P
Princ
Гостин
Жителите на една зграда во Скопје, ноќеска преживеале вистински кошмар, тие биле заложници затворени во домовите, додека сосед вооружен со автоматска пушка дивеел, стрелајќи во влезните врати
Мажот на возраст од околу педесетина година стрелал со автоматот во влезот од зградата во населбата Мичурин, за среќа во тешкиот инцидент нема настрадани.
Дивеењето интензивно траело околу половина час, а кулминацијата била некаде околу 3.30 часот, велат за Макфакс сведоци на инцидентот.
Според нив во мажот пукајќи успеал да разбие влезна врата на еден од становите, што за среќа во моментот бил празен. Полицајци по дојава од жителите успеале да го совладаат мажот и да го уапсат. Од МВР го потврдија инцидентот и најавија официјално соопштение.
Човекот според сведоците живеел сам во зградата во која се случил тешкиот инцидент.
Луѓето од населбата велат дека вчера часови пред инцидентот, мажот бил забележан како шета со пушката, по што бил пријавен во полицијата. Според нив полицијата дошла, но не успеала да го пронајде човекот.
Ноќта првите истрели започнале некаде околу 2 часот, велат сведоците. Истрелите на почеток не биле интензивни и се слушале на неколку минути и некаде околу 3.30 часот кулминирал, кога мажот започнал со интензивна рафална стрелба.
Полицијата по телефон ги советувала жителите на зградата да се засолнат во своите станови, додека да стигне помош, која успеала да го разоружа и приведе.
Полицијата за инцидентот во Мичурин
Полицијата во врска со тешкиот инцидент што се случи ноќеска, соопшти дека кај мажот, кој со автоматска пушка дивееше во Скопје се констатирани 1,39 промили присуство на алкохол во крвта.
Полицијата од лицето М.Н.(1953) ја одзела автоматската пушка во чија цевка и за време на лишувањето од слобода имало еден куршум, потоа, една рамка со 32 куршуми калибар 7,62 мм и еден нож-кама кој му бил врзан околу ногата.
Од пукањето се оштетени вратите на неколку станови на петтиот и шестиот кат каде се пронајдени повеќе чаури испукани од автоматска пушка и една рамка од автоматска пушка, наведува МВР. Извршен е увид на лице место, а СВР-Скопје презема мерки за целосно расветлување на настанот.
А1