Е ова е ЈУНАЈТЕД! Комплетно надигрување на противникот во сите аспекти на фудбалската игра. Коментаторот ме

на моменти:“Еве сега Евертон сериозно се заканува за израмнување има игра, шанси, притисок“ , а во корнери 11-0 за Јунајтед

. За Евра што да се каже веќе човекот е

,

секоја чест . Онаква пожртвуваност, сила, борбеност, па и дриблинзи уште и индивидуални акции...

немам зборови. Флечер со денешниов гол дефинитивно ме порекнува во сето она што до оваа сезона го мислев за него дека е “дај ми ја-на ти ја“ играч и полека си го осигурува своето место во првата постава. И Керик исто се враќа во старата форма. Гигс немаше свој ден, сепак старост си е старост. Можеби Ферги треба малку повеќе шанса да му даде на Обертан на негово место. Гледате како веќе Валенсија полека станува стандарден по десната страна и слободно Нани може да смета дека таа позиција за него е завршена приказна. Со каква само сила се пробива, какви пасови има

ама уште треба да поработи на шутот од далечина, премногу топки троши.Овен конечно изигра 90 мин. и искрено сум задоволен од него, само така може да ја поврати формата. Сколс прав коректор во играта. Си ја заработи дневницата денес со 15 мин. искусна и безгрешна игра. Одбраната на ниво,посебно Рафаел, а дечкото има само 19 год.

, ВДС

, нека учи Фостер од него (а уствари зошто уште се надеваме на него?). Сега следен на список е Бешикташ и таму очекувам уште една рутинска партија и ваква слична победа.
НАПРЕД ЈУНАЈТЕД
П.С. Арсенал 
.