Слушалки

  • Креатор на темата Креатор на темата DonJas
  • Време на започнување Време на започнување

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Возраст
33
Локација
Дома
Веб-сајт
www.facebook.com
Вака.. ради тоа шо сум со слушалки поише од 4 саата дневно дојдов до оштетување на слухот.. кое за среќа не е прогресивно...

па ме интересира.. колку време вие поминувате со слушалки?..

какви слушалки користите?...

колку гласно конзумирате?....

јас дојдов до оштетување на слухот од HPM-70 ... кои го затвараат увото и не дозволуваат звукот да излезе надвор.. заедно со бактериите...

додуша не се којзнае колку гласни.. ама стигаат многу блиску до ушното тапанче:)...
 
Од нокиата шо ми се. Навечер или за у школо.

Едни од 200 денара за гејминг.
 
Само у школо,зш е тапа на часови не се издржува :( :cry:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
ap51.jpg
вакви исти имам дома...досега не ми се оштетил слухот фала богу.. само кога ти се цело време на тебе, после неколку саати почнуваат ушите да те болат зошто многу стегаат.
И никогаш не сум ги пуштила на најгласно.. секогаш тивко ги пуштам.. така да..:toe:
а слушалките од мобилниот не се нешо којзнае ни тие шо... едната не работи така да до некаде заштитена сум :)
 
Па порано повеќе ги користев, се додека не прочитав колку се штетни за слухот.
Сега ги користам еднаш во две недели.....
 
Повеќе од 6-7 часа сигурно. Дома за да не пречам со музиката, цело време ги користам нив. 90% од времето поминато се до даска :)
 
Порано користев за на компјутер слушалки, ама сега не ги користам зашто немам ни потреба.А на мп3 плеерот ги користам кога слушам музика, 1-2 саата дневно.
 
Ги користам оние од ајподот поретко, а минимум 4-5 дена во неделата по минимум 5-6 саати ги користам AKG K242, про слушалки кои се полуотворени од страната и не ствараат притисок.

Ме коштаа ама вредат.

akg_k242hd.jpg
 
Ги користам ептем ретко кога ќе имам потреба (кога патувам ги употребувам слушалките од мобилниот), а на компјутерот ги уклучувам кога на тие околу мене им смета музиката или филмот што го гледам.
И кога ќе ги употребам не ги пуштам толку гласно, ме иритира многу гласната музика, а свесна сум дека може да му наштети на мојот слух.
 
In ear стилот на слушалки се смрт за увото,допираат до тапанчето,едноставно го повредуваат.

Иначе користам повеќе видови.

За на телефонот си користам вакви
4255.jpg


Топ слушалица,али како што напоменав не ги користам активно ради што се опасни за увото,а и кога ги користам не ги пукам до даске.

Пред ПЦ користам некојси Gembird од 100 денари.
вакви ама без mic.

Genius_HS-02C.jpg


А за @ work Pioneer HDJ1000 препорачано е 3 саати користење!

HDJ1000.jpg



До сега скраја да е,не чувствувам некакво оштетување,чувај боже :smir:
 
Каде и да одам сум со слушалки на уши. Ако на почеток не е на максимум, постепено оди натака. :pos:
И затоа сега кога правам муабет, многу често се дерам или не дослушувам. :nesum:
Слушам или на Сони за во уше што се тие или од Нокиата што се.
 
Освен на работа, по дома ретко користам слушалки, користам само кога моите спијат, и не ми даваат гласна музика :pos:

За дома на компјутерот користам вакви, крш од 200 денари...

149mhp860.jpg


А за на работа користам вакви...

HPM1000_big.jpg
 
Преку зимо цело време сум на слушалки, а вака преку лето единствено ставам слушалки ако правам муабет на скајпот или ако патувам некаде надвор до градов па додека се возам да не ми е досадно слушам музика од мобилниот.
 
Вака.. ради тоа шо сум со слушалки поише од 4 саата дневно дојдов до оштетување на слухот.. кое за среќа не е прогресивно...

па ме интересира.. колку време вие поминувате со слушалки?..

какви слушалки користите?...

колку гласно конзумирате?....

јас дојдов до оштетување на слухот од HPM-70 ... кои го затвараат увото и не дозволуваат звукот да излезе надвор.. заедно со бактериите...

додуша не се којзнае колку гласни.. ама стигаат многу блиску до ушното тапанче:)...

Истиот модел го користам веќеќ 4 години ради тоа што таков ми е мобилниот.
Како и да е точно ради тоа што го затвора надворешниот ушен канал се намлува буката од надвор и можам на многу потивко да слушам музика. Во просек дневно околу саат максимум односно кога сум нешто сам низ град или кога сум во трамвај од факс до дома и обратно, и секогаш кога слушам музика во зависност до гласноста на снимката ставам да биде толку гласно да ако некој од надвор ми збори а се сконцентрирам да можам да го разберам.
Само на ретки моменти и песни ставам погласно ама по одредено време приметувам дека ми е прегласно и стишувам, оштетување на слуш немам.
во домашни услови секогаш слушам музика на звучници, макар било тоа и потивко.
 
На компјутер имам слушалки, слушам музика ама не гласно. Пуштам за да можам и тие околу мене да ги слушам. За на мобилен ретко слушам и имам Сони Ериксон ама без гумички.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom