Европска Лига 2009/2010

B

Beck's

Гостин
ФУЛАМ! ФУЛАМ! ФУЛАМ!!!!

Малце ми е мака што од другата страна не е Валенсија,ама тоа е фудбалот. 3 рунди по ред како поминува Атлетико на голови на гости..Ама сеа нема да има голови на гости :).. Малце ми е мака за Хамбург,што не успеаја да играат финале на домашен терен,а + и втора сезона по ред испаѓаат во 1/2 финале,но сепак си навивав за Фулам,бидејќи навистина заслужуваат успех момците.. За другиот меч кажав,сеисто..Можеби малце повеќе сакав да влезе Ливерпул за да не им падне моралот за мечот во неделата,но од друга страна,освен што имаат шанса за 4то,имаат шанса да паднат и 8мо.. Така да,ако сакаат Европа догодина мора победа у недела! :)
odluci se:pos:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.743
Поени од реакции
43.907
За првиот болд: За Валенсија бев во ЕЛ,ги сакам како екипа и глупо е што испаднаа нефер..
За вториот: Лани во 1/2 финалето бев за Хамбург,оваа сезона бев за Фулам,оти се англиска екипа..Да играа Хамбург со друга екипа дефинитвно ќе навивав за нив.
За третиот: Зборував за 1/2 финалето меѓу Ливерпул и Атлетико..

:toe:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.996
Честито и за двата тима, особено на Фулам. Со игрите што ги прикажаа оваа година заслужија да играат финале. Супер и за Атлетико, малку повеќе среќа, ама битно влегоа во финале. Дефинитивно ќе биде интересно финале.
Каква игра жити се прикажа атлетико?????
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Фулам !! Ептен голем кеф ми се напрај со пресвртот вечерва. Всушност, цело натпреварување го поминаа со интересни резултати.. Јуве 3:1, 4:1, Волфсбург со гол во 20та секунда.. и сега капак беше пресврт вечерва.. едноставно тие го заслужуваат трофејот. За разлика од Атлетико кој цело време се вади на away goals.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Мило ми е за Ливерпул,Атлетико заслужено исто како и Фулам... Кој и да го земе пехарот ќе биде залужено
 

Cuore Rossonero

Rσššσηєјаσ e ιℓ мισ cυσјає
Член од
18 април 2009
Мислења
2.344
Поени од реакции
345
Незнам зошто мислам дека Агуеро е префорсиран таленат.. :/
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Незнам зошто мислам дека Агуеро е префорсиран таленат.. :/
И јас така мислам..некако освен брзина кај него не гледам некој посебен талент:toe::toe:..Балотели и Пато според мене се многу подобри од овој..
 
Н

'Никола'

Гостин
Значи епилог на крај, Шпанско-Англеска пресметка во северна Германија. Интересно звучи.:wink: Со среќа и на двете екипи во финалето.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.996
Мило ми е за Ливерпул,Атлетико заслужено исто како и Фулам... Кој и да го земе пехарот ќе биде залужено
ти очигледно не си гледал фудбал.....веројатно си гледал нешто друго...ако атлетико заслужи финале лион да пропадне в година
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Според мене Фулам заслужено се најде во финалето. Ептен добри игра прикажаа, отпаднувајќи ги Јувентус, Волфсбург, сега и ХСВ. Додека Атлетико како некој што спомна погоре, на сите дуели се извади со гол на гости. Со Галатасарај, Валенсија и вчера со Ливерпул. Но, во финалето очекувам Фулам да ги прегази. ::D
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.818
Поени од реакции
11.445
ти очигледно не си гледал фудбал.....веројатно си гледал нешто друго...ако атлетико заслужи финале лион да пропадне в година
Хахахахаха комплекс!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ако не нешто друго барем бидете реални,јас мислам дека Вердер-Валенсија ќе биде финалето.Секако Ливерпул како број 1 фаворит.Но откако овие две изиграа епски натпревар во Бремен,а Валенсија која отсекогаш сум ја симпатизирал одигра херојски со се срце навивав за нејзе.Атлетико не фер ја победи па еве на среќа го тепа и Ливерпул.Фулам до некаде му е заслужено финалето.Но се гледа дека секоја година во ЛЕ има изненадувања,тоа ја прави посебна.
А од Агуеро не знам што очекувате,во Шпанија Атлетико губи а само тој дава голови,против Ливерпул што сакате сам да игра.Има само 21 год,има време за него,му треба искуство,работа,не е само до талентот,кој е неспорен кај него.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Браво за Фулам, играа во гости на 0-0 и успеаја да ја искористат предноста на домашен терен, иако први примија гол сепак со дисциплинирана игра направија одличен пресврт и резултат кој ги носи во финале на стадион каде веќе играа :wink:.

За Атлетико и Ливерпуле ќе кажам дека Ливерпул имаше далеку подобра но Бенитес се виде дека или не е за во Ливерпул или намерно се однесува така. Атлетико дојде да чува резултат што во продолжеците не им успеа тоа, но сепак стапи на сцена Бенитез и наместо да чува резултат со искусни играчи како, Маскерано, Бенајун и Аквилани тој става Ел Жар, Деген и пубертетлијата Пачеко кој немаше шанса ни во Премиер Лига и тоа на место на Маскерано.

И јас така мислам..некако освен брзина кај него не гледам некој посебен талент:toe::toe:..Балотели и Пато според мене се многу подобри од овој..
И за Агуаеро мислам дека ќе е еден од најдобрите голгетери бидејќи е млад а веќе е доста созреан, на 21 година е еден од клучните напаѓачи на атлетико, многу ми наликува по конструкција на Тевез и убеден сум дека тек сега почнува неговата кариера. Некој го спореди со Пато и мислам (мое мислење) дека пато не е подобар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom