Бидејќи има разлика од "вистински" до вистински одговор ке ти понудам малце статистика која очигледно си ја занемарил.
Како тоа Валенсија не кошта бодови не ми е јасно? Првиот гол кој го даде за Манчестер е против Болтон- гол кој се покажа како победнички, уште одма следната утакмица против Цска на гости во 86 минута тој се наоѓа во позиција и го постигнува единствениот и победничкиот гол, во 92 минута дава гол со Цска дома за да го спаси тимот од срамен пораз( ако ова не е доволно за оправдување на очекувањата, тогаш јасно е дека голем дел од форумов имале ПРЕГОЛЕМИ очекувања), со Евертон го дава 3 гол за запечатување на победата, интересно е што во поразот од Бешикташ дома Валенсија не играше а пази не коштал бодови. Потоа иде утакмицата со Вест Хем каде повторно постигнува гол, и сега пази во киксот и губењето на поени во утакмицата со Вила каде што ке повторам е крив цел Јунајтед, он само се спои во сивилото на тимот бидејќи не е човекот од кој се очекува да го вади Манчестер од калта нели? Руни е тој човек нели? Ама него никој не го критикува, no siray Руни е богот како така да го критикуваме.
Е сега пази во следната утакмица против Вулвс според тебе фудбалерот кој не ги оправдал очекувањата повторно дава гол. И после тоа иде утакмицата со Фулам каде што се знае причината за пораз, ама изгледа Валенсија и затоа ти е крив.
Со Хул не изигра нешто посебно и јас се сложувам за тоа, а исто и Фергусон оти го извади до 60 минута нешто што најверојатно немаше да се случи ако стварно му беше милениче како што мислиш ти нели?
Да не ги спомнам и асистенциите на Валенсија. За прв гол со Виган, он му нафрлува на Руни за гол и тн и тн и тн....
Ако ова за тебе е играч кој не ги оправдал очекувањата тогаш едно интересно прашање- како тоа за тебе Нани ги оправдал очекувањата и треба да игра пред Валенсија со само една утакмица изиграна добра и тоа пази која немаше ни мал притисок на гости со Волфзбург каде што
од милион нафрлани топки он конечно го најде Овен за да даде гол???