На форумов голем дел од темите бараат длабоко размислување и од нив се очекува добра дискусија. Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
Меѓутоа теми за кои треба убраво срочени реченици завршуваат како непопуларни, со по 5-6 поста. Теми кои би имале прекрасна иднина само кога секој од нас, наместо да изгуби 10 минути барајќи спротивстваени мислења, би изгубил исто тлку време за убаво да размисли и да ја пренесе својата мисла.
Каде е еланот со кој се фалат сите форумџии? Зар тој се состои само од пишување во теми каде има актуелни караници, теми кои се во стилот на ЧДА(чда фанови, извинете, но реланоста е таа)?
Каде се тука темите од философија и психологија, кои би биле уште попрекрасни да се читаат ако малку заживеат?
Каде се темите од општи муабети на кои има по само 3 одоговир, затоа што некои од нас сметале дека попаметно е три пати да напишат хит на денот, отколку да ја продолжат навидум активната и плодоносна дискусија?
Зар не беа сите на форумов креативни личности?
Барам еден единствен одоговор? Каде е длабокото размислување и посветеноста на одредени теми кои допираат до нас, онака како што би допрела и најубавата песна? Каде е тоа размислување кое најголем дел од форумџиите си го препишуваат како своја прва особина?
п.с.Не алудирам на ништо, не би сакал некој да ја сфати темава како лична навреда. Но доколку некој си ја има мувата на капата, му препорачувам да не се срами и слободно да ја избрка.