самиот колку е качена струјата во последно време и уште колку че се качува, а второ климата никогаш неможе да затопли толку добро колку што може дрво и камин..климата го суши воздухот го прави сув и спарен и мене ми е многу непријатно во таква просторија да престојувам,едноставно ме кине глава дури и свеста ми се врти, зашто климата го цеди кислородот и неможеш да дишеш..(мое мислење)
Второ околу печкиве на екоспар, мислам дека се паметна инвестиција која ќе се врати за неколку години и притоа имаш миљон предности и погодности во однос на класичните камини..не ти треба дрва,па да сечеш дрва па да цепиш,па да складираш,па да чистиш и миљон други глупости ..
И на крај,секој кој се греел на дрва, без размислување би земал камин него да се грее на парно или струја, тој што не се греел незнае :wink:
Едит: Дали некој знае кое производство се екоспар,мислам која е земјата на потекло ??