Oscars 2010

Кој од следниве филмови ќе го добие Оскарот за најдобар филм?

  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
epten ste zapnale Avatar pa Avatar...filmot si e top,skoro cel svet go ima gledano,a sea nekoi so zborat bezveze za nego nivna rabota,a sigurno i oni go imaat gledano..voopsto ne e bitno dali dobil najveke oscari ili ne,bitno on si postigna najgolema slava ovaa godina iako ne gi dobi site oscari,da bese tolku dobar The Hurt Locker ke zborea site za nego,do vcera nikoj ne ni znaese deka postoi ovoj film a sega naednas najdobar stana..i samata anketa pokazuva deka e najdobar..Avatar 87 52.73%..
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Аватар е одличен филм за гледање, но факт е дека е далеку од оригинална приказна така што ништо чудно што не освои ниеден од главните оскари.

Hurt Locker го гледав денес и филмот ми беше интересен за гледање, но да не беше во прашање пропаганда не верувам дека ќе ги добиеше оскарите.

Другиве што беа номинирани сеуште не сум ги гледал па не можам да коментирам.

Како и да е, факт е дека вкусот на публиката ретко се совпаѓа со Академијата, така што не се чудам многу на нивните одлуки. И на музичките фестивали, жирито речиси секогаш гласа далеку поразлично од публиката.
На пример во 1977 се појави првиот дел од Star Wars еден од филмовите кој стана најпрофитабилен, но и еден од најпознатите серијали, но оскарите за филм и режисер отидоа кај Вуди Ален за филмот Ени Хол со Дајан Китон.

едит. Заборавив и да го спомнам Сталоне кој има 20 малини добиено, па филмовите му се горе доле 80% успешни и гледани и си се прослави, па му е гајле:)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Не знам зошто толку сте му се нафрлиле на The Hurt Locker. Ширел пропаганда. Ко пола од америчките филмови да не ја прават истата. Ако сме сакале да гледаме америчка филмска индустрија нормално дека тоа е очигледно. И Оскарите се доделени само за амерички филмови, од кои само една номинација е за филмовите од странско говорно подрачје. Ако не сакате да ви го перат мозокот со такви пропаганди гледајте нешто европско, азиско кино. Во повеќе од пола од америчките филмови директно или индиректно се споменува Америка, директно или индиректно е поставено америчкото знаме без разлика дали на зградата во позадина или насловот на филмот го содржи зборот Америка.
The Hurt Locker е пропаганда, да, ама ако се отфрли тоа и го гледаме филмот како филм е одличен. Заслужено зеде дел од оскарите, зошто да не? Добра воена драма беше, подобра од половина од филмовите кои беа номинирани за најдобар филм.
Некој ќе рече филмот е само за еден лудак кој деактивира бомби. Истото може да се каже за било кој филм. Некои лудаци убиваат нацисти, некои луди богаташи собираат црнци од на улица, некој лудак низ цел филм патува со авион, некој лудак итн итн...
Тоа е поентата, све се лудаци и си добиваат оскари. А оние најдобрите филмови секогаш се во сенка.
И стопати ќе речам, еве го најдобриот филм за минатата година. Колку е рекламиран? Ич. Колку луѓе го гледале? Многу малку.
А додека очекувате навистина најдобриот филм да земе оскар за најдобар филм, секогаш ќе бидете разочарани.
Сума сумарум, јас сум задоволен со победниците.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
И Inglorious Basterds е пропаганда, није могуче женско да га уби Хитлер и да ја заврши војната.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485

Знаеш веќе дека не се согласувам :pos:

Не е добра драма, едвај личи на филм. Некој тип се шета и деактивира бомби. Каде е приказната? Каде се карактерите? Што е со сите оние мачно долги сцени, како таа со пресметката во пустината. Мислев дека 3 дена трае, како реалити шоу да гледам...

Не е привлечен филм и воопшто нема никаква порака во него и никакво значење за нас обичните гледачи. Единствена порака што ја носи е дека имаат храбри ем обучени војници спремни да загинат за нивната земја (јбт, на другата страна од светот). Гола пропаганда.

Во право си, секој филм е своевидна пропаганда, но овие воените од последниве војни се рамни на оние на Чак Норис од 80-тите. Чак Норис не добиваше оскари...

Настрана тоа што го победи Аватар во елементи како Звук (да видам не верувам), ама номинацијата за најдобра машка улога посебно ми боде очи. Од кога почнаа да номинираат луѓе што се шетаат таму-ваму за оскари? И зошто номинираните за Оскар за најдобра и споредна машка или женска улога мора да бидат баш од тие филмови кои се борат за многу оскари. Подобра беше Sandra Bullocк од Rachel Weisz во Agora? Или Jeremy Renner од Tobey Maguire во Brothers? Не само што не беа подобри, туку беа две - три лиги подолу. Ќе има вкупно 5 актери кои ќе ја надминат глумата на Edward Norton во Leaves of Grass оваа година? Нема, во живот се кладам. Ќе добие Norton номинација? И тоа нема да биде...

Туку, едно треба да сватиме: нивно шоу, нивна работа. Нема што да се лутиме што тие си ги пропагираат нивните „вредности“. Само не мора да ги прифатиме. Нека направат нешто добро ќе им прогледаме низ прсти. Пошто, ебате оскарите кои ќе бидат запамтени по скеч за Paranormal Activity...
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Каква конкуренција оваа година, од многу "одлични" филмови што имаше ја проширија категоријата најдобар филм од 5 на 10, а само 2-3 заслужуваа, но беше ставено се и сешто, уште 2012 фалеше за комплетна да биде листата...факт е дека Холивуд е веќе подолго време во креативна криза, ги нема веќе филмовите како Schindler's List, Forrest Gump, American Beauty, The Silence of the Lambs и еден од моите омилени филмови Contact...последниве години имаме филмови како The Curious Case of Benjamin Button, Juno, Slumdog Millionaire, The Hurt Locker, Avatar, An Education кои се просечни и немаат некоја којзнае каква приказнаили нешто што отскокнува, интересни за гледање и толку. Сега Аватар што е визуелно совршен е друга работа, си има категории за тоа, но во никој случај не требаше да биде номиниран за најдобар филм и тоа колку заработил, па сите го гледале бла, бла, бла не значи дека треба да земе и Оскар, а за The Hurt Locker читам коментари како: го гледав, не ми беше нешто посебно, ама сега откако зеде Оскар пак ќе го гледам, изгледа имало нешто??? Ако имало нешто ќе го видевте и пред Оскарот, не е потребно 10 - пати да се гледа филмот за да се види тоа нештото, ама подобро The Hurt Locker отколку Аватар кој со цело тоа форсирање уште од почеток ми стана одбивен.
p.s. Браво за Сандра, но ми е жал за Мерил Стрип, следната година мора Мерил да земе.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Некаде 2011/12 продолжението на Аватар ќе земе оскари, многу . Исто како и ЛоТР.
А секако ќе има продолжение, се остави место во приказната, а и не се блесави да не ни ги земат парите кога светот е напален на племенското „дрво на живот“ или нивните гнасни ораганизми.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Аватар е тип на филм кој се прави за пари, не му се потребни оскари. 500 милиони ми се загарантирани на вториот дел само по инерција: повеќето кои го гледаа првиот ќе сакаат да гледаат и продолжение.

После ќе кукаат ама нема везе, биќе пара :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
И Inglorious Basterds е пропаганда, није могуче женско да га уби Хитлер и да ја заврши војната.
Не бе, не е Тарантино тип да се замара за USA патриотизам и слични ср...ња. Целиот филм сметам дека е наменет за чиста забава и ништо друго.

Збрки, крв, пукање, хумор и фашизам :)

Коментар што прочитав - Cristoph Waltz - creepy and hilarious :tv:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
The hurt locker е ужасен филм. Досаден е да го гледаш, а камоли да добие куп статуетки. Главниот лик е тип како Рамбо кој не е** жива сила не слуша наредби е го спасува напатениот ирачки народ. Нон сенс. Чиста американска пропаганда. Не дека не е тоа лошо ОК е американците такви филмови да снимаат и сакаат но глупо е кога жнее оскари. Според мене филмот за "копилињата" е далеку подобар, од сите аспекти. Hurt locker нема приказна, нема некоја јака глума, не е нова идеја, личи на документарец а е скроз нереален, тоа го потврдуваат луѓе кои се ветерани од Ирак. За Џорџ Клуни не ми е жал има Оскар редно беше Џеф да земи, за Мерил Стрип ич, има милион оскари, иако Сaндра не е толку добра актерка. Cristoph Waltz - единствен заслужен оскар што се однесува до "видливите" работи, за техничките дисциплини не можиме да оцениме.
 
Кантона ис Бек

Mиљонерче
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.385
Поени од реакции
905
Аватар е тип на филм кој се прави за пари, не му се потребни оскари. 500 милиони ми се загарантирани на вториот дел само по инерција: повеќето кои го гледаа првиот ќе сакаат да гледаат и продолжение.

После ќе кукаат ама нема везе, биќе пара :)
Потполно се согласувам со тебе:smir:
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
The hurt locker е ужасен филм. Досаден е да го гледаш, а камоли да добие куп статуетки. Главниот лик е тип како Рамбо кој не е** жива сила не слуша наредби е го спасува напатениот ирачки народ. Нон сенс. Чиста американска пропаганда. Не дека не е тоа лошо ОК е американците такви филмови да снимаат и сакаат но глупо е кога жнее оскари. Според мене филмот за "копилињата" е далеку подобар, од сите аспекти. Hurt locker нема приказна, нема некоја јака глума, не е нова идеја, личи на документарец а е скроз нереален, тоа го потврдуваат луѓе кои се ветерани од Ирак. За Џорџ Клуни не ми е жал има Оскар редно беше Џеф да земи, за Мерил Стрип ич, има милион оскари, иако Сaндра не е толку добра актерка. Cristoph Waltz - единствен заслужен оскар што се однесува до "видливите" работи, за техничките дисциплини не можиме да оцениме.
Се согласувам за филмот, но не и за Мерил. Иако има 16 номинации доби само два оскари, и тоа далечните 1979 и 1983 година, а најдобрите улоги и се после 1990год.

Јас завршив со гледањето оскари, додека не и дадат оскар на Мерил :back:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
БРИЏИС VS. КЛУНИ: ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ

Двајцата беа номинирани за Оскар за најдобра машка улога, двајцата дојдоа поприлично смирено, како да се таму чисто заради забава и за по некоја пијачка. До крајот на вечерта, на едниот му се расипа филмот.

Бриџис се обидува да глуми скромност

Клуни го прави "како и да е" потегот

Бриџис навистина се мачи да не почне да се смее манијакално

Клуни: "У реду е Џеф, ќе се качиш ли веќе еднаш на сцена."

Бриџис: "Закон! Како ти изгледа ова од таму?"

Клуни: "Аха, само што изгубив од Лебовски"

од on.net
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.169
Поени од реакции
46.330
Сега сватив зашто Похахонтас на Камерун доживеа дебакл на оскариве. :tv:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom