Момци џабе се расправате, за жал жртвено јагне мора да се има и честоа(ако не и секогаш) 99 % од фан клубов го избира погрешниот за тоа. Исто како во Ливерпул што им е крив Лукас место нивната капитенска осмица исто е и кај нас. Се надевам дека сте го согледале тоа(иако нема шанси).
Валенсија за новодојденец е и повеќе од ефикасен. Засега има 4 гола и 3 асистенции од 18 стартови во ПЛ и ЛШ. За десно крило која целта му е само да упатува центаршутови во 16 ник ова е доста добро. Да не зборувам за тоа дека има одлучено 3-4 утакмици. Вие не можете да го разберете неговиот учинок, голема грешка е да се каже дека е донесен како замена за Роналдо. Роналдо е all-round офанзивен играч. Може да игра шпиц, лево крило, десно. Дава голови со глава, од слободни, пенали, лева нога, десна, значи со самото ваше мислење(кое морам да признаам дека е доста наивно) дека Валенсија е директна замена за Рони вие имате огромно очекување од него и сакате на секоја утакмица да дава по два гола. И после кога ке се разочарате се дрзнуете да напишете смешни постови како тоа он бил себичен, бла бла бла...
Среќа што не ве чита некој аналитичар од Англија ке помисли дека само на островото следат фудбал како што треба.
Значи одиме до еден мал заклучок. Бидејќи си замина нашето главно напаѓачко оружје мораше да се смени концептот на игра. Минативе три сезони ако сте гледале вистински( а верувам дека не сте) Роналдо имаше добра навика да се наоѓа магично во 16 тник, слобода која моментално Валенсија ја нема. Игра со глава која Валенсија ја нема. Па одиме до следното логично размислување, бидејќи немаме веќе толку универзален офанзивец(освен Руни) логично е да се вратиме на стариот добар 4-4-2 систем. Систем кој е карактеристичен за Јунајтед во неговата историја со две класични крила( значи под класични спаѓаат оние леви крила со лева нога,десни со десна, а не обратното ала Меси) и два шпица од кои едниот е добар target man, а другиот полушпиц со главна задача во тимот и главни очекувања од него.
Во минатото Бекам и Гигс асистираа, Шерингам и Кол спуштаа, Јорк, Нистелрој и Солскјер постигнуваа. Додади на тоа и головите на Бексот и Гигс и врвната форма на Сколс имавме моќна машинерија. Сега се стреми токму кон враќањето на тој систем. Флечер и Керик работат на средината, повремено ке игра и Андерсон додека не се научи на константност и додека не го подобри шутот да му биде подобар од некој рандом 16 годишен тинејџер од резервите наши.
Валенсија има и те како добар центаршут( кој мене доста добро ме изненади) има силен шут(иако само со десна нога) и неговата брзина и пред се забрзување од место е далеку подобра од вашето милениче Нани. Исто така не знам дали имате забележано дека има добар трик да го користи телото на профивничкиот фудбалер за да се подбутне од него и со тоа да отепа две муви со еден удар. Ем го кочи противникот ем добива забрзување. И слепец би видел дека Валенсија (сега за сега, додека Нани не си ја среди психата и не изгради победнички и константен менталитет) е далеку поквалитетно решение за десната крилна позиција.
И морам да дојдам до поентата на мојот пост. Зошто секогаш го наоѓате жртвеното јагне за неуспесите во погрешната особа. Зошто не се осмелите да речете лош збор за оној кој е главен наш играч, за оној кој во секој момент очекуваме да реши утакмица со еден потег???
Зошто во оваа цела сезона не видов ни еден да напише лош збор за Руни и Гигс( барем во утакмиците кај што очигледно заслужувале)?
Руни со Астон Вила, Руни со Барнли, Руни со Ливерпул, Руни со Фулам, Руни со Сандерленд и тн и тн и тн... Ама не, тогаш Валенсија беше крив оти себичеше многу. Патетики.
Гигс една утакмица игра како во најдобрите години, друга се губи као тинејџер. Избрзува со одлуките само со Хул упропасти три потенцијални контри и оттаму следува исфрустрираноста на Руни. И од таа исфрустрираност излегува нашиот неуспех сезонава да се вратиме на психолошки план по водство на противникот( секоја чест на утакмиците со Тотенхем, Сити, но тоа не е доволно за шампион, среќа што конкурентите сезонава ни се срање исто како и нас и не се одделија многу).
Во поразот од Астон Вила можеше да се види што ни фали сезонава и тоа очајно. Знам дека скоро сите знаете али сакате што побрзо да заборавите на тоа. До некаде ве сфаќам, но требаше да не заборавите на него кога викавте дека Манчестер е целина, не иднивидуалност. Интересно викате целина, а го критикувате само Валенсија. Лабилност и дегенерикус во постовите до максимум.
Морате секогаш да гледате од сите агли, да гледате надвор од кутијата. А не како што ви наложува спортденес и некои слични срање портали.
И еве да не испадне залуден постов(во вашите очи) и јас да го искритикувам Валенсија бидејќи треба повеќе да се смее и да слави кога ке дае гол.
Сајонарааа...