DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.829
- Поени од реакции
- 5.641
Легендата Дино Мерлин по пауза од 6 години повторно ќе одржи концерт во Охрид, на први август. По успешниот концерт во Скопје во лани, Мерлин својот хитовски албум "Из почетка" ќе го промовира и пред охридските туристи, а забавата е загарантирана и со старите хитови.
Хрватските рокери Прљаво казалиште на стадионот "Билјанини извори" ќе свират на втори август. Концертот е во состав на нивната славеничка турнеја "25 години хитови со Прљаво казалиште", а во Македонија доаѓаат по пауза од цели 15 години.
Особено интересно е што ниту една од двете групи, од распадот на СФРЈ, немаат настапувано во Србија, па многубројните српски туристи ќе имаат шанса да ги видат овие две групи во Охрид, велат организаторите. Влезниците се по цена од 600 денари за концерт, и 1000 денари цена за билети за двата концерти.
Влезниците ќе бидат во продажба од 20 јули, во сите салони на "Тобако" низ Македонија, во "Југотон", цвеќара "Розе" во "Веро 2", "Чув де Чув", и музичките продавници "ЗЗ топ" и "Кукузел" во Охрид. И двата концерти започнуваат во 21 часот.
извор