Воскреснатиот Исус и дванаесетмината апостоли

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го пак....:pos2:

Лет3, веќе доаѓам до одреден заклучок за твојата состојба, но од пристојност, а и да не ме караат, нема да го напишам јавно, разбираш...

А ако го добиеш одговорот и на ова твое прашање, сигурен сум во едно (проверено!): нема да го признаеш своето непознавање, ниту пред себе самиот (јавно на форумов-јок!), туку своето непознавање веднаш ќе го пренасочиш со поставување на уште едно (кој знае кое по ред...) небулозно прашање, кое ќе ти биде најблиску по тематика (ради убедливост, не?), и со тоа ќе се „покриеш„ и оправдаш самиот себе...

Така ли е или не е?

П.С. Јас не знам, туку пред се, верувам, а знаењето доаѓа преку верувањето.

Hehehe, Miki1, te opisaa kako konj na oranje!!

Bezbeli sea ke se zasramis i povleces!

Не исполнувам лични желби, разбираш...

Тоа што ме опишале како коњ, не ме „замара„, а пошто Христа Го убија, квалификацијата до мене како „коњ„ ми доаѓа како комплимент...
 
Dvanajse, lujdze, ne apostoli!
Od tija dvanajse,nekoi ne bil apostol, Matija, drugite bile apostolo so tapija, Matija uste ne bil!
Petar e Kifa, bez ogled na nebulozite na Miki1 i pogresniot prevod na mak onlajn biblijata!
Zdrebanjeto bilo izraz na bozjata volja. Eden vid bogopokazanie preku zdreb!

Kraj!

E toa vcera zaklucivme!
Кој со кого се договорил ?

Ако може Чорбаџија или било кој да не снабди со цитат кај што пишува дека биле 12 обични луѓе а не апостоли и од кај да знаеме дека не биле 12 рандом луѓе. Или може биле 11 апостоли у цивилка и Матеј. Ако си пишува Дванаесетмината тешко дека некои биле апостоли а некои не.

Еден убав цитат ќе ја реши дилемат што било и како било. Ај јас како неверник да не пастирам затоа што може ќе ја згрешам верзијата.
 
Секое рационално (световно) толкување на Писмото, раѓа куп прашања, кои ако се одговараат рационално, предизвикуваат лавина од нови прашања и така се формира еден бесконечн ланец на прашања и одговори, кои нема да дадат никаква конечна слика за случајот.

Оттаму е и потребата од точно толкување на Писмото. Барањето цитати „...за ова и за она...„ во форма која некому му одговара, не е позната во Писмото.
 
Еве го пак....:pos2:

Лет3, веќе доаѓам до одреден заклучок за твојата состојба, но од пристојност, а и да не ме караат, нема да го напишам јавно, разбираш...

А ако го добиеш одговорот и на ова твое прашање, сигурен сум во едно (проверено!): нема да го признаеш своето непознавање, ниту пред себе самиот (јавно на форумов-јок!), туку своето непознавање веднаш ќе го пренасочиш со поставување на уште едно (кој знае кое по ред...) небулозно прашање, кое ќе ти биде најблиску по тематика (ради убедливост, не?), и со тоа ќе се „покриеш„ и оправдаш самиот себе...

Така ли е или не е?

aууу значи затоа си го чуваш одговортот само за себе?!
за да не те прашаме нешто друго?А?

Види мики, ова едноставно прашање за кратко време предизвика интерес и дискусии и одговори и мислења од многу форумџии, без разлика дали ти ќе не удостоиш со твој одговор или не.
Прашањето си останува прашање се додека на него не се одговори издржано аргументирано и поткрепено со некаков доказ дека така било. Тоа ти што не ни даваш одговор и не казнуваш да живееме во незнаење не значи дека нема ние да си се прашуваме и понатаму:

Кој беше тој дванаесети апостол на кој Исус му се покажал кога воскреснал.
Знаеме дека биле 12 апостоли од кои еден (Јуда) се обесил пред исус да се покаже воскреснат така да останале еден период единаесет, исто знаеме дека откако Исус се вознесол на небесата (го напуштил овоземниот свет) апостолите со ждрепка го избрале Матеј за апостол и пак станале дванаесетмина
Кога Исус воскреснал и се покажал, према библијата требало да има 11 апостоли но ете Исус му се покажал на 12. Кој бепе тој 12и апостол на кој исус му се покажал??
 
Miki1 bil dvanajstio konj na oranje na ledinata pod Getsemane!

Redneck, imas citat od Corbadzi. A i ti Let 3. Daj ne go drvete vekje!

Aj druga tema! Garant i tamu ke ima sprdacini so Miki1!

Konj na oranje, hahahahaha. Odamna me nemaat taka slatko nasmeano!
 
Можеме да заклучиме дка не се знае кој е дванаесетиот апостол на кој Исус му се јави?

Ако е тоа крајниот резултат на дискусијата, нек се клаи клуч а јас да одберам нова тема ?
 
Уште еден интересен дел...Било која религија официјална, заедно со креационистичките учења, на никаков начин не се косат со еволуцијата или со било кое друго научно сознание.

Самите нивни концепти, апсолутно НЕМААТ точка на колизија.

Поинаку, еволуцијата не негира Бог/креатор.

Не? Зошто тогаш не се согласуваат? Контрастни се едни на други? Зошто има спротивставеност?

Види, ти веруваш у Сила и сл. ствари популаризирани од холивудски филм така да, да не почињаме околу ствари вредни за потсмев.

Ангели, Демони, Арката на Дедо Ное, создавање на луѓе од земја, создавање на жена од ребро на машко, Белобрадест старец кој го креаира Универзумот ..... бајки постари од 2000 години.

Како е ова подобро од The Force и џедајската филозофија? :tapp:

А, вадејќи го така од контекст моментот околу ждрепката, уште еднаш покажувате какви малициозни и лешинарски методи користите.

Јас мислам дека убаво објаснија, и не е надвор од контекст. Ако имало ждрепка.

Патем, јас сум искрен верник. И вашиот ефтин потсмев и игнорантност не ме жести, туку повеќе ми паѓа жал.

Жалењето е взаемно, благодарам.

Пак ќе речам, прочитајте нешто, па тврдите.
Вака е смешно да се дискутира (а, да не зборам за иронијата околу џедајството, алистер кроули и сл. други обиди за супститут на дивинитет)

Сте прочитале некоја научна книга? Мислам, онака, пред да зборите за еволуција и слични теми. Или Библијата е единствената книга?

-Довербата во самиот себе е мајката на сите заебанции...
(1)-Довербата во самот себе е недоверба во Единиот Бог...
(2)-Довербата во самот себе е најлесниот пат во неповратот...
(3)-Довербата во самиот себе е уште една (којзнае која по ред..) прилика за „одново„ толкување на Писмото...
(4)-Довербата во самиот себе е издигање на себе во гравитационен центар на Вселената...
(5)-Довербата во самиот себе е доволна причина за останување во неверие....
(6)-Довербата во самиот себе е осудување на самиот себе....

Хахаха! ОК, имало смешни постови до сега, но ова е навистина смешно. Вака:


1- Гледам имаш голема самодоверба дека со тоа што постираш вакви постови до некаде го докажуваш постоењето на Единиот Бог. Не е тоа знак за недоверба во твојот Бог? Како да не е доволно тоа дека ти веруваш во него, па сега мораме сите? Тоа е еден вид недоверба, извини. Разликата меѓу мене и тебе е следната: Јас докажувам од забава (не дека ми дошло да убедувам некого во нешто), а ти докажуваш од обврска кон твојот Бог (бидејќи мораш да го пропагираш/шириш словото Божјо).

2-
Довербата во себе прави да го постигнеш најтешките цели во животот. Не гледам како тоа е одење во ... неповрат? (О_о) ...

3-
Па прилично си самуеверен дека ти го толкуваш како што треба, не? Од каде знаеш дека правилно ја толкуваш Библијата? Самодоверба?

4-
Има разлика во тоа да имаш самодоверба, да си арогентен и attention whore. Да не збориме за гравитационен центар на вселената ... Тоа има своја дефиниција.

5- Нема потреба да верувам, имам потреба да знам. А тоа што си самоуверен дека знаеш се само затоа што си верник, е твоја заблуда. Не знам како тоа што имаш верба (во Бога) е подобро од самодоверба.

6- Ова не можам ни да го коментирам. Му фали објаснение кое постирачот не верувам дека може да пружи, без да ги збуни другите уште повеќе. Не знам ни како го сконтал ова заедно.

Игнорантноста ваша е гадна.
ГАДНА.

Плукате нешто за што врска немате.

Разбирам дека не сте верници, и не ве занима истото. Но ваков малициозен потсмев е гнасен. Особено пошто сте прости за тематикава.
Нека ви служи на чест село весело.

Исто кога ќе ми се насоберат верници и ќе земат да побиваат научни теории и факти. Нешто за кое врска немаат. И тие прости за тематиката на дискусија, па никој не им брани да дискутираат нели?

