Со спарси можев и прва сезона првак да станам, да не ја направев финалната верзија на тактикава во 15то коло, претходно губев смешно бодови и играа да не речам патетично лошо.
Иначе како што реков, Спарси имаат одлична основа да направат ненормално добар тим и што е најтрагично да бидат во плус од income и outcome финансиски средства, и тоа у добар плус.
Еве како изиграв на трансфер маркет прва сезона, можев и далеку подобро али секогаш заборавам на Ochoa, голман, Палермо го купија за само 4.4 милиони долари
Eве ја таблелата од таа година, ко што гледате, Челзи нереално предобро изиграа, јас од 14то коло со новата тактика до крај имав 4 нерешени и само 1 пораз што е ненормално добар скор но сепак првите кола ме уништија, иначе 86 бодови реално и доволни се за титулата ( на првата слика горе, од табелата во втората сезона, видете колку има вториот )
Втората сезона си е приказна за себе, во финансиски плус од трансфер маркет од 13 милиони евра а тимот 10 класи подобар од тој од првата сезона
Реално, и немав потреба од промени во напад зашто Крауч даде 22 голови ( исто и Џеко постигна сезоната што следеше ) но со продажбата на Крањчар кој ми беше тотлано непотребен у тим и Крауч( кој даде 22 гола прва сезона ) добив 2 долгорочни засилувања во Џеко и Палош(к)и.
Сите играчи што ги шитнав гледав да ги продадам повеќе од цената за која биле земени, со offer to clubs нормално, Кабул чинеше 6 милиони долари, го дадов за 12, Крањчар 12 милиони, го дадов за дупло повеќе, Крауч 11 милиони долари, го дадов за скоро 20 и тн и тн.
Еден резултат ке ви издвојам со слика, иако сите тимови од големата 4ка ги имам пимплано со 2-3-4 гола разлика, сепак резултатов со Челзи си има тежина бидејќи вклучувајки ја и првата сезона, до 13то коло од втората сезона беа во серија од 51 меч без пораз .... но :
По овој резултат, имаа тежок пад во форма и цела сезона се бореа за второ место, заедно со Арсенал.
Модрич копилето иначе по прва сезона сака да си иде од тим, среќа има долг договор па сеуште се надевам дека ке се премисли иако го нудам за 50-60 милиони евра на остали клубови, штета повеќето не сакаат кешарица да платат иако копиљот во вторава сезона имаше 25 асистенции. По третава со оглед дека уште го играм, сигурен сум дека ке му најдам купец, на крај краева, по пазарањето на третиов летен трансфер маркет, ке укапирате дека земав и повеќе од достојна замена

:
п.с. Не ми е проблем да ви ја дадам и тактикава да ја испробате ( пишете ми мејл по ПП ), на финалниов пач ми функционира беспрекорно во тим каде бордот од старт ми е задоволен со пласман во први 4 и тим за кого медиумите во прва и втора сезона му типуваа 6то, односно 5то место на табела.