Доста шириш илузии бе аман.
Референцата не е предмет на спорот, зарем за референцата ни прават проблем Грците?
Не ја искривувај реалноста
Немој да правиш замена на моите тези.
Зборувам за таканаречената "силна" стратегија која владата ја понуди, а не за тоа што, и дали ќе прифатат грците.
Aко сегашната таканаречена стратегија е демистификација на црвената линија на владата во преговорите, што поразлично нудеа пред една или две години таканаречените предавници ?
Компромис со:
- Зачувување на уставното име.
- Зачуван идентитет и јазик.
- Компромисно име за замена на ФИРОМ.
Ај те молам посочи ми ја разликата во стратегиите на предавниците, и сегашната стратегија на патриотите.
Које е епилогот од обете ?
Се споменува ли во новата стратегија првичната двојна формула на владата ?
Се споменува ли некаде референдумот ?
и прекини перфидно да подметнуваш промена на име.
А ти прекини подмукло да наметнуваш квазипатриотштини, освен ако не си влезен во филм дека овде од форумов водиш некоја лавовска битка за Македонија.
Форумот служи за дискусија и размена на мислење.
Ти одовде не ја креираш државната политика....конташ.
Ти овде само дискутираш.
Тргнувајќи од ова кое погоре го напишав....моето мислење е дека со стратегијава која ја понуди владата, паднаа сите нивни маски за никакво неменување на името и за некакви двојни формули.
Маските ги држеа само колку да поминат изборите.
Предавниците им беа оружје за билдање на рејтингот.
Демантирај ме или молчи.
Немој да ја сведуваш дискусијата на лично препукување....или сведи ја, ама да не се заебеш.
Затоа пак ќе ти повторам, не ја искривувај реалноста и не врши пропаганда под кошула!
Кога сме веќе кај пропагандите под кошула, еве ти еден пример за да ти го доловам моментот на кој начин се прави тоа:
Македонската Кауза
1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
2) посебниот македонски јазик,
3) уникатната македонска култура, македонските симболи, фолклор и етнички идентитет,
4) на целата македонска историја и нејзиниот континуитет, како и
5) на сите македонски кралеви и владетели, револуционери, писатели, поети и сите херои на македонската историја од македонската етничка припадност, како и
6) на македонската православна црква,
Епа нели братот до вчера во каузата ти стоеше дека секоја промена на името (било тоа и да е за меѓународна употреба) ќе резултира со невидено предавство.
Денес по партиска наредба правиш редефинирани каузи во кои (пази за чудо), никаде не се споменува името за меѓународна употреба...односно името со кое ќе бидеме запишани во ООН, ЕУ и НАТО.
Единсвената одбрана на криктиките дека тоа не е сторено, ти е дека грците нема да прифатат компромис без промена на уставното име....па демек по автоматизам и меѓународното нема да се промени.
Затоа имам неколку прашања до тебе.
А што ако грците прифатат ?
Дали тој што ќе прифати такво решение ќе биде предавник ?
Дали оној кој ни нуди ваква стратегија е предавник ?
Дали доколку грците прифатат, авторот на каузата за Македонија на Кајгана ќе биде предавник ?
Како се нарекува сево ова, ако не
пропаганда под кошула....која патем некој синхронизирано со неговата партија наредбодавец ја игра, притоа мислејќи дека ќе остане незабележан.
Ми мрдне ли ВМРО-ДПМНЕ од позицијата, промена на Устав ради промена на име, истото со нафтата и киселината.
Абе иди у УМС да продаваш вакви демагогии.
Овде колку толку сите знаеме за што се работи.
Тие може да бараат што сакаат. Токму затоа и се водат преговори за да се дојде некаде на средина меѓу двете страни. А средината е замена на референцата со име кое ќе биде различно од уставното а ќе го содржи зборот Македонија. Ако во тоа не се успее сега ќе се продолжи во таа насока. Јас мислам дека така и ќе завршат преговорите некогаш во иднина бидејќи како што има притисок над нас, ќе има и над Атина.
Да додадам, во графата на ОН за јазик ќе стои македонски, бидејќи тоа е лингвистичко а не политичко прашање.
Амин.