Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Една работа да се разбереме. Моето мислење го темелам, исклучиво согледувајќи ја реалната ситуација во која се наоѓа државава. Врз база на тоа и коментирам.
Кога би коментирале за личните желби, биди сигурен би биле поголеми и поамбициозни од твоите.
Но вреди ли тоа нешто ?

На маса имаме - или компромис со контролирана штета....или прекин на преговорите.
Трето нема!
Гледаш можност за прекин ?
Гледаш човек во државава кој би го направил тоа ?
Не.
Значи останува контролирана штета, виткање кичма, разумен компромис...попуштање, како сакаш наречи го.
Епилогот е ист:
Промена на референцата со компромисно име.
Ова го знаев јас. Ова го знаеше целата меѓународна заедница.
Ова го знаеа сите упатени аналитичари, интелектуалци, кодоши предавници...или како сакаш наречи ги.
Што мислиш. Дали Груевски знаеше за ова ?
Да.
Што е најтрагично го знаеше и терминот.
И наместо да се фокусира на изнаоѓање најповолно решение кое ќе оди во прилог на иднината на Македонија, тој во изминатите три години водејќи се од неговиот фамозен рејтинг, бараше предавници одродници и буба шваби.
И сега ќе ни мачка очи тука со некаква стратегија за името.
Што содржи ова стратегија која тој ја нуди ?
Ништо поразлично од условно кажано, стратегијата на "предавниците" Геро, Фрчко, Ѓунер, Бранко, Жарко, Гелевски, Ерол, Реален.......
- Замена на референцата ФИРОМ со компромисно име, и зачувување на Македонскиот идентитет и јазик.

Има нешто што е поразлично во ова таканаречена нова стратегија???
Нема.
Се е исто, само што повеќе темите за соросоидите и предавниците ги нема повеќе на форумов.
Знаеш зошто ?
Затоа што партиската заслепеност и вистинскиот патриотизам не одат заедно.

Oва можеби ќе го разбереш денес...утре или задутре.
но биди сигурен дека ќе го разбереш.

Замена на референцата со ново име...

Дали навистина Гејовите би се сложиле на такво нешто???

Што мислиш ти???

Тоа значи замена на референцата само во ОН и Европските институции, а државите кои не признале да го задржат правото така да ни се обраќат...

Добро бе реален до кога со мачкање очи...

И никако не ми се уклапа дека ти самиот веруваш во такво нешто...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
ја мислев дека досега секој разбра дека не се бара смена на ФИРОМ алоо ..
се бара смена на Македонија ... ама не сум бил во право ...

реален .. се ова ти си анализирал .. но сепак останува шпекулација .. :toe:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
294
Abre kakva smena na imeto,Gruevski i Gjole predavnici.Glava davame ama ime ne davame!
 
Член од
28 март 2008
Мислења
133
Поени од реакции
3
o





A kako ne obedinuva Gruevski so preispituvanje na identitetot?Pa neli sme vekje odamna nekolku godini unazad definirani kako Makedonci?
ИЗГЛЕДА ЗАБОРАВАШ ДЕКА СЕ ПОЈАВИЈА НЕКОИ МЕСИИ И ОНАКА ФИРОМСКИ НИ ГО ЗАЧУКАА, И СЕ ПАК ЛИ ТРЕБА ТИЕ ИСТИТЕ ДА НЕ ОБЕДИНАТ??? И ДА ЈА ДОБИЈАТ БИТКАТА ЗА УСТАВНОТО ИМЕ???
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ја мислев дека досега секој разбра дека не се бара смена на ФИРОМ алоо ..
се бара смена на Македонија ... ама не сум бил во право ...

реален .. се ова ти си анализирал .. но сепак останува шпекулација .. :toe:

Ова ти се вика ОМЕКНУВАЊЕ ВО ЕТАПИ...

Ај прво ова попуштете, ај после она, ај тука уште малку бидете толерантни и на крај кога и самиот ќе сватиш дека си готов ќе попуштиш скроз...

Затоа СДС оди во етапи , неколку етапи веќе поминаа , на ред е следната а таа се вика промена на референцата, демек со тоа ќе ги усреќиме Гејовите , а истите рекоа дека барат промена на името на сите можни нивоа вклучувајки и внатрешна употреба...

Тоа не ќе да е промена на референцата...
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Стратегија=Единство=/=Предавство
Предавство ????

Кој е предавник ????


Тој кој што те соочува со реалноста ?

Или пак тој што те пали ко млад мајмун за да на крај ти го спопика ?
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Предавство ????

Кој е предавник ????


Тој кој што те соочува со реалноста ?

Или пак тој што те пали ко млад мајмун за да на крај ти го спопика ?
Кој ми прави reality check, да ми извиниш? Ти? Суицидниот?

Ова ти се вика ОМЕКНУВАЊЕ ВО ЕТАПИ...

Ај прво ова попуштете, ај после она, ај тука уште малку бидете толерантни и на крај кога и самиот ќе сватиш дека си готов ќе попуштиш скроз...

Затоа СДС оди во етапи , неколку етапи веќе поминаа , на ред е следната а таа се вика промена на референцата, демек со тоа ќе ги усреќиме Гејовите , а истите рекоа дека барат промена на името на сите можни нивоа вклучувајки и внатрешна употреба...

Тоа не ќе да е промена на референцата...
Абе еј!!! Доста верглате со таа референца. Не е можна промена на референца. Возможна е само промена на име.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Една работа да се разбереме. Моето мислење го темелам, исклучиво согледувајќи ја реалната ситуација во која се наоѓа државава. Врз база на тоа и коментирам.
Кога би коментирале за личните желби, биди сигурен би биле поголеми и поамбициозни од твоите.
Но вреди ли тоа нешто ?

На маса имаме - или компромис со контролирана штета....или прекин на преговорите.
Трето нема!
Гледаш можност за прекин ?
Гледаш човек во државава кој би го направил тоа ?
Не.
Значи останува контролирана штета, виткање кичма, разумен компромис...попуштање, како сакаш наречи го.
Епилогот е ист:
Промена на референцата со компромисно име.
Ова го знаев јас. Ова го знаеше целата меѓународна заедница.
Ова го знаеа сите упатени аналитичари, интелектуалци, кодоши предавници...или како сакаш наречи ги.
Што мислиш. Дали Груевски знаеше за ова ?
Да.
Што е најтрагично го знаеше и терминот.
И наместо да се фокусира на изнаоѓање најповолно решение кое ќе оди во прилог на иднината на Македонија, тој во изминатите три години водејќи се од неговиот фамозен рејтинг, бараше предавници одродници и буба шваби.
И сега ќе ни мачка очи тука со некаква стратегија за името.
Што содржи ова стратегија која тој ја нуди ?
Ништо поразлично од условно кажано, стратегијата на "предавниците" Геро, Фрчко, Ѓунер, Бранко, Жарко, Гелевски, Ерол, Реален.......
- Замена на референцата ФИРОМ со компромисно име, и зачувување на Македонскиот идентитет и јазик.

Има нешто што е поразлично во ова таканаречена нова стратегија???
Нема.
Се е исто, само што повеќе темите за соросоидите и предавниците ги нема повеќе на форумов.
Знаеш зошто ?
Затоа што партиската заслепеност и вистинскиот патриотизам не одат заедно.

Oва можеби ќе го разбереш денес...утре или задутре.
но биди сигурен дека ќе го разбереш.

Доста шириш илузии бе аман.

Референцата не е предмет на спорот, зарем за референцата ни прават проблем Грците?


Не ја искривувај реалноста и прекини перфидно да подметнуваш промена на име.
Демек “не, не, кој ја не бе нема шанси“ а всушност во секоја од стандардниве теми за тебе не пропушташ прилика да протнеш некоја пропаганда или дезинформација.


Не постои за нас терминот - “контролирана штета“ - тоа ти е половична штета, со голема веројатност да стане целосна во иднина.

Самите Грци ти велат директно дека ти го спорат идентитетот, дека ако треба и 30 години ќе ти ставаат вето, дека нивната намера е преку две фази да го решат проблемот со нас ( првата - името, втората - идентитетот), дека тие никогаш нема да се согласат на половично решение туку инсистираат на едно целосно решение применливо насекаде вклучително и Уставот.

Затоа пак ќе ти повторам, не ја искривувај реалноста и не врши пропаганда под кошула!
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
294
Не ја искривувај реалноста и прекини перфидно да подметнуваш промена на име.
Nie ne podmetnuvame promena na ime ili realen nego pastirot tvoj,neli do vchera beshe kompromisot predavstvo i promena na ime pa sega se obiduvash da go amnestirash,mnogu naiven obid.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.039
Држи, и те како.

Еве го аргументот за иридентизам на грците во Букурешт.



За воља на вистината, грчките почетни позиции беа никакво споменување Македонија во компромисното име.
НАшата почетна позиција беше компромис со двојна формула за билатерално обраќање помеѓу Македонија и грција.

Би сакал само за ова да ти реплицирам без веќе досадните "ДПМНЕ-СДСМ" етикетирања.
Значи , кога спориш со некого за некакво прашање(барање), за да ја постигнеш својата цел ти од првин ќе бараш "брда и долини"(колку тие да не ти припаѓаат реално тебе) , за на крајот по КОМПРОМИСОТ го добиеш она на средина , што всушност е она кое ти е потребно(а не ти припаѓа по редот на нештата).
грците влегоа со таа карта во преговорите за името.
Значи колку и да глумат , на нив и те како им одговара Северна или Горна или Вардарска итн. , Македонија.
Ти текнува што ти кажувам?
А ти на нас овдека ќе ни објаснуваш како грците се всушност и доста конструктивни и дека "за воља на вистината" тие и бараат компромис? Објасни ми ти мене со кое тоа "основано право" тие не сакаа да во НАШЕТО новокомпонирано име воопшто да не биде содржан зборот "Македонија"?
Не брани змија(грција) , па макар Грујо и со к*р у манџа да ти брцнал.

Остани Македонец пред се , без разлика на мометална владејачка
гарнитура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom