RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Некој од инат:pos2:Avatar на анкетава имаше 79 гласови.
Оскарите завршија вчера, кој уште гласил толку?
Некој од инат:pos2:Avatar на анкетава имаше 79 гласови.
Оскарите завршија вчера, кој уште гласил толку?
Знаеш веќе дека не се согласувамНе знам зошто толку сте му се нафрлиле на The Hurt Locker. Ширел пропаганда. Ко пола од америчките филмови да не ја прават истата. Ако сме сакале да гледаме америчка филмска индустрија нормално дека тоа е очигледно. И Оскарите се доделени само за амерички филмови, од кои само една номинација е за филмовите од странско говорно подрачје. Ако не сакате да ви го перат мозокот со такви пропаганди гледајте нешто европско, азиско кино. Во повеќе од пола од америчките филмови директно или индиректно се споменува Америка, директно или индиректно е поставено америчкото знаме без разлика дали на зградата во позадина или насловот на филмот го содржи зборот Америка.
The Hurt Locker е пропаганда, да, ама ако се отфрли тоа и го гледаме филмот како филм е одличен. Заслужено зеде дел од оскарите, зошто да не? Добра воена драма беше, подобра од половина од филмовите кои беа номинирани за најдобар филм.
Некој ќе рече филмот е само за еден лудак кој деактивира бомби. Истото може да се каже за било кој филм. Некои лудаци убиваат нацисти, некои луди богаташи собираат црнци од на улица, некој лудак низ цел филм патува со авион, некој лудак итн итн...
Тоа е поентата, све се лудаци и си добиваат оскари. А оние најдобрите филмови секогаш се во сенка.
И стопати ќе речам, еве го најдобриот филм за минатата година. Колку е рекламиран? Ич. Колку луѓе го гледале? Многу малку.
А додека очекувате навистина најдобриот филм да земе оскар за најдобар филм, секогаш ќе бидете разочарани.
Сума сумарум, јас сум задоволен со победниците.
Не бе, не е Тарантино тип да се замара за USA патриотизам и слични ср...ња. Целиот филм сметам дека е наменет за чиста забава и ништо друго.И Inglorious Basterds е пропаганда, није могуче женско да га уби Хитлер и да ја заврши војната.
Потполно се согласувам со тебе:smir:Аватар е тип на филм кој се прави за пари, не му се потребни оскари. 500 милиони ми се загарантирани на вториот дел само по инерција: повеќето кои го гледаа првиот ќе сакаат да гледаат и продолжение.
После ќе кукаат ама нема везе, биќе пара
Се согласувам за филмот, но не и за Мерил. Иако има 16 номинации доби само два оскари, и тоа далечните 1979 и 1983 година, а најдобрите улоги и се после 1990год.The hurt locker е ужасен филм. Досаден е да го гледаш, а камоли да добие куп статуетки. Главниот лик е тип како Рамбо кој не е** жива сила не слуша наредби е го спасува напатениот ирачки народ. Нон сенс. Чиста американска пропаганда. Не дека не е тоа лошо ОК е американците такви филмови да снимаат и сакаат но глупо е кога жнее оскари. Според мене филмот за "копилињата" е далеку подобар, од сите аспекти. Hurt locker нема приказна, нема некоја јака глума, не е нова идеја, личи на документарец а е скроз нереален, тоа го потврдуваат луѓе кои се ветерани од Ирак. За Џорџ Клуни не ми е жал има Оскар редно беше Џеф да земи, за Мерил Стрип ич, има милион оскари, иако Сaндра не е толку добра актерка. Cristoph Waltz - единствен заслужен оскар што се однесува до "видливите" работи, за техничките дисциплини не можиме да оцениме.