Може некој ќе рече дека сивата му е убава, а некој дека му е неубава боја (релативноста), ама сите ќе се согласат, сивата е мешавина од црната и белата, апсолутната вистина. Така и за секоја ситница која ќе ја раздробиме на поединости, ќе откриеме и апсолутни вистини и релативности. Неоспорно е дека ти си ada, ама релативен е впечатокот што го оставаш, кајгана е жолта во нормални услови, но не и ако ставиш розеви наочари.
Нема ни потреба да постои универзална перцепција на сивата нијанса, дури и со бројка е означено она кое се добива со промешување на катран и млеко. Нијансата си има процент на сивило, и тој е неменлив и не зависи од нашата перцепција, туку од вистинитоста на млакото и катранот, кои вечно си биле и претпоставувам ќе си бидат еднакво бели и црни.
Кога велев, различна перцепција на сивата, не мислев на тоа како емотивно реагираме на неа, туку како очите ни ја перцепираат.
И сега ќе отидам малку и во ликовна теорија, но сепак...
Сивата може да биде мешавина на ахромати (црна и бела), кои не се сметаат за бои (па, испаѓа дека, како нивен плод, и таа е не-боја), но може да биде и мешавина на бои кои се комплементарни контрасти (како сина и портокалова), а може да биде и резултат од комбинација на три или повеќе бои, или пак било која боја, чиј интензитет, преку додавање на црна, е донесен до десатурација.
Оттаму, затоа што може да постојат многу под-тонови во самата сива, и иситие да бидат во различен сооднос, човековото око, ќе биде сензитивно, т.е ќе забележува различен поддтон, па она што за мене може да биде темно кафена, за некој ќе биде сива, за некој "валкано" портокалова, за некој топла сива...итн.
Не верувам дека, ако се собереме група на луѓе, и ни биде дадена широка палета на варијации на сива, ќе имаме идентични одговори. На тоа и алудирав на почетокот.
Инаку, Натурал, за мене позадината на Кајгана, не е жолта. Гледам само тонови на портокалова (и евентуално сивкасто, ладно жолта)
Доколку наместо да се прашува за вакви вечни прашања, секој човек би помислил како паметно да го искористи тој релативно минлив живот што му останува на Земјава, светов би било подобро место за живеење. Реалноста е релативна, но се` додека можеме со објективност да ја докажуваме нашава реалност што ја перцепираме, не е потребно додатно философирање. Да се осврнеме на човечките прашања што го тангираат местото на човекот во светот и неговото однесување и влијание. Како на пример, ќе опстане ли човечкиот род уште доволно долго време за да открие уште некоја апсолутна вистина?!
Душо, не велев дека сега секој треба да се опседнува со релативноста и сл. и да се апстрахира целосно од секојдневието.
Но, ако некој истражува и се интересира на тоа поле, апсолутно не значи дека губи време. Баш напротив, и тој некако придонесува за составување на парчињата од фрагментираната вистина.
Сите ние имаме свој пат, и различно, когнитивно и духовно, доаѓаме до заклучоци за нештата и нивната суштина. Сите ние ловиме различни одблесоци од таа ултимативна реалност и вистина. Секој заклучок е скапоцен, затоа што е делче од "големата слагалица". И баш на тој начин, поради широкиот спектар на размисли и интереси, учиме лекции и се приближуваме до објективноста, или крајната вистина, сеедно...преку споделување на тие размисли и заклучоци.
Оттаму и сметам дека е непродуктивно, било чиј "светоглед" a се отфрли од "големата слика".
За крај...Лично сум на стадиум кога верувам дека мора да постојат и ограничувања, односно места каде релативизацијата не е добредојдена. А, тоа се областите на моралот и етиката (кои, во современово општество, постои силна тенденција да се обезличат и потценат). И баш тие се оној простор, каде сите заеднички тенденции треба да се сполтат. Тука сме одослободени од заблудите на егото, и љубовта (која, за мене, заедно со Бог, духовноста, свесноста...како и сакајте наречете ја) не сплотува и не носи кон апсолутната вистина.
Велиш неопходно е да се запрашаме за “реалноста, даденоста и перманентноста на се околу нас, па и на самото наше постоење, ако сакаме малку посуштински да навлеземе во нештата“. Се сложувам, но мојот пример беше конкретно насочен кон “нереалното“ претворање на сивата боја во дел од серијата Ентерпрајз. Беше непотребно според мене, и во претходниот пасус кажав и зошто.
Токму тоа... без разлика на нашите сфаќања и перцепции, метерот кој ќе удри во земјата ама воопшто нема да го интересира дали ние го сфаќаме како страшен чин или религиозно откровение. Едноставно ќе се случи, а последиците ќе бидат многу мртви. Можеме понатаму да дискутираме што значи “мртов“, но прво мораме да тргнеме од биолошката констатација за нечукање на срцето, бидејќи е основа, и неспорна вистина без разлика дали има задгробен живот, реинкарнација, рај...
Претходно ја спомена гравитацијата, потоа и смртта...Имаме многу примери, документирани (не рекла-казала муабети), каде било монаси или "духовни" луѓе, било просечни, ја "победиле" гравитацијата, го негирале општо прифатениот ток на смрта, после која следи распаѓање...општо, покажале дека и природните закони не се секогаш апсолутна, неминовна реалност.
Макар и еден таков пример да бил...Пак, истиот, покажува дека она што можеби важи и се зема како неспорна даденост за сите останати, во неговиот случај не е така.
Па, како логички заклучок, мора да се извлече дека тоа сепак не е неспорна даденост.