Пази ова.
Пази многу јако, молим те.
Спомнуваш "непознавање на фудбал", помислив мислиш на гејмплеј.
Што од болдираното реално влијае на гејмплеј?
Како прво, тоа што компјутерот те занимава ко мало дете со пасовите, тоа е затоа што не можеш од прво играње да го фатиш Милан, да влезеш во ЛШ на Pro тежина и да се правиш курац и пол.
Едноставно, играва ќе те изеде жив додека не ја научиш.
Второ, пеналите, за разлика од Фифа, немаат 6 насоки (горе лево, доле лево итн), туку сега се направени да зависат од тоа колку ќе центрираш на аголот. Добро позиционирана топка не ја фаќа никој голман. Ама хеј, тоа зависи од формата на играчот, од неговите можности...треба да се увежба, ипак, не е ова Фифа.
Трето, не сфаќам што звукот на стативата има врска со гејмплеј. Еден пач решава се.
Четврто, е да, шутевите се како да шутираш со некое животињо, ипак, пак ќе речам дека ова не е Фифа, не можеш ти од свртување и од пола терен во гол да центрираш.
Петто, звуците, не влијаат на гејмплеј, плус, веќе има пач за нив, снимани од вистински навивања.
Значи, не можеш ти како Фифа фан да и влезеш на играва и да и бараш недостатоци.
Треба да пробаш објективно да гледаш, да ги видиш сите предности и недостатоци.
Бидејќи ти ова што го наброја нема везе, PES 2010 јесда е далеку од совршена игра, ама вистинските недостатоци се сосем други, не се овие плукања кои ти ги наброја.
Гарант те потопиле со 6-0 на Pro во ЛШ, па си рекол, ај да идам да и се истурам на форум.
Признавам, и мене ненормално ме курчи играва на моменти