Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Добра игра,ама само добра.Можеме многу повеќе...Евра како крило да игра,Гигс не го ни забележувам,или па кога ќе фати топка греши.Добро би било Обертан да го замени,ама не верувам дека тоа би се случило пред 70 минута.Руни ме нервира со тие додавањата од прва,ама ќе се поправи во второ.

Голот на Флечер :vozbud:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Морав... голот беше ЕБЕЊЕ bolt: bolt: bolt: Браво за Шкотланѓанецот. Одиме на петарда :pipi:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.138
Поени од реакции
1.743
Шо би рекол чичко Енди Греј од Скајспортс, take a bow son,take a bow.Колку само ќе ги изебеме до крај овие, не се свесни.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.752
Поени од реакции
11.655
Моментално навивачите ја пеат песната против Тевез :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Честито победа!

Ги убивме едноставно,постигнавме 3 супер погодоци и заслужено ги освоивме 3-те поени..Се вративме на 2-рата позиција,па сега ни преостанува да чекаме кикс на Челзи следната недела и да ја намалиме разликата :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Нека ни е честита победата... убедлива победа без примен гол, целосна доминација на теренот, премногу точни, кратки додавања на средината на теренот, добро покривање на средината на теренот од страна на Флечер и Керик, а и добро беа покриени гостинските напаѓачи Саха и Кејхил од Браун и Видиќ... Евра, Рафаел, Флечер денеска најдобри според мене, иако кога екипата победува и кога има целосна доминација, тогаш сите се најдобри... повторно се вративме на втората позиција, а сега на ред акцијата "Симнување на Челзи од врвот" :) Феноменален Еврогол на Дарен Флечер, ја симна пајажината од аголот на голот на Хауард, а убави беа и головите на Керик и Валенсија...

Следен натпревар со Бешикташ на Олд Трафорд, во рамките на Лигата на Шампионите :helou:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Конечно убав резултат 3:0 :). Победа без примен гол и многу интересни комбинации во составот. Во секој случај добар натпревар со мали исклучоци за некои поединци, но и Евертон не беше нешто посебно за да дојде тоа до израз, иако второто полувреме имаа малку повеќе посед. Најдобриот поединец и натаму останува Патрис Евра кој воопшто не одмара, ги изигра сите натпревари и е најдоброто крило во нападот за разлика од крилата наши кој не знаат една топка да нафрлат во 16-те метри. Фала му на господ Валенсија постигна гол, инаку уште којзнае колку пати ќе ја манифестираше својата себичност и пропаст на шансите кои ветуваа повеќе доколку не шутираше на гол. Драго ми е што Флечер не само што се врати во колосек после повредата, туку постигнува гол каков што "само на компјутер се постигнува" :). Добро е што Руни отиде да се одмори, ќе ни треба за со Бешикташ. Се трудеше, трчаше, се бореше, но не успеваше "да се здружи со среќата" :), па немаше краен ефект. Сколос и натаму покажува дека нема да погрешите ако го наречите една од најдобрите легенди на Манчестер Јунајтед. Потполно ја смена целата игра и организација откога влезе. Во одбраната се осети отсуството на Рио Фердинанд и Еванс, но за среќа Евертон или беа непрецизни, или тука беше чудотворецот на голот Ван Дер Сар. Секоја чест за него како да има 20 години. Овен одличен иако не успеа да се прослави, но добро е штом доби денес целосна минутажа иако на крајот се осети малку заморот. Сепак години си се години :). Гигс со исклучок на некои моменти, не му успеваше да го стори она што го посакуваше, но и за него важи она "години си се години"... Од Евертон беше наметнато побрзо темпо на игра. Ако сакаме и Обертан да не радува мора повеќе да игра, ова вака е малку. Во секој случај слатка и важна победа која психолшки ќе го поткрепува тимот за понатаму. Челзи го следиме, а Арсенал го заминавме. Ова не е ништо друго туку уште еден чекор напред кон титулата. Е па со среќа и нека ни се множат бодовите.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
ЧЕСТИТО УБЕДЛИВА ПОБЕДА БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ! Одлично си демнеме на табелата и си чекаме кикс, таман така шпиунски :helou:. Сега немаме некои којзнае какви утакмици у ПЛ така да очекувам подолга серија победи, зашто спрема покажаната игра тешко некој да ни парира.


Добра игра,ама само добра.Можеме многу повеќе...Евра како крило да игра,Гигс не го ни забележувам,или па кога ќе фати топка греши.Добро би било Обертан да го замени,ама не верувам дека тоа би се случило пред 70 минута.Руни ме нервира со тие додавањата од прва,ама ќе се поправи во второ.

Голот на Флечер :vozbud:
Другар, де бе да му ебам не ми крши филм со таков пост. Само добра? Па шо сакаш ти како да изиграат? Евра (роботот) се надмина себеси, Гигс имаше компјутерски точни пасови и центаршутеви шо за жал немаше кој да ги искористи. Валенсија најдобро до сега. Руни борбено помеѓу 3-4 дефанзифци у секој момент (ах за малку таа стативата). Голот на Флечер...не ми се веруваше...си останав со ококорени очи...ремек дело. Не го забележуваше Гигс а? Па дај да го ебам гледајте утакмиците со 2 отворени очи. Кажи Овен не го биваше, а не да ме насмејуваш тука.

Поздрав. :salut:
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Другар, де бе да му ебам не ми крши филм со таков пост. Само добра? Па шо сакаш ти како да изиграат? Евра (роботот) се надмина себеси, Гигс имаше компјутерски точни пасови и центаршутеви шо за жал немаше кој да ги искористи. Валенсија најдобро до сега. Руни борбено помеѓу 3-4 дефанзифци у секој момент (ах за малку таа стативата). Голот на Флечер...не ми се веруваше...си останав со ококорени очи...ремек дело. Не го забележуваше Гигс а? Па дај да го ебам гледајте утакмиците со 2 отворени очи. Кажи Овен не го биваше, а не да ме насмејуваш тука.

Поздрав. :salut:
:) :) :)
Другар ова го напишав по првото полувреме.А за второто немам коментар.Едноставно перфектно.

Поздрав.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.006
Поени од реакции
7.164
Е ова е ЈУНАЈТЕД! Комплетно надигрување на противникот во сите аспекти на фудбалската игра. Коментаторот ме :pos: на моменти:“Еве сега Евертон сериозно се заканува за израмнување има игра, шанси, притисок“ , а во корнери 11-0 за Јунајтед :vozbud:. За Евра што да се каже веќе човекот е :zver:, :cuc: секоја чест . Онаква пожртвуваност, сила, борбеност, па и дриблинзи уште и индивидуални акции...:vozbud: немам зборови. Флечер со денешниов гол дефинитивно ме порекнува во сето она што до оваа сезона го мислев за него дека е “дај ми ја-на ти ја“ играч и полека си го осигурува своето место во првата постава. И Керик исто се враќа во старата форма. Гигс немаше свој ден, сепак старост си е старост. Можеби Ферги треба малку повеќе шанса да му даде на Обертан на негово место. Гледате како веќе Валенсија полека станува стандарден по десната страна и слободно Нани може да смета дека таа позиција за него е завршена приказна. Со каква само сила се пробива, какви пасови има :vozbud:ама уште треба да поработи на шутот од далечина, премногу топки троши.Овен конечно изигра 90 мин. и искрено сум задоволен од него, само така може да ја поврати формата. Сколс прав коректор во играта. Си ја заработи дневницата денес со 15 мин. искусна и безгрешна игра. Одбраната на ниво,посебно Рафаел, а дечкото има само 19 год.:vozbud: , ВДС :cuc:, нека учи Фостер од него (а уствари зошто уште се надеваме на него?). Сега следен на список е Бешикташ и таму очекувам уште една рутинска партија и ваква слична победа.

:vozbud:НАПРЕД ЈУНАЈТЕД:vozbud:


П.С. Арсенал :tapp:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom