кај еден од моите добавувачи на материјали (голем хангар) уште пред 4-5 месеци видов кога донесоа шлепери со пелети. вели дека не успеал ни 1% од увезеното да продаде. не сум сигурен баш за цената на една вреќа, баш ке прашам и ке пишам колку кила е една вреќа и колку кошта. иначе причината ја наведе истата и он, дека премногу скапо е да се инвестира во котел кој работи само на пелети. значи ке фркнеш едно чудо пари за котел кој треба да го подпалуваш... мислам, колку и да има електроники и слично, контроли ово оно, сепак се работи за нешто што гори, чури и треба да си му измекар на него, редовно да го чистиш пепелот (кој ке каже дека нема пепел од пелети, нека провери па нека тврди), понатака оџакот да го чистиш 2 до 3 пати во сезона и секоја година да кречиш-варосуваш во собата кај што е котелот... прескапа инвестиција, зашто котлите се прават премногу далеку од МК и цената им е огин. за таков котел нај скапо што можеби пазаров би издржал е 450-500 евра. па нели треба да биде поефтин и поекономичен од другите котли на дрва, јаглен и чуда.
плус котелот е котел а има и други попратни работи. како за сите така и за овој, ај да речеме од 1200 евра тој, нај ефтиниот. му треба уште околу 200-250 евра за пумпа, експанзија, вентили, чешмици и приклучоци. плус не заборавајте го и стотчето за мајсторот на крај. штета, стварно штета, зашто пелетите ослободуваат висока температура, по висока одколку обичен котел на пламен. всушност со пелети котелот треба да се знае како да се работи. прво и основно, треба да се направи акумулација на топла вода од 1 тон. значи покрај котелот треба и бојлер-казан од 1 тон вода минимум која понатака ке иде во радијатори, преку автоматски мешачки вентили заради константа на температура.
тој котел на пелети по правило не е за на радијаторска инсталација. зашто ке има нагли не контролирани скокови и падови на температурата на радиајторите и така ке нема квалитетно и правилно греење. значи да заокружиме дека вистинска црена за еден котел со пелети, ке треба да издвоите околу 2.500 евра минимум за да се добие вистинска инсталација.
ова вистинска цена му доага како змиго погоре што рече дека има клима за 9.000 денари, ама не напиша дека и монтажата на климата е уште 3.000+цевки ако нема дополнително уште некој денар или околу 1000-2000 денари.