Ignorance is a bliss...

Така размислуваат припадниците на протестантските деноминации:

-вадиш цитат од овде...
-вадиш цитат од онде....
-првиот цитат го спојуваш со вториот...(не е битно што двата немаат врска едни со други, тоа никој нема да го „запримети„ не?)
-и оп! Па јас сум бил во право бе, ама овие другиве, поим немаат од ништо! Леле, колку сум паметен! Ето, сеа ќе си регистрирам свое друштво и ќе го наречам „црква„ (ради убедливост...) и тоа друштво ќе почне со интензивно толкување на Писмото....со толкување на веќе истолкуваното, „да боме и да паче„.

Аирлија работа.

Е па ништо од бизнисот....

А вака размислуваат религиозните/правите верници кога побиваат научни тези со помош на методот на:

-вадиш еден цитат од Библијата ....
-вадиш друг цитат од Библијата ....
-првиот цитат го спојуваш со другиот....(не е битно што двата најчесто немаат врска како прво едни со други а како второ, уште помалку со темата на дискусија нели? Тоа никој нема да го "запримети" не?)

-и оп! Па јас сум бил во право бе, ама овие другиве, поим немаат од ништо! Леле, колку сум паметен! Етe, сеа ќе си соберам истомисленици, ќе си регистрирам свое друштво и ќе го наречам "FTE" (Foundation for Thought and Ethics), и тоа друштво ќе започне со свое движење наречено Интелигентен Дизајн (ради убедливост...), каде со докажување на библиски приказни со помош на интензивно толкување на Писмото ... и зачинето со квази-научни објасненија ќе ја побиваме Теоријата за Еволуција и било која друга теорија на настанување!

Заебана работа зар не? Особено поради фактот дека ова се учи како наука во училишта кај одредени земји.

Ништо од Интелигенција кај Интелигентниот Дизајн ...
 
Не? Зошто тогаш не се согласуваат? Контрастни се едни на други? Зошто има спротивставеност?



Ангели, Демони, Арката на Дедо Ное, создавање на луѓе од земја, создавање на жена од ребро на машко, Белобрадест старец кој го креаира Универзумот ..... бајки постари од 2000 години.

Како е ова подобро од The Force и џедајската филозофија? :tapp:



Јас мислам дека убаво објаснија, и не е надвор од контекст. Ако имало ждрепка.



Жалењето е взаемно, благодарам.



Сте прочитале некоја научна книга? Мислам, онака, пред да зборите за еволуција и слични теми. Или Библијата е единствената книга?



Хахаха! ОК, имало смешни постови до сега, но ова е навистина смешно. Вака:


1- Гледам имаш голема самодоверба дека со тоа што постираш вакви постови до некаде го докажуваш постоењето на Единиот Бог. Не е тоа знак за недоверба во твојот Бог? Како да не е доволно тоа дека ти веруваш во него, па сега мораме сите? Тоа е еден вид недоверба, извини. Разликата меѓу мене и тебе е следната: Јас докажувам од забава (не дека ми дошло да убедувам некого во нешто), а ти докажуваш од обврска кон твојот Бог (бидејќи мораш да го пропагираш/шириш словото Божјо).

2-
Довербата во себе прави да го постигнеш најтешките цели во животот. Не гледам како тоа е одење во ... неповрат? (О_о) ...

3-
Па прилично си самуеверен дека ти го толкуваш како што треба, не? Од каде знаеш дека правилно ја толкуваш Библијата? Самодоверба?

4-
Има разлика во тоа да имаш самодоверба, да си арогентен и attention whore. Да не збориме за гравитационен центар на вселената ... Тоа има своја дефиниција.

5- Нема потреба да верувам, имам потреба да знам. А тоа што си самоуверен дека знаеш се само затоа што си верник, е твоја заблуда. Не знам како тоа што имаш верба (во Бога) е подобро од самодоверба.

6- Ова не можам ни да го коментирам. Му фали објаснение кое постирачот не верувам дека може да пружи, без да ги збуни другите уште повеќе. Не знам ни како го сконтал ова заедно.



Исто кога ќе ми се насоберат верници и ќе земат да побиваат научни теории и факти. Нешто за кое врска немаат. И тие прости за тематиката на дискусија, па никој не им брани да дискутираат нели?

Ignorance is a bliss...



А вака размислуваат религиозните/правите верници кога побиваат научни тези со помош на методот на:

-вадиш еден цитат од Библијата ....
-вадиш друг цитат од Библијата ....
-првиот цитат го спојуваш со другиот....(не е битно што двата најчесто немаат врска како прво едни со други а како второ, уште помалку со темата на дискусија нели? Тоа никој нема да го "запримети" не?)

-и оп! Па јас сум бил во право бе, ама овие другиве, поим немаат од ништо! Леле, колку сум паметен! Етe, сеа ќе си соберам истомисленици, ќе си регистрирам свое друштво и ќе го наречам "FTE" (Foundation for Thought and Ethics), и тоа друштво ќе започне со свое движење наречено Интелигентен Дизајн (ради убедливост...), каде со докажување на библиски приказни со помош на интензивно толкување на Писмото ... и зачинето со квази-научни објасненија ќе ја побиваме Теоријата за Еволуција и било која друга теорија на настанување!

Заебана работа зар не? Особено поради фактот дека ова се учи како наука во училишта кај одредени земји.

Ништо од Интелигенција кај Интелигентниот Дизајн ...
19 години и 3 постови, а веќе "бриљираш"!

Дете, прво научи да дискутираш без ад хоминем напади (за истите, патем, се сносат и последици на форумов, во форма на дисциплински мерки), после прочитај некој мој пост, па тек тогаш влечи заклучоци за мојата интелектуална подобност.
Твојата инаку ја илустрираше одлично за почеток.

И да, еволуционизмот и креационизмот не се спортиставени концепти (знаеш шо значат зборовиве?) , ниту некако еволуцијата може да го побие креационизмот, дивинитетот..
КОНЦЕПТИ БЕЗ ТОЧКА НА КОЛИЗИЈА

Никаков контраст и спортиставеност де факто не постои. Таквиот вештачки анатагонизам е пропаганда пред се.

А, за да тврдиш поинаку, повели илустрирај конкретно, коцизно и со директни референци, каде таа спортиставеност де факто се појавува.

Ignorance is a bliss, така?

Ај, доста ти беше.


И да, пак ќе ти речам, употреби уште некој ад хоминем напад, односно прекрши форумско правило, па имај во предвид дека и соодветни мерки ќе бидат превземени.

П.С
Штотуку демонстрираше плејада од предрасуди, игнорантност и небулози.
И збориш за нечија неукост или ограниченост?
Огледало имаш?
 
И да, еволуционизмот и креационизмот не се спортиставени концепти (знаеш шо значат зборовиве?)

Еволуционизмот вели дека Земјата е стара неколку милијарди години, целиот живот на земјата еволуирал дури и човекот,ама не од мајмун :O Сето ова траело многу време.

Креационизмот вели дека се што знаеме постои околу 6 илјади години, човекот е неколку дена помлад од планетата и се било создадено за 6 дена што не е долго време.

Како не се спротиставени концепти ? Еволуција =/= надприродно дизајнирање, креирање.
 
П.С
Штотуку демонстрираше плејада од предрасуди, игнорантност и небулози.
И збориш за нечија неукост или ограниченост?
Огледало имаш?

Болдот важи и за тебе :toe:
 
Еволуционизмот вели дека Земјата е стара неколку милијарди години, целиот живот на земјата еволуирал дури и човекот,ама не од мајмун :O Сето ова траело многу време.

Креационизмот вели дека се што знаеме постои околу 6 илјади години, човекот е неколку дена помлад од планетата и се било создадено за 6 дена што не е долго време.

Како не се спротиставени концепти ? Еволуција =/= надприродно дизајнирање, креирање.
Прво, креационизмот не се врзува секогаш со религија, односно тој е всушност филозофско гледиште апстрахирано од официјалните религии, па делот со 6000 години не важи за истиот.

Второ, за староста на се што знаеме, односно планетата земја, нема никаква конкретна бројка во Библијата. Тоа со 6000/8000 години се претпоставки калкулирани од свештеници во среден век и сл. (не ти велам да ја отвораш Библијата, доволно е да прогуглаш). Значи повторувам, никакви 6000/8000 годни во Библијата.

Трето, еволуцијата/дарвинизмот и сл. даваат одговор за настанокот/развојот на видовите, но не и за настанокот на самиот живот (експериментот кој ја симулираше пра-барата и даде некои резултати, подоцна беше прогласен за невалиден).
Значи, затоа што на тоа прашање не дава одговор, а презенитира факти околу развојот/механизмите за опстанок/селекцијата и сл. на видовите, тоа го земаме ко сфера на интерес/делување и истото апсолутно никако не се коси со ништо во Библијата (дали клунот на врабецот се смалува/зголемува пропорционално со достапноста на храна, не е релевантно за Библија)

Четврто, мислам дека веќе споменав како гледав документарец вчера, по повод 200 години од смртта на Дарвин, каде научници тврдат дека погрешил што се однесува до спората промена, односно набљудувањата кои тој објективно не бил во можност да ги направи, а на современите научници им се достапни, кои докажуваат дека промените/модификациите и сл. се случуваат со многу, многу побрзо темпо од што тој претпоставил.
А, и да не е така, односно да стои она дека пормените биле исклучително спори, пак тоа никако не побива/негира/доаѓа во кофликт или е релевантно за било што во Библијата/религијата во целина.

Петто, како што голем дел од нештата напишани во Библијата се во форма на метафори/алегории/параболи/симболизам, така и 6-те дена можат да се тумачат, па да бидат 6 милијарди/милиони/whatever години.

Болдот важи и за тебе :toe:
Orly
 
Петто, како што голем дел од нештата напишани во Библијата се во форма на метафори/алегории/параболи/симболизам, така и 6-те дена можат да се тумачат, па да бидат 6 милијарди/милиони/whatever години.

Му блазесувам на застапниците на религиското учење за настанокот на светот и животот. Кога и да пригусти можат да се извадат на метафора, парабола, алегорија... и од црно да направат бело.
Овде на ова теа веже видовме дека “дванаесетмината“ на кој му се покажал Исус не мора да се апосстолите, можат да се било што друго, може да се монтери на вајрлес мрежи или дванаесет германци или дванаесет фараони, дури и Кифа за која Исус вели дека е петар стана непозната особа, со недокажан идентитет, сабота не мора да значи сабота, може и недела, а исус кога же каже јасно и пецизно да не се менуваат и укинуваат старозаветните закони и заповеди - тоа значело обратно дека всушност се менуваат.
Штом се дојде до незгона точка рецептата е јасна “негирај се и вади се на парабола“
Црквата која со векови ја негирала и и се потсмевала на еволуцијата, сега страмежливо најавува и потура идеи дека тоа и не е толку различно од нејзините учења, па можеби во инина ќе тврдат дка тие (црквата) и ја втемелила теоијата на еволуција дека е тоа нејзина заслуга! Сепак науката и сознанијата навлегоа во секој дом, не е повеќе ммонопол на црквата знаењето и писменоста и не нејзина одлука што ќе се допушти да се знае а што ќе се забрани и спали.
Можеби еден ден ќе имаме и црква на свети Дарвин?
 
Црква како институција, среден век, бла,бла...веќе истрошена приказна.

Навистина не знам дали не можете поинаку освен сегментирано и во крути рамки на предрасуда да обсервирате, или намерно го правите тоа.

Како и да е, по не знам кој пат ќе повторам...Монополот и тиранијата на иснтитуцијата црква драстично се косат со суштината на христијанството и се што истото претставува.
Науката и нејзините сознанија пак, на НИКАКОВ начин не се косат со Библијата/религијата итн.

(упорно нејќете да го сфатите концептот кој христијанството го подразбира, односно дека се доаѓа од Бога, па така и науката, и еволуцијата, и природните закони и сили...се е тоа една сеопфатна целина...значи, далеку од тоа дека ви велам да верувате во истото...единствено кажувам дека за дискусија која може да има барем малку смисла, и која се темели на некои принципи за филозофско тумачење/критика, мора да го имате тоа во предвид...без тоа, уште во старт се случува мискомуникација)
 
Секое рационално (световно) толкување на Писмото, раѓа куп прашања, кои ако се одговараат рационално, предизвикуваат лавина од нови прашања и така се формира еден бесконечн ланец на прашања и одговори, кои нема да дадат никаква конечна слика за случајот.

Оттаму е и потребата од точно толкување на Писмото. Барањето цитати „...за ова и за она...„ во форма која некому му одговара, не е позната во Писмото.

Значи ти ни препорачуваш, да го прифатиме твоето интерпретирање, толкување и застапување на теории во врска со Христијансвото и писмото кое е бескаен авторитет.

Едно прашање до тебе, и до останатите апологети. Ме интересира оти при унифицирање и "собирање" на Библијата, оти никаде не се пронашло место за првите интерпретации на Јаков (кого вие православците го нарекувате брат Господов). А дека постои такво нешто до ден денешен, постои и тоа во Ерусалим ми се чини. Прочитав неколку фрагменти, и ме запрепасти тоа што го прочитав од тое здание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom