„Име си е име“ - Норвешки филм за Македонија (во најава)

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Филм (во најава) за Македонија, под наслов “Име си е име“ на норвешките уметници Sigurjon Einarsson (режија) и Morten Harket (музика).
Авторите очекуваат филмот за нацијата која е во заложништво поради своето име ќе има позитивно влијание на политичарите.
Тие се надеваат дека филмот ќе ја запознае пошироката публика со оваа неправда.

http://www.anameisaname.net/
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
M

Mussolini

Гостин
Ашколсун за идејата на норвешките уметници... :smir:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Me интересира што толку се заинтересирале странски уметници да направат филм за Македонија, иако ми се допаѓа идејата :)
И има ли некој информации кога треба да биде завршен филмот?
 

Kriticar

дискриминатор
Член од
7 мај 2007
Мислења
1.037
Поени од реакции
5
И има ли некој информации кога треба да биде завршен филмот?
Премиерата треба да се одржи на почетокот на Јули.

Еве мал извадок од Дневник.

Ниту една држава нема право да и' каже на друга држава, а потоа и на целиот свет како треба да се вика. Ваше право е да се викате Македонци, а идентитетот, јазикот и Црквата не треба да бидат доведувани во прашање. Сепак, онаа смешна привремена референца мора да биде отстранета - вели Сигурјон Ејнарсон, режисерот на филмот „Името е име“ (A Name is a Name), снимен за проблемот што Македонија го има со својот јужен сосед, Грција.

Ејнарсон живее во Норвешка, но потекнува од Исланд и укажува оти добро ги разбира проблемите со кои се соочуваат малите земји, особено кога имаат поголем и помоќен сосед. Македонија е мала, но многу убава земја, со топли и гостопримиливи луѓе. И јас потекнувам од мала земја, Исланд. Во нашиот случај Данска често не' ставаше во предизвикувачки ситуации, но ние успеавме да ги надминеме - открива режисерот.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
браво за потегов ( не одошто сме им мило / туку стандно скандинавците ги мразат грците ) навистина ме радува потегов !
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.901
Поени од реакции
722
Мислам дека Исланѓани го прават ова колку што јас прочитав.Како и да е добро е.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Me интересира што толку се заинтересирале странски уметници да направат филм за Македонија, иако ми се допаѓа идејата :)
Зарем е важно зошто? И зарем истото не ни оди во прилог, какви и да се мотивите?

Инаку, МНОГУ ме израдува ова. Со нетрпение очекувам да го видам филмот и се надам дека ќе има и светска, а не само локална промоција.

Btw, музиката на сајтот е феноменална (претпоставувам е дек од саундтракот), а во имињата на нараторите, го има и името на Тоше Проески :)
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Btw, музиката на сајтот е феноменална (претпоставувам е дек од саундтракот), а во имињата на нараторите, го има и името на Тоше Проески :)
Извини не те разбрав, наратор - Тоше Проески? Да не се мисли на позадинска музика нешто..?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Извини не те разбрав, наратор - Тоше Проески? Да не се мисли на позадинска музика нешто..?
Narrated by Sir Andrew Motion; Music by Morten Harket, Graham Nash, Múm, Sigur Rós, Monte Negro, Kiril, Tose Proeski.

Музика е...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Извини не те разбрав, наратор - Тоше Проески? Да не се мисли на позадинска музика нешто..?
Ups...my bad:kesa:
Не приметив дека после наратор иде music by, па претпоставив дека филмот почнал да се снима уште додека Тоше беше меѓу живите, или дека се користени негови интервјуа.

Уште еднаш, се извинувам, и да, сепак се работи за музика од Тоше, не за нарација.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Нема многу што да се пишува за филмов бидејќи не знаеме скоро ништо, но во секој случај темава ќе се најде за кога ќе го видиме. Идејата е за поздравување и добро е што ќе биде направен од странци, во секој случај ќе биде порелевантен.

Она што забележав од некој пост погоре е дека филмот ќе има одличен soundtrack, судејќи според имињата кои ги прочитав. Посебно ме израдува што го прочитав Sigur Rós, чија музика се најде на Vanilla Sky, филм кој помина со измешани критики но со прекрасен soundtrack, а темата „Nothing Song" од Sigur Rós e дефинитивно онаа по која сите го препознаваат филмот:

 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Од музичарите само Ѕigur Ros го знам(И Тоше нормално), има многу добра музика, екстра ќе биде саундтракот
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010
Од музичарите само Ѕigur Ros го знам(И Тоше нормално), има многу добра музика, екстра ќе биде саундтракот
Како бе само Сигур Рос и Тоше ги знаеш?? А за Мортен Харкет ( лидерот на А-ха ) не си слушнал? Или и за А-ха како група не си слушнал? Хе хе хе
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
абе го има негде целиот филм да се симне од интернет? гледав вести амбасадорот на исланд во сад сакал да го прикаже кај него во амбасада ама грците многу се заканувале и тој не го пуштил. кај го има филмот под хитно некој да го најде.

Грција му се заканува со вето и на Исланд поради филм за Македонија

До каде Грција е подготвена да оди со заканите кога станува збор за Македонците и за Македонија, покажува инцидентот што пред неколку дена се случил во амбасадата на Исланд во Вашингтон

повеќе овде

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=55364
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Зоте, ќе почекаме до наредно лето за да го видиме филмот.

Али богами, со нетрпение ќе чекаме. Колку и на некој да му изгледа глупо мешањето прсти во туѓа манџа, ова е еден голем потег за билдање на нашиот морал. И што е најважно - од никого ненарачан, од никого непобаран. Сосема доброволен. Од човек, од тим или од народ, кој во дупешките кои ни ги шлапаат нас, си ги видел сопствените дупешки од некое минато време. И влегол во наша кожа. И не поддржува.

И треба голема благодарност за ова. Не само на политичко, туку и на културно ниво. Ваквите проекти неретко стануваат зародиш за развивање на culture trade помеѓу две земји. Лично, ќе бидам пресреќен ако и овој случај доведе до тоа. Културната соработка ја носи една земја многу подалеку, од секаква политика, нарочито оваа ефтинија со која не бомбардираат нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom