Извини ама не сум приметил дека си ме прашал нешто за да ти одговорам.А по однос на ова прашање еве го мојот одговор:
-Органите на УЕФА сигурно сами не го иницирале овој процес,зошто очигледно е кому е наменета казната што ја стигна Победа и бламажата на нашата држава Македонија,наместо да го стигне вистинскиот газда на Победа и само неговите експонирани марионети.
Мислиш Миленко како клучен сведок во истрагата која беше покрената од “некои спортски новинари“,не знае дека Харалампие Аџиристески му е зет за сестра на “казнетиот“ и експониран во медиумите Александар Забрчанец?Мислиш ли дека Победа е само од Ацуле,а не и од председателот на ФСМ?Знае бе,се знае,ама се прави на удрен одкако работите не му излегоа баш по планот,да бидат осудени и казнети вистинските виновници а не спортскиот клуб Победа и избламирана државата Македонија.Токму тоа го прави Миленко КОДОШ,како кодошите на времето што им ја кажувале вистината на Турците каде се кријат комитите,или кодошите кога им кажувале на Бугарските окупатори каде се кријат партизаните,или кога кодошите им ја кажувале на УДБАШИТЕ вистината за Ченто и другите кој се залагале за независна Македонија,тие воопшто не ги лажеле своите “работодавци“,едноставно само им ја кажувале вистината.
-
Решението на овој проблем не го гледам на овој начин преку УЕФА каде Харалампие има високи позиции,стекнати само тој знае како,туку со внатрешни истраги за вакви или домашни натпревари каде нема да се објави во светската спортска јавност како некој клуб од Македонија (X) е казнет со така спектакуларна казна или како некој анонимус на 70 годишна возраст од МАКЕДОНИЈА ќе биде доживотно суспендиран од спортските терени (јака муда).Внатрешни истраги со прибирање на несобориви докази за лажирање натпревари,поткуп на судии,со ефективни затворски казни би го направиле Македонскиот фудбал навистина фудбал,без да го валкаат името на Македонија како да е Колумбија во Европа ебаго.
Види вака , ABC. Ако ние-нашата држава, беше кадарна да се справи "внатрешно" , со сите овие мешетари, немаше да бидеме , онаму кај што сме денес. Читајќи те по форумов, знам дека ти ова многу убаво го знаеш. Значи , да не си мачкаме очи дека сме можеле ова побезболно да го поминеме.
Лично , верувај немам ама ништо против Хари. Сега за сега , ништо се нема докажано против мангата. Знам дека не е цвеќе за мирисање , ама стварно НЕ гледам дека многу поубаво работеше ФФМ (на времето и ФСМ) , на чело со Ламбе , Ѕинго , Кипро ....
Иста сорта сите, и се на некого му сметаше некој ... "Ѕинго педер, напред Вардар , ЕЈ ....ЕЈ" ... ти текнува , така? Се исти курац.
Ниту па Победа ми е нешто крива.Напротив, заедно со Пелистер можеби единствените клубови надвор од Скопје , што можат да створат пеколен амбиент кога игра нивниот тим. Со секоја почит за тоа. Но , мене тоа највеќе ме боли. Тие се тие гледачи , навивачи , подржувачи на клубот кои навеќе патеја кога Ацуле се поигруваше со нивните чувства и надежи , дека ете баш таа 2004 можеби Победа и некако ќе стигнат , ако не друго , бар до тоа фамозно 3то квалификационо коло. А што добија? Срамота.
Па , добро.Знам дека вие прилепчаните и не трпите некој да ве вреѓа и влече за нос.Од ова , поголем безобразлук ако има , ајде кажи ми?
Како вие дозволивте човек како Ацуле да е на чело на вашиот омилен клуб? Како вие дозволивте по оној срамен пораз , тој човек да го дише истиот воздух со вас во вашиот град?
Еве сега гледам што му се спрема на Миленко.(И ако! тој , ако не за ова , треба да плати за еден куп други дубари правени во минатото).
Зошто тоа истото што ме се спрема на Миленко, не му беше доделено на Ацуле & CO ,со мал екстра бонус ? Па за оној натпревар и врапчињата знаеја дека наместен!
Иако 8 годинишната казна за апстиненција од европските натпреварувања е драконска(и јас не ја оправдувам големината)ама, сепак споделувате мала одговорност и вие , навивачите за тоа што му се случи на клубот. Преголема инертност.
И сега прашуваш , зошто Милан , Јуве не го јадоа стапот сразмерно?
Прво, UEFA не ги гонеше нив.Ама ај да решеме фиктивно дека и ги обвинила нив. Од Победа UEFA нема ама баш никаква корист. Колкав број на навивачи има споредбено со Милан , Јуве во свтески рамки? Колку тие навивачи се парично јаки, за да го следат својот клуб по Европа? Спонзори? ТВ права?
Да се казни Јуве , Милан по 8 години е рамно на харикири. Од финансиска гледна точка , погубно за UEFA. Така да јасен е двојниот аршин.
Само па , лично јас, неможам и да гледам како толку очигледно некој наш клуб го продава образот надвор во Европа. Да , нашиот МАКЕДОНСКИ образ.