Скопјани ноќеска преживеале кошмар

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Жителите на една зграда во Скопје, ноќеска преживеале вистински кошмар, тие биле заложници затворени во домовите, додека сосед вооружен со автоматска пушка дивеел, стрелајќи во влезните врати

Мажот на возраст од околу педесетина година стрелал со автоматот во влезот од зградата во населбата Мичурин, за среќа во тешкиот инцидент нема настрадани.

Дивеењето интензивно траело околу половина час, а кулминацијата била некаде околу 3.30 часот, велат за Макфакс сведоци на инцидентот.

Според нив во мажот пукајќи успеал да разбие влезна врата на еден од становите, што за среќа во моментот бил празен. Полицајци по дојава од жителите успеале да го совладаат мажот и да го уапсат. Од МВР го потврдија инцидентот и најавија официјално соопштение.

Човекот според сведоците живеел сам во зградата во која се случил тешкиот инцидент.

Луѓето од населбата велат дека вчера часови пред инцидентот, мажот бил забележан како шета со пушката, по што бил пријавен во полицијата. Според нив полицијата дошла, но не успеала да го пронајде човекот.

Ноќта првите истрели започнале некаде околу 2 часот, велат сведоците. Истрелите на почеток не биле интензивни и се слушале на неколку минути и некаде околу 3.30 часот кулминирал, кога мажот започнал со интензивна рафална стрелба.

Полицијата по телефон ги советувала жителите на зградата да се засолнат во своите станови, додека да стигне помош, која успеала да го разоружа и приведе.

Полицијата за инцидентот во Мичурин

Полицијата во врска со тешкиот инцидент што се случи ноќеска, соопшти дека кај мажот, кој со автоматска пушка дивееше во Скопје се констатирани 1,39 промили присуство на алкохол во крвта.

Полицијата од лицето М.Н.(1953) ја одзела автоматската пушка во чија цевка и за време на лишувањето од слобода имало еден куршум, потоа, една рамка со 32 куршуми калибар 7,62 мм и еден нож-кама кој му бил врзан околу ногата.

Од пукањето се оштетени вратите на неколку станови на петтиот и шестиот кат каде се пронајдени повеќе чаури испукани од автоматска пушка и една рамка од автоматска пушка, наведува МВР. Извршен е увид на лице место, а СВР-Скопје презема мерки за целосно расветлување на настанот.

А1
 
Овој од Виетнам да не има кошмари. :pos2:
 
Ај страшно цела среќа што нема повредени.
 
Мото на полицијата, прво да се случи па ќе интервенираме.
И ние пред некоја недела имавме кошмар, пијаница си ја претепа и жената и бабата а пријавуван 10ина пати.
Абе и да отиде некој, друга душа ќе дојде.
Се заврши тепачката, соседите интевенираа и дојде полицијата.

И нормално е калашников после 2001.
Книга некој да не носи, тоа е опасно.
 
Ова те тера да се подзамислиш за твојата безбедност... Низ градот полицијата за да стигне на лице место и треба час ипол.
 
Во секој случај акцијата за разоружување беше успешна...
Јас предлагам 2011 кога ќе има попис на становништвото комплетно да се претресуват и куќите, да се исчисти сметот не за друго...
На што личи ова , навистина си седиш дома а во влез некој манијак пука со автоматска пушка...
 
Уште еден на кој му пукнал филмот и му се залепиле ламелите.

Да, ама за разлика од многумина, типов имал и пристоен арсенал дома
 
Полицијата во врска со тешкиот инцидент што се случи ноќеска, соопшти дека кај мажот, кој со автоматска пушка дивееше во Скопје се констатирани 1,39 промили присуство на алкохол во крвта.


шо има чудно ја слушаш од кеба запаличу пола града...
 
му прекурчило на човекот даги прашам сега дали ке си тераат само по свое и ке изиграваат бог и батина :)
никој не пука од чиста мира чисто колку дасе испука , пак несе кажува целата приказна
 
јас незнам како не и е срам на полицијата да вознемирува така невин граѓанин кој ноќта ја поминал славејќи, како може да го спречува да си ги изврши свадбарските адети и церемонии, срамота за цела држава шо му ги кратат човековите права да пука кога ќе посака:uvo:
 
Now let me welcome everybody to the wild, wild west... :toe: Страшно, Господ нека ни е на помош со вакви психопати.:pop: Среќа нема повредени.
 
Луѓето од населбата велат дека вчера часови пред инцидентот, мажот бил забележан како шета со пушката, по што бил пријавен во полицијата. Според нив полицијата дошла, но не успеала да го пронајде човекот.

Не ми се верува. Дошла полиција ама не успеала да го пронајде. Ко со лижавче да се шетал па не биле превземани дополнителни активности за пронаоѓање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom