Скопјани ноќеска преживеале кошмар

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Ги збирал на смотра де...

Куќен совет сакал да прави али овие не го разбрале.

Шала на страна али тоа ти е кога врие оружје по куќиве. Во секој дом - оружје, дозвола - ни четвртина. Да немаше оружје типов можда ке излезеше од станот и со цевка ке маваше по вратите. Значи намали му ја моќта и лудилото ке изгуби од сила.
 
Наредниот што ќе се заебава на темава ќе плати за цела кафана.
Јас не можам да ве разберам... и на сериозна тема (побогу, некој у зграда низ влезови пукал саат ипол) можете да најдете заебанција?
 
Е добро де, во Чаир-Бутел се пука и ако се има ич промили алкохол во крвта:toe:
 
Наредниот што ќе се заебава на темава ќе плати за цела кафана.
Јас не можам да ве разберам... и на сериозна тема (побогу, некој у зграда низ влезови пукал саат ипол) можете да најдете заебанција?
и јас се згрозив кога ги прочитав коментариве,

е ајде да ве видам да бевте на местото од станарите па после така да се зафркавате.
Може траума да им остане тоа.
За среќа се завршило добро, ама стварно не е за филмање случајов:nenene:
 
56-годишниот Милан Николовски синоќа дивеел со рафали од калашников низ скопската населбата Мичурин.

Три часа по полноќ на соседите во зградата, каде што имал изнајмено стан, им приредил канонада од истрели по нивните домови и страв каков што не виделе досега.

Одел од стан на стан и пукал со рафали во влезните врати. Куршуми летале на сите страни, но никој не е повреден.

Во два стана на кои ја пробил влезната врата, немало никој. Сопствениците на едниот стан синоќа не биле тука, но се вратија денеска. Останатите кои биле во домовите, се криеле по собите. Не сакаа да зборуваат. Им било страв, зашто тој ќе се врател.

56-годишниот Милан Николовски всушност и никој не го познава во населбата, ниту во зградата. Живеел сам.

vrata-provalena.jpg

Во два стана ја пробил влезната врата

Според она што го разбрале соседите, велат дека бил поштар. Полицијата трагаше по него уште порано пред инцидентот.

Синоќа жителите пријавиле дека низ населбата се шета маж со калашников. Веднаш пристигнале ама не го нашле.

Вториот пат кога и почнал да пука успеале да го совладаат пред да повреди некого. Кај него било пронајдено и друго оружје. Бил во алкохолизирана состојба.

Во станицата кога го привеле зборувал неповрзани работи. Допрва ќе се испитува каде ја набавил пушката, но и каква е психичката состојба на Николовски.
 
и јас се згрозив кога ги прочитав коментариве,

е ајде да ве видам да бевте на местото од станарите па после така да се зафркавате.
Може траума да им остане тоа.
За среќа се завршило добро, ама стварно не е за филмање случајов:nenene:
Девојче, јас секој ден ( ноќ ) сум сведок на вакви дивеења, кај мене во мало во радиус од 500 метра има толку многу оружје што може комотно да се снадби цела полициска станица. Ете додека го пишувам ова слушнав еден краток И?
 
ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ......На брат ми девојката седи под кирија во решетаниот стан ...ЦЦЦЦЦЦ..Вчера среќа беше кај нас спиеше , а и братучетка и била излезена ....типот бил стварно забеган ,немал контакти со фамилија нешо .изолиран во свој филм ..ЦЦЦЦЦ... На девојчето сега му е страв да се врати таму ..среќа и брат ми шо ја викна ..и он некад знаеше да преспие таму .

Ова те тера да се подзамислиш за твојата безбедност... Низ градот полицијата за да стигне на лице место и треба час ипол.

ЦЦццц ..камо да беше и час ипол ..Будалата е пријавен во 18.10 во полициска станица Аеродром ... во 3.30 дојдоа Алфите ...

Не ми се верува. Дошла полиција ама не успеала да го пронајде. Ко со лижавче да се шетал па не биле превземани дополнителни активности за пронаоѓање.

Лузери МВР ..дома бил забеганиов цело време послем прошетката во школото
 
Лузери МВР ..дома бил забеганиов цело време послем прошетката во школото

Лузери а ??
Што не отиде ти да го разоружаш типот штом они биле лузери??
Срамота да се плука толку по полицијата не дека се совршени ама неможеш да кажеш дека се лузери..
 
Лузери а ??
Што не отиде ти да го разоружаш типот штом они биле лузери??
Срамота да се плука толку по полицијата не дека се совршени ама неможеш да кажеш дека се лузери..

Па они ли се полиција или ја ???? шо сакаше да кажеш со ова ???

Тоа им е РАБОТА ... Нека ми дадат и мене оружје тогаш.. НЕ ОДАТ СО ГОЛИ РАЦЕ у акција ..
ЛУЗЕРИ СЕ ..Дома седел 6 часа откако е пријавен дека се шета со пушка ..неможеле нешто да превземат ..или мислеле дека некој се заебава
 
А сакаш да кажеш дека знаеле точно кој е тој и кај седи и не превземале ништо??

Или одпосле се установило дека кога они дошле да пребараат у околина он си седел дома,ама незнаеле кој е??

Незнам јас ,затоа прашувам..ај ти ако знаеш објасни ми.
 
Лузери МВР ..дома бил забеганиов цело време послем прошетката во школото

Не шири дезинформации демек дома бил типов сега испадна.. не прајте ваши филмови.
 
А сакаш да кажеш дека знаеле точно кој е тој и кај седи и не превземале ништо??

Или одпосле се установило дека кога они дошле да пребараат у околина он си седел дома,ама незнаеле кој е??

Незнам јас ,затоа прашувам..ај ти ако знаеш објасни ми.

Што подразбираш под околина ...ај ке ѕирнеме на улица и у двор ако нема никој нема .. па здравје може се заебавал со калаш ...зградата е на неколку метри од местото кај е пријавен ..неможеле да потпрашаат за подетални информации кој може да биде ,или не е толку битно ако некој се шета со калаш? сите од зградата дека бил забеган ...
 
Девојче, јас секој ден ( ноќ ) сум сведок на вакви дивеења, кај мене во мало во радиус од 500 метра има толку многу оружје што може комотно да се снадби цела полициска станица. Ете додека го пишувам ова слушнав еден краток И?

Кај живееш ти човеку КАБУЛ???

Мора да е многу весело...

А полицијата ???

Каде се тие???

Или ти живееш во некоја законски заштитена зона???
 
Не шири дезинформации демек дома бил типов сега испадна.. не прајте ваши филмови.

ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ... кои филмови бе ...цела зграда знае дека бил во стан ..денеска бев таму баш праевме муабет ..од стан излегол да пука ..од 5-ти прво си ја рокнал неговата врата ,па пукал во земја ,па му ја фатил на 6-ти спрат да решети
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom