Осумгодишна суспензија за Победа во Еврокуповите

Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
Како нема корист кога му е потпарол за “спортски“ изјави на шефот Миленко кој ни го споеба Прилеп како град на фудбалот од светски ранг,за да си ја оствари зацртаната цел и да го суспендира 70 годишниот Ацуле од спортскиот живот,кој и онака за него беше минато,или мислеа дека сега Ацуле ќе облече копачки па ќе им стегне 2-3 гола на Ѓорчепетровци,пред да умре,за успомен на Џаро.:toe:
Тоа ме боли.Јас имам пријател од Милано кој е навивач на Милан и баш го заболе за Берлускони каков човек е,туку му беше мака што клубот заработи казна па си страдаа навивачите на истиот.И сеа ќе дебатираме дали Миленко е кодош или Ацуле криминалец? Касно бе браќа,касно...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Беше на консултации кај Миленко и си упатен од прва рака (уста) кодошка?
:pos2::pos2::pos2:
Искрено Алекс јас не видов ама баш ни една реална твоја проценка на ситуацијата во ФФМ и што се се крие позади овие игри.
Од тебе слушаме само необјективно фалење на Миленко и искрено не сум баш сигурен во отвореноста на твоите очи некако заслепен ми стоиш. :uvo:
за разлика од тебе не тропам зелени
за разлика од тебе знам работи кои не треба да ги кажам
тоа што го бранам Миленко не значи дека сум заслепен
и ви кажав ако ви е тој крив
ако имате докази з негови местенки пријавете го
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Миленко во Нион бил во својство на обсерватор, значи како лице што ги познава приликите во нашиот фудбал. не можат да водат истрага за Победа, а да нема некој што знае како одат работиве во нашиов фудбал, како тоа клубовите работат со блокирани жиро сметки, како тоа клубовите добиваат лиценци за настапи во Европа и некои такви слични работи, а не како што кажаа господата од ФФМ - дека бил ГЛАВЕН СВЕДОК (читај кодош). Бил повикан од судот како личност во која судот имал целосна доверба, со цел да објасни некои работи кои не им биле јасни за судиите. Имено за овој случај имало 3 клучни сведоци чии имиња се чувале во тајност (што е многу нормално - нешто како заштитени сведоци). тие со нивните изјави ја потврдиле местенката. значи станува збор за луѓе кои во тоа време биле на функција или во Победа или биле на некаков начин поврзани со Ацуле. читав дека се шпекулираше со името на тогашниот тренер на Победа, кој се разделил со Победа на многу лош начин. мислам и дека уште му должат нешто пари... Хари кодошите треба да си ги бара ви неговата околина...
Значи судот имал целосна доверба во Миленко кој е преобратен во затвор,токму за слични финансијски малверзации во спортот,нешто како Љубе Бошковски да оди и да им разјасни некои нејасни работи на судиите против Јохан Тарчуловски во Хаг.Абе не го пере матната Миленко,посебно сега одкако го споеба цел Прилеп како фудбалски град,ја споеба цела Македонија како правна држава и на крај се избламира самиот со своите “дудлачки“ афинитети.:toe:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Тоа што Хари не падна, а Победа падна не го амнестира од вината Миленко дека е кодош! Вака требаше да ти стои реченицата. А тоа што ти го објаснив со бутикот, оној примерот, тоа не е криминал. Тоа е што јас сум поспособен од тебе и си имам овци за стрижење! А состојбата е таква во Мак Фудбалот не бидејќи Хари, туку ти кажав, изгледа не разбираш.. поради неспособноста на државата да се справи со се тоа!
Криминалот си е криминал! Како сакаш подреди ги зборовите, реков се зависи од перцепцијата на твоите очи.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.769
Поени од реакции
5.508
Значи судот имал целосна доверба во Миленко кој е преобратен во затвор,токму за слични финансијски малверзации во спортот,нешто како Љубе Бошковски да оди и да им разјасни некои нејасни работи на судиите против Јохан Тарчуловски во Хаг.Абе не го пере матната Миленко,посебно сега одкако го споеба цел Прилеп како фудбалски град,ја споеба цела Македонија како правна држава и на крај се избламира самиот со своите “дудлачки“ афинитети.:toe:
па брату такви им требаат нив, такви особи што знаат како се праат тие работи. не ќе ме викнат мене или тебе или некој трет шо појма нема да им објаснува за местење утакмици. Миленко според мене бил во својство на вештак, грубо кажано :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
Криминалот си е криминал! Како сакаш подреди ги зборовите, реков се зависи од перцепцијата на твоите очи.
Море,разбирате бе вие неколкумина тука дека градот страда поради криминалот,а не овие двајца? Се гледа дека на тоа се ситите,или со други зборови,к..ме заболе за победа и навивачите...кажете го тоа јасно барем,не се стегајте...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Море,разбирате бе вие неколкумина тука дека градот страда поради криминалот,а не овие двајца? Се гледа дека на тоа се ситите,или со други зборови,к..ме заболе за победа и навивачите...кажете го тоа јасно барем,не се стегајте...
Тоа им го сугерирам цело време,ама кој ме слуша.Сепак верувам дека Прилеп ќе му се “оддолжи“ на Миленко како “вештак“ кој го заеба цел Прилеп и цела Македонија.:toe:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не бе батка нити имам нешто против Победа нити против Прилеп
напротив имам многу пријатели од Прилеп со кои деновиве си попрајвме муабет за настанов
само што тие пореално од вас гледаат
не се толку тврдоглави
многу повеќе работи знаат од вас и не го порекнуваат криминалот
и многу ми се допадна што еден другар прилепчанец рече дека и Јувентус беше казнет па се опорави
така и Победа ќе се опорави
и дека навивачите и клубот не треба да се чувствуваат засрамено
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Криминалот си е криминал! Како сакаш подреди ги зборовите, реков се зависи од перцепцијата на твоите очи.
Па падна Победа! Ама Хари остана!
Ајде сега да одиме понатаму..
Сигурно има нешто сомнително и кај Вардар.. нека падне и тој..
Ама Хари пак ќе остане!
Потоа одиме понатаму.. со нов кодош..
Нека падне сега Пелистер! Ќе најдат нешто и за него.. не мора во Европа.. некоја утакмица за опстанок во Македонија..
Ама Хари пак ќе остане на власт!
Одиме понатаму.. повторно нов кодош..
Ќе падне Македонија.. па ќе падне Силекс.. па ќе падне и Милано..
И на крај конечно..
Ќе падне Хари! Целта е остварена! Ама во лигата останаа екипи како Новаци, 11 Октомври, Турново, Рудар.. Ќе одиш ли да ја гледаш таа лига? Ќе одиш да рикаш како магаре? Ќе се игра без местење те уверувам.. оди навивај..
Е сега ова беше вашата верзија.. ама сега за сега падна само Победа.. ништо посебно.. еден моментално слаб клуб.. од Прилеп..
Слушни ја сега мојата верзија..
Турни го Хари.. не ти.. оваа неспособна држава.. не Уефа.. нашите органи кои се платени со пари од граѓаните да го сторат тоа.. да го исчистат криминалот.. и остави ги во лигата да играат Победа, Вардар, Пелистер, Силекс, Македонија..
Дали сега ја гледаш разликата на ставовите меѓу мене и голем дел од вас кои се ситат на оваа неправда? Или треба да ти нацртам на лист од блок?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
Тоа им го сугерирам цело време,ама кој ме слуша.Сепак верувам дека Прилеп ќе му се “оддолжи“ на Миленко како “вештак“ кој го заеба цел Прилеп и цела Македонија.:toe:
Тешко ќе му објасниш на типови кои за газди на своите клубови ги имаат пречесните Трифун,Ѕинго,Бајруш,а за Миленко,не сум сигурен дека е уплашен од прилепски закани,особено што не го погоди баш градот со кој најде да се заебава,а се заебава веќе подолго време ...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Тешко ќе му објасниш на типови кои за газди на своите клубови ги имаат пречесните Трифун,Ѕинго,Бајруш,а за Миленко,не сум сигурен дека е уплашен од прилепски закани,особено што не го погоди баш градот со кој најде да се заебава,а се заебава веќе подолго време ...
оо Боб Рок
па што не кажеш дека си ти
сега се ми е јасно
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
не бе батка нити имам нешто против Победа нити против Прилеп
напротив имам многу пријатели од Прилеп со кои деновиве си попрајвме муабет за настанов
само што тие пореално од вас гледаат
не се толку тврдоглави
многу повеќе работи знаат од вас и не го порекнуваат криминалот
и многу ми се допадна што еден другар прилепчанец рече дека и Јувентус беше казнет па се опорави
така и Победа ќе се опорави
и дека навивачите и клубот не треба да се чувствуваат засрамено
Јувентус беше казнет од Федерацијата на Италија и од државните органи односно судовите во Италија! Победа е казнета од Уефа! Има разлика тука! Не е победа и навивачите засрамени..
Се срамам како Македонец што не сме способни сами да си ги решиме проблемите, па се јавуваат некои кодоши кои ургираат кај Уефа да се казни нашата Лига и Федерација!
Не е исто..
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Море,разбирате бе вие неколкумина тука дека градот страда поради криминалот,а не овие двајца? Се гледа дека на тоа се ситите,или со други зборови,к..ме заболе за победа и навивачите...кажете го тоа јасно барем,не се стегајте...
Не само Победа и Прилеп, од криминал страда се. Исто како што ти би реагирал колку состојбите во Вардар ќе се решат или ако наместо Победа беше казнета Беласица или Милано или Шкендија или Турново или или .....би се дрзнал. Горчливата реалност е што Победа прва е казнета. Незнам од каде впечатокот дека се ситам за казната. Исто би реагирал и за Вардар, Работнички, Пелистер и сите неспоменати ако бидат казнети.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
останете ми поздравени
немам ништо против клубот нити против градот нити против некого лично
ако имало криминал треба да се казни соодветно
и не е добро да страда клубот толку многу
заминав јас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom