Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Па зошто тогаш е задолжително средното обрзование? тоа не е фер ниту е демократски, некој можеби ете не сака да учи а да го пагаат секоја година па од четири осум години да ги изоди не е мала работа.. а професориве понекогаш си бараат ете така чотек малку макар што не требало толку силно да мава сепак е жена.. ама колку сака нека има ниски оценки па прва ја повторувал малку ли е тоа? како тешко да им било да му напишат по една скапана двојка ,ајде седи и професориве се станати садисти ...
А зошто да му пише двојка молим ти се ја, ако имал 4 кеца, се однесувал невоспитано и недолично? Има деца кои се мачат за двојка, ќе поднаучат нешто барем и ќе одговараат. А ваквите мамлази кои се посочени во првиот пост се обично недоквакани кретени кои цела година си играат курташак, немаат основна почит кон ништо и после сакаат двојка. Па и јас да сум професор не би стаила двојка на таквите. Двојка, како и секоја друга оцена се ЗАСЛУЖУВА, не се поклонува. Нема врска тоа со садизам и гњавење на учениците. И, обично само на добрите професори им се с'снуваат, јас немам слушнато некој строг, авторитетен или лош професор што стварно ги измачува децата да биде удрен или натепан. Пошто таквите мамлази обично им се силат на послабите.
Не знам зошто само професорите се критикуваат, кога и децата се збеснати и имаат изгубено СЕКАКВА вредност, смисол за морал и почитување.