ATP World Tour Finals - London 2009

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Што е работава си даваат серии некој да не има информација дали ќе има денеска тенис?
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Ќе има бе, канал 5/ канал 5+/ наша тв/ еуроспорт, мора да има на некоја од овие.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.887
1:0 за Содерлинг :icon_cool

Браво за Содерлинг :)..Пак успеа да победи со Надал
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Што се случува со Рафа бе, ќе ми објасни некој ?
Не е тој што беше пред повредата.
Во секој случај играше добро денес, и покрај поразот, во споредба со почетокот во Париз играше и одлично. Оваа е најпроблематична подлога за него, да играше како во најдобрите денови ќе имаше проблеми со одлично расположениот Содерлинг.

Беше прилично изедначено, одлучија грешките на Надал во клучните моменти, пад на концентрација и неколку неизнудени грешки во најлош момент.
Во последниот гејм од првиот сет, Содерлинг имаше и мала помош од линиски судија кој погрешно процени аут на сервис и Надал не побара hawk eye.

Во вториот сет Надал имаше неколку шанси за брејк, ама Содерлинг успеа да се извлече.
Во последниот гејм Надал направи неколку неизнудени грешки и тоа се покажа клучно за да победи Содерлинг.

Содерлинг игра одлично, многу длабоки удари и на форхенд и на бекхенд, ќе им прави големи проблеми и на останатите во групата.

Надал сеуште има шанси, не играше толку лошо, денешната негова игра дава надеж, ама може лесно да заврши и без ниедна победа, знаејќи ги последните дуели со Ѓоковиќ и Давиденко.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Помина многу време од повредата, и уште неможе да ја врати формата тоа ме загрижува :S
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Ќе изгуби Надал од Ноле 6-0 6-0? :tv:
Бре, бре :) претера .. Гледај обратно да не е :)


Инаку оваа подлога на Надал не му одговара како што кажа некој член над мене, и + повредата не му оди баш најдобро. Сепак имам надеж уште немам време да ги гледам, ете сега само го пратам Џоковиќ посеизгледа ке изгуби :))

Инаку кога ја игре Надал следнава, и со кого ?
 
Ф

Фил Ајви

Гостин


:tv:


Инаку кога ја игре Надал следнава, и со кого ?
Би требало со Давиденко во среда, а за термин ќе видиме утре.
Ајде Ноле смирено во трет сет. Многу ризикува со удари кон линијата ама само така ќе му се исплати против русот, со агресивна игра.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ех што ми е жал за овој Давиденко . Симпатичен е дечкото, игра стално до крај, се бори , не се предава , али никако да победи некого од фаворитите . Изиграа егал меч со Ноле, а он го доби првиот сет доста убедливо . Гемовите долго траеа, не толку квалитетен тенис колку напнатост заради императивот за победа во првото коло .

Ноле добро тргна у одбрана на тронот, а во прилог му одат и другите резултати .
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Честитки за Новак Џоковиќ кој покрај загубениот прв сет, успеа да се врати во игра и победи во првото коло со Давиденко... долг меч со долги поени, премногу грешки од двајцата, а помалку убави поени, нервоза во одредени моменти кај двајцата тенисери... :toe:

Ако Надал загуби уште еден меч, тоа ќе значи крај на овој турнир за него... а Џоковиќ доколку го освои турнирот, тогаш Џоковиќ ја завршува сезоната 2008/09 како второпласиран на АТП Листата, за прв пат во неговата кариера :vozbud:

Следни натпревари од оваа група за два дена:

Џоковиќ (3) - Содерлинг (8)
Надал (2) - Давиденко (6)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom