Токму така.
Затоа, поистоветувањето на црквата и нејзините не баш светли постапки како институција со религијата, укажува на игнорантност, па оној кој ги постоветува, или воопшто не го познава Христијанстово или онака, спортски, се инати.
Проблемот е во човековите (оттаму и во институционалните) девијации. Не во Христијанстово како учење и религија.
Каков инает бре...размислете малку...
Реков за стариот завет се работи. Дали е тој помалку свет? Книга на постанокот е океј, а повиците на масакри на неверното население не се океј. Од истата книга? Јадно...
Ако сериозниот превид на поврзување на црквата со религијата

е игнорантност (неукост?) тогаш неповрзувањето е ставање на главата во песок (ној).
Кој е тој пример каде некое население ДОБРОВОЛНО се откажало од паганизмот или било што во што верувале и ДОБРОВОЛНО се покрстиле во христијанство (или ислам)???
Тоа што пишувал Павле и што проповедал Џошуа е едно, реалноста е друго. Ако христијаните се придржувале кон -
Колку што јас паметам, Павле вели (во своите посланија) дека кога некој не верува, или кога сака да ја напаѓа религијата, нема потреба ни да се впушташ во особени полемики со него, уште помалку да осеќаш гнев кон него, а не па нешто повеќе.
тогаш христијанството ќе си останела безначајна секта на блискиот исток какви што ги имало многу во тоа време.
Тоа што сега имаме христијанство е заслуга на неколку римски цареви,црквата и пред се НАСИЛНОТО прекрстување на население.
Освен ако има некој кој мисли дека добри мисионери оделе и ги убедувале луѓето во грешноста на нивната религија и им го покажувале патот до спасот преку Џошуа...колку мисионери би требало за да се убеди еден град...замисли секого да го убедуваш како што вели Павле...па ако не сака ништо...негово право.
Кој има елементарна искреност нека се запраша колку би можел да биде УБЕДЕН, сега на пример ви доаѓа Јеховист или Адвентист и ве убедува...знам, ќе го отерате у к...ц.
Исто би се случило и доколку мисионерот тој-и-тој отидел кај некои пагани и ги убедувал...
Но од позиција на сила,нож под врат,глад и слични мерки на убедување сите би прифатиле...или би настрадале.
Значи експанзијата на христијанството и фактот што денеска 2009 година и вие сте христијани се должи на насилство,крв и бруталност.
Јужна Америка. Кортес. Пизаро. Масакри. Геноцид. Насилно покрстување.
А денеска, потомците на насилно покрстените - се католици...можда искрени и праведни верници...без разлика.
Кој видел корист од убедување?