Затоа источњаците велат дека ако сакаш да ја најдеш не ја барај, запри целосно и таа ќе те најде тебе. Но ние луѓето сме заборавиле како се запира, како што Ендрју Карнеги има речено за своето богатство, - сакав да запрам со богатењето кога веќе имав многу, само што заборавив како се прави тоа. Хмм
А ако свесно ја бараме вистината, не што нема да ја најдеме туку тоа е и знак дека не ни сакаме да ја најдеме!
Може не ни одговара да ја гледаме вистината како што ја гледаме, но дека така сакаме, дефинитивно. А филозофиите сами по себе се бесцелни, ако нешто и разбудат во некого тоа ќе биде заслуга на самиот филозоф/кајганец.
Но верувам дека и да не разбудат ништо моментално, знаењето се таложи на потсвесен план и никогаш не е зијан, и кога тогаш ќе ни светне нешто.
Којзнае дали прочуениот Лао Це вистински ја живеел свесноста за вистината која многу добро и кратко ја опишал или бил само филозоф. Во секој случај да бил и Буда, пак никому не можел да ја наметне свесноста за вистината. Имаше една реченица во врска со тоа, заборавив од кого, - силувај ме, Боже!