I ke docekam li odgovor dodeka sum ziva ili ke treba i za toa da go cekam gospod
Da bibam jasna
KOI SE "BELITE INFORMACII" KOI TI GI IMAS ZA SRWDNIOT VEK A SITE OSTANATI GI ISPUSTILE PORADI NASIOT LOS OBRAZOVEN SISTEM SO NE TRUE POSTOJANO
Попладнево, ќе се обидам на напишам пост по поставеното прашање.
А образовниот систем, допрва ќе не труе со полувистини и полуточни информации.
I ke docekam li odgovor dodeka sum ziva ili ke treba i za toa da go cekam gospod
Da bibam jasna
KOI SE "BELITE INFORMACII" KOI TI GI IMAS ZA SRWDNIOT VEK A SITE OSTANATI GI ISPUSTILE PORADI NASIOT LOS OBRAZOVEN SISTEM SO NE TRUE POSTOJANO
Еве, ќе се обидам да одговора, без да должам, барем не премногу.
Да видиме каков е античкиот Свет:
- народите и нивните цивилизации се раѓаат, се развиваат и исчезнуваат веднаш по нивниот врвен домет-световната историја сеуште ни ни кажува кои се причините за тие нагли цивилизациски падови, со одредени исклучоци.
- луѓето се раѓаат, живеат и умираат а пеколот не им гине.
- философите, независно од која цивилизација доаѓаат, мудруваат, се обидуваат да го објаснат Светот и да ја доловат суштината од неговото постење и смислата од човековото битисување на Земјава. Но, ниеден од нив не ни понуди спасение на душите.
Да прејдеме малку на „мрачниот„ Среден век, во кој доминира недостатокот од електрична енергија:
- преодот од стара во нова ера, се одликува со исчекување: нешто треба да се случи, некој треба да се роди;
- се раѓа Месијата, Кој ни понуди нов начин на живот, кој веќе има цел и смисла, но само со и во Месијата:
- Месијата ја формира својата Црква, како паралела на старозаветната арка-новозаветна арка во која се спасувата оние кои сакаат да се спасат.
- римските владетели ја гонат Црквата, но не можат да ја истребат-не е нивна, туку Божја.
- Светиот Цар Константин ја озакони христијанската вера, како рамноправна со тогаш сеуште псотоечките пагански религии. Царот го пренесе својот престол од Рим во Константинопол, а римската империја е поделена на Западна и Источна.
- Стариот/античкиот век, историски земено, замира во 495 г. од н.е. Воедно, тоа е почеток на средновековието/феудализмот, во кое преовладува новата, христијанската религија.
- средновековитето во Византија, како наследник на антички Рим, има поделена власт: световна, од Царот, и духовна, од Црквата.
- целото византиско општество е подредено на новите, христијанските вредности: царот се занимава со државата, Црквата со духовните категории. Науките во Византија не прекинуваат, туку добиваат поинаков тек од античкиот. Уметностие се целосно насочени кон духот: архитектурата, скулпурата, сликарството-имаат духовен предзнак, со цел, да се даде смисла на живеењето во Светов и да се нагласи животот после овосветовниот живот.
- Се е подредено на духовните вредности: парите ги има во изобилство, во облик од златни монети, кои за граѓанството немат некоја јака вредност: се избегнува среброљубието. Во периодот од големите пости, се прекинуваат сите јавни престави.
- во тогашниот европски Запад, ситуацијата е нешто поинаква: со државата владее римското папство, мешајќи се во световните работи од царевите и подготвувајќи се за „враќање на светата земја„ во облик од крстоносните војни. Папството воведува новотарии, кои се неспоиви со изворното христијанство.
Да прејдеме малку во ренесансот:
- падот на верата на тогашниот европски Запад, значи и промена на насоката од човековиот интерес: човеците не сакаат да богомудруваат, не се занимаваат со STUDIO DIVINA, туку со STUDIO HUMANA. За ренесансните свеглави поединци, човекот е ставен на местото од Богот.
- притисоците од венецијанските лихвари врз Константинопол, војните кои ги водат венецијанците со Константинопол, како и падот на верата во Византија, се воено и почеток на кројот од средновековието, со падот на Цариград во 1453.
Да поедноставам: средниот, „мрачниот„ век е заснован на нова, рисјанска смисла на животот, каде луѓето не се занимаваат со филосфски и неостварливи апстракции, туку живеат реален, конкретен живот, заснован на учењето Христово. Се во општеството е подредено на верата: и државата, и нејзините институции, и економијата, преку кои се дава цел и смисла на животот-тоа се: неговата минливост и гнилежност, но и ветувањето Христово за Неговото Царство Небесно. Црквовната архитектура и фреско-иноносликарството се ставени во функција на хрситијанската поука и порака за вечен живот.
Во средновековна Византија, Бог е на прво мест, па неслучајно таа империја траела најдогло до сега: 1132 г. и е ненадмината од ниедна друга, паганско-идолопоклонички настроена империја.