demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
Сеад Ризвановиќ Коментари (4)
Македонците се најпосакувани брачни партнери на Балканот, покажува резултатот на истражувањето направено во Србија, Бугарија и Македонија од страна на Центарот за социолошки истражувања од Ниш.
68 проценти од Србите би се ожениле или омажиле со Македонци, а 36 проценти од Бугарите за брачен партнер би посакале Македонец за разлика од 26 проценти кои би се земале со Срби. Социолозите имаат објаснување за овие податоци.
„Токму тој принцип на традиционализам што постои во однос на сфаќањето за бракот како значајна институција и семејството е позитивен и еден од аспектите зошто толку сме посакувани. Друг значаен фактор се и позитивните стереотипи коишто важат за Македонците како нација, како етничка група. Позитивни стереотипи во смисла дека сме навистина трпеливи, толерантни, добри брачни другари“, вели Татјана Стојановска, социолог
Според истражувањето, Македонците освен што се најпосакувани брачни партнери, тие се најтолерантен народ на Балканот. Баш поради тоа речиси 90 проценти Срби би сакале Македонец за пријател, за разлика од 77 проценти од граѓаните на Скопје кои би сакале Србин. Ги прашавме граѓаните што мислат за мешаните бракови.
„Немам проблем, а и да се работи за различна религија повторно немам проблем“.
„Вие младите не прашувате, меѓутоа ако се сакате немам проблем“.
„Не би имала ни против, бидејќи некои работи спонтано доаѓаат“, велат анкетираните граѓани.
За разлика од трите нации, Македонците се најтолерантни и во односите со Албанците. Само 8 проценти од Бугарите и 15 од Србите би земале во предвид брачниот другар да им е Албанец, додека 28 проценти од Македонците немале никаков проблем со тоа.