Ја претепал класната, оти требало да повторува

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
браво, само така. Има многу професори што го заслужуваат истото. Незнам конкретно за случајов колку ученикот бил во право, ама лично знам многу примери каде професорите ја злоупотребиле својата надлежност

Па никој не ја злоупотребува својата надлежност.
Фино лепо момакот си ги наредил 7-8 кеца и сега сака помош од класната да му ги поправи. Уопште не е крива.:toe:
Инаку незнам кој е типот лошо ќе си помине уште и полнолетен е. . .
 
Море за на медицина ти требат бодови, значи над 50, бил добар ученик, толку ли нафурал, па со -1 да поминувал...
инаку секоја чест :smir:
Во случај да не прочита, ова се случило во Ветеринарното школо во Драчево, каде што минимум потребни бодови мислам дека беа околу 35 (што е и пониско од гимназија). Иначе тоа школо е познато по таквите "селски" фаци, па не е ни чудно што се десило ова (иако реално гледано за да претепаш професор треба да имаш ретардирано семејство што не те воспитало доволно).
 
Во случај да не прочита, ова се случило во Ветеринарното школо во Драчево, каде што минимум потребни бодови мислам дека беа околу 35 (што е и пониско од гимназија). Иначе тоа школо е познато по таквите "селски" фаци, па не е ни чудно што се десило ова (иако реално гледано за да претепаш професор треба да имаш ретардирано семејство што не те воспитало доволно).[/quote]
баш напротив,го знам дечково лично,не дека мн сум се дружел со него у последно време,али татко му е ептен строг,лани кога падна година цело лето дали 3-4 пати го видовме и тоа пред крај на распустот,пред да тргнеме у школо,али сакам да кажам дека не е проблемот секад у родителите..........
 
Eпа obviously дечково си има некои проблеми чим паѓа год. 2пати по ред , а за ќутек на професори ....јбг , се дешава !
 
Pa denes e retkost nekoj da go ostavat na polaganje ima ucenici sto ne zasluzuvaat da se odlicni pa skros odlicni gi pravat pa zasto da ne mu se popuste i na takvi poslabi ucenici bi rekol deka ne treba da ostavaat na polaganje kolku tolku moze sekoj profesor da go aktivira ucenikot i da mu kaze sto da nauci i zavrsena rabota :uvo:
 
Пејо... не си учел во Коце, нели? :pos:
Забегувам оф топик... али добра прича е... Кој е од Коце, сигурно го знае Бошко, географија што предаваше.

Една година, тројца му се намерачија да го тепаат, затоа што на молењето да им пише двојки, пошто иначе ќе паднат година, он им рече “Епа, ај честито“ :pos:
Му се с`снаа.. и он им вика, што ќе се резилиме тука пред народ, дојдете во кабинет кај мене, ќе го решиме проблемот. Дечките, убедени дека го преплашиле професорот, идат горди накај кабинет.. влагаат они, влага Бошко после нив, заклучува кабинет и вика “Ајјде сега, мајчини*, да ве видам... “

Иначе, Бошко, во младоста, бил боксер ;)

* мајчини - копирајт Бошко.

Приказнава тие малку.............. ептен погрешна, Бошко никогаш нема направено такво нешто а и човекот си беше мирен како идае не се работи за бошко,туку се работи за Дигалов шампион на СФРЈ во Џудо и да секогаш на крај година имаше по тројца четворица,се бореа тоест се тепаа со него за двојка(сите четворица од еднаш) арно ама никој му нема земено двојака на Дигалов на тој начин туку фино си паѓаа луѓево, а и Марјан си имаше мечеви на крајот од секоја учебна година додека не го затворија човеков,а Ацо по физичко па многу културен начин ги решаваше,организираше натпревари во пиење ти си купуваш литар ракија и пиеш со него ако се откажеш или поврати= отиде годината.
 
Приказнава тие малку.............. ептен погрешна

1. Не знам како може да тврдиш дека нешто никад не се десило. Не знаев дека си залепен за Бошко цел негов живот и дека му ја пишуваш биографијата. :toe:
Башка, ја иам добиено едно тапшање по рамо како опомена, знам колку тешка рука има Бошко :) Не можеш да го наречеш дека бил мирен, ако бил страв и трепет чоекот.
2. Дигалов не го ни знам... Претпоставувам постар си од мене?
3. Кој Марјан го затвориле? Имаше еден по Мерења, мислам дека имаше еден физичко и еден Електроника (или така нешто) што предаваше... колку што ми текнува, барем.
 
Ја претепал класната, оти требало да повторува

Тежок инцидент се случи завчераутро во скопското Ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево. Осумнаесетгодишен ученик ја претепал својата класна раководителка, незадоволен што ќе мора да ја повторува годината. Професорката се здобила со тешки повреди, момчето побегна, но по еднодневно бегство, вчера беше пронајдено. Од училиштето наведуваат дека станува збор за проблематичен ученик, кој и порано предизвикувал инциденти. Полицијата поднесе пријава против ученикот, а училишниот совет одлучи да не му дозволи упис во претстојната школска година.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во средата, околу 10 часот, кога А.А. (18) влегол во училиштето и во кабинетот за професори ја побарал својата класна раководителка. Штом 47-годишната професорка излегла надвор за да зборува со него, 18-годишното момче и' удрил неколку тупаници во главата. Откако ја натепал професорката, момчето побегнало.

„Сите сме шокирани од инцидентот“, вели Елизабета Ангеловска, директорка на „Браќа Миладиновци“. Ангеловска објаснува дека станува збор за проблематичен ученик, кој веќе ја повторувал првата година од средното образование. Проблемот настанал кога годинава требало да ја повторува и втора година.

„Уште во јуни му беше соопштено дека поради седум-осум слаби оценки, ќе мора повторно да запише втора година. Завчера дојде во училиштето и ја нападна класната раководителка, која воопшто не му предава, обвинувајќи ја дека не сторила ништо да му помогне, односно да не ја повторува годината“, раскажува директорката.

Натепаната професорка се здобила со фрактура на носот, на заб, како и со потрес на мозок. Полицијата по еднодневна потрага, вчера го пронајде момчето и против него поднесе прекршочна пријава.

Од Ветеринарното училиште велат дека на А.А. нема да му биде дозволен упис во наредната школска година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B265BE125A311048B8BDB7F9FDDBAFB2

за на 18 години да бидеш втора, колку пати треба да паднеш прва? или колку одделенија треба да повторуваш за тек на 18 да стигнеш до втора? :icon_eek: дечково сакал добро да го утврди материјалот и одел по старата, добра "повторувањето е мајка на знаењето".
што може да се очекува од некој таков. по наведениве повреди добро ја изнатепал професорката. што све не шета по земјава.. :lud:
 
Абе овој треба да се затвори и да не му се дозволи средно да заврши.Не ми е јасно што се замислува.Ама и не е он крив.Ете им задолжително средно,ете им права на учениците се по глава.....
За на 18 години да бидеш 2ра треба да си ретардиран....
Па не е секој за во школо,остај таму треба ли да има во државава аргати бе....
Со кој памет ееј????
Ако он бил на распуст цела година кој му е крив?Професорите?
 
тооооо кој е тој тепач да дојде и мојата професорка по француски да ја тепа?
 
Море има некои професори стварно им треба ќотек (Светлана физика во Георги). Си тераат по своето ќе ти скурчи, малку ќе им биде бокс да им спукаш само. Ако бил во право сосема го поддржувам.
 
Е ако де, нема да купува нови книги од септември.
Па и професоркава толку катиљ жена, за 7 кеца ќотек јадела :) Во мојот клас годинава до 10-ти јуни сите имаа по 7 кеца и на последниот ден магично се поправија 5 кеца и со 2 на полагање останаа :)
 
море многу професори заслужуваат ќутек али...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom