Македонците се најпосакуван народ на Балканот

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Македонците се најпосакуван народ на Балканот

Сеад Ризвановиќ Коментари (4)
24.12.2009 19:28

Македонците се најпосакувани брачни партнери на Балканот, покажува резултатот на истражувањето направено во Србија, Бугарија и Македонија од страна на Центарот за социолошки истражувања од Ниш.
68 проценти од Србите би се ожениле или омажиле со Македонци, а 36 проценти од Бугарите за брачен партнер би посакале Македонец за разлика од 26 проценти кои би се земале со Срби. Социолозите имаат објаснување за овие податоци.
„Токму тој принцип на традиционализам што постои во однос на сфаќањето за бракот како значајна институција и семејството е позитивен и еден од аспектите зошто толку сме посакувани. Друг значаен фактор се и позитивните стереотипи коишто важат за Македонците како нација, како етничка група. Позитивни стереотипи во смисла дека сме навистина трпеливи, толерантни, добри брачни другари“, вели Татјана Стојановска, социолог
Според истражувањето, Македонците освен што се најпосакувани брачни партнери, тие се најтолерантен народ на Балканот. Баш поради тоа речиси 90 проценти Срби би сакале Македонец за пријател, за разлика од 77 проценти од граѓаните на Скопје кои би сакале Србин. Ги прашавме граѓаните што мислат за мешаните бракови.
„Немам проблем, а и да се работи за различна религија повторно немам проблем“.
„Вие младите не прашувате, меѓутоа ако се сакате немам проблем“.
„Не би имала ни против, бидејќи некои работи спонтано доаѓаат“, велат анкетираните граѓани.
За разлика од трите нации, Македонците се најтолерантни и во односите со Албанците. Само 8 проценти од Бугарите и 15 од Србите би земале во предвид брачниот другар да им е Албанец, додека 28 проценти од Македонците немале никаков проблем со тоа.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Во право се.Можеби третина од луѓето што ги знам се некоја мешавина на македонец/македонка со x националност.:toe:
И јас сум мешан :)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Македонците се најпосакуван народ на Балканот... веќе со векови :), нема кој не не сака! Истории менуваат само да не имаат! :)
 
Г

Господ

Гостин
Сите не сакаат али никој не не е*е.Ко сидосани да сме мајку му:nesum:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
А најпосакувани женски се Србинките :back:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
68 проценти од Србите би се ожениле или омажиле со Македонци, а 36 проценти од Бугарите за брачен партнер би посакале Македонец за разлика од 26 проценти кои би се земале со Срби.
Спрема болдираното ова мене на педерлак ми личи, да не сакат Србинките и Бугарките да се омажат за Македонец?:raz:

тогаш еве ви го изворот:
Еден пат води кон Србија а еден кон Бугарија :)

 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Спрема болдираното ова мене на педерлак ми личи, да не сакат Србинките и Бугарките да се омажат за Македонец?:raz:


Еден пат води кон Србија а еден кон Бугарија :)

хахахха не бе ваљда грешка има при постирањето....
он топик.. фала богу некој да не сака.. финтата е шо сите не сакаат ама никој не нема!!! значи недопирливи стануваме бре туууу мајку му..
Добро е бе.. глејте на позитивна страна увек.. барем нешо добро за нас...
 
Член од
27 април 2009
Мислења
177
Поени од реакции
22
И пак плукајте по Србите и викајте како само лошо ни мислат.А тие кутрите и дома би не прибрале:baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom