Максимални победи за Федерер и Ѓоковиќ
Максимални победи од 3:0 во сетови остварија највисокорангираниот Федерер против Гарсија Лопез и четвртиот фаворит Ѓоковиќ во дуелот со Греул.
Сет повеќе мораа да одиграат Вердаско со Флиген, Фиш против Типсаревиќ и Монтањес во мечот со Кањас. Цонга без борба го мина повредениот Болели, а Лодра од иста причина му предаде на Хас.
Испадна само 18-торангираниот Шутлер, откако со 3:0 загуби од Села.
Без изненадувања и на стартот на второто коло на тенискиот Гренд-слем турнир во Вимблдон, ако не се смета поразот од 2:1 на екс-шампионката Марија Шарапова од Гизела Дулко.
Иако 24-торангирана, од Русинката која поради повреда паузираше цели девет месеци, годинава не се очекуваше премногу во сеанглискиот клуб.
Сигурни победи во два сета забележаа Серена Вилијамс над Грот, Азаренка против Олару, Петрова над Пер, Цибулкова против Урсула Радванска, Разано над Крејбас и Кирстеа над Мирза.
Од носителките во аут е само уште Женг по поразот од Хантукова.