Ја претепал класната, оти требало да повторува

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Ја претепал класната, оти требало да повторува

Тежок инцидент се случи завчераутро во скопското Ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево. Осумнаесетгодишен ученик ја претепал својата класна раководителка, незадоволен што ќе мора да ја повторува годината. Професорката се здобила со тешки повреди, момчето побегна, но по еднодневно бегство, вчера беше пронајдено. Од училиштето наведуваат дека станува збор за проблематичен ученик, кој и порано предизвикувал инциденти. Полицијата поднесе пријава против ученикот, а училишниот совет одлучи да не му дозволи упис во претстојната школска година.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во средата, околу 10 часот, кога А.А. (18) влегол во училиштето и во кабинетот за професори ја побарал својата класна раководителка. Штом 47-годишната професорка излегла надвор за да зборува со него, 18-годишното момче и' удрил неколку тупаници во главата. Откако ја натепал професорката, момчето побегнало.

„Сите сме шокирани од инцидентот“, вели Елизабета Ангеловска, директорка на „Браќа Миладиновци“. Ангеловска објаснува дека станува збор за проблематичен ученик, кој веќе ја повторувал првата година од средното образование. Проблемот настанал кога годинава требало да ја повторува и втора година.

„Уште во јуни му беше соопштено дека поради седум-осум слаби оценки, ќе мора повторно да запише втора година. Завчера дојде во училиштето и ја нападна класната раководителка, која воопшто не му предава, обвинувајќи ја дека не сторила ништо да му помогне, односно да не ја повторува годината“, раскажува директорката.

Натепаната професорка се здобила со фрактура на носот, на заб, како и со потрес на мозок. Полицијата по еднодневна потрага, вчера го пронајде момчето и против него поднесе прекршочна пријава.

Од Ветеринарното училиште велат дека на А.А. нема да му биде дозволен упис во наредната школска година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B265BE125A311048B8BDB7F9FDDBAFB2
 
епа конечно некој тоа “ако ме бутне ќе ја претепам’’ го претвори во реалност :)
 
Треба да се укине средно школо како задолжително, не секој е за во школо. Иако одсекогаш постојат професори кои заслужуваат ќотек.
 
Пејо... не си учел во Коце, нели? :pos:
Забегувам оф топик... али добра прича е... Кој е од Коце, сигурно го знае Бошко, географија што предаваше.

Една година, тројца му се намерачија да го тепаат, затоа што на молењето да им пише двојки, пошто иначе ќе паднат година, он им рече “Епа, ај честито“ :pos:
Му се с`снаа.. и он им вика, што ќе се резилиме тука пред народ, дојдете во кабинет кај мене, ќе го решиме проблемот. Дечките, убедени дека го преплашиле професорот, идат горди накај кабинет.. влагаат они, влага Бошко после нив, заклучува кабинет и вика “Ајјде сега, мајчини*, да ве видам... “

Иначе, Бошко, во младоста, бил боксер ;)

* мајчини - копирајт Бошко.
 
lele каква храброст треба да собереш за бокс да и удриш на класната :uvo:
 
подршка до батето какви суртуци ги врват кај мене па оти и овај да не го поминат
 
ne e sekoj za naskolo, nekoj treba vo popravitelen dom da odi
 
Невоспитан. Тиква.
Во принцип, за да паднеш година, кај мене во школо конкретно (СУГС Георги Димитров), требаше да го достигнеш неможното, односно да си крајно несериозен и незаинтересиран, да не се појавуваш во школо и кога ќе те предупредат и понатаму да си свиркаш. Во ова школо, не знам какво било нивото на строгост, ама се сомневам дека не си заслужил бркање момаков.
 
Море за на медицина ти требат бодови, значи над 50, бил добар ученик, толку ли нафурал, па со -1 да поминувал...
инаку секоја чест :smir:
 
imam drugar sto i udril boks na profesrka vo ugostitelsko zasto go butnala godina toa se desilo pred 10 god
 
браво, само така. Има многу професори што го заслужуваат истото. Незнам конкретно за случајов колку ученикот бил во право, ама лично знам многу примери каде професорите ја злоупотребиле својата надлежност
 
Ајмо, ојме нашкола за да се тепаме. Никој не му е крив шо ја паднал годината. Еден професор, еве двајца да биле терсене и намерно да го паднале. Ама шо останвит со другите професори? 7 професори намерно го паднаја? За да мавниш професор,требит да си стварно нетокму. Јас би му забранила било каде да се запишит, не ни заслужвит да завршит средно. Токмак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom