Осумгодишна суспензија за Победа во Еврокуповите

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
една работа досега не ја прочитав од тебе
дали имало местенки
дали се криви Ацуле и Победа?
и дали ако имало местенки Ацуле можел сам да намести без помош од тимот
и немој во одговорот Миленко ова она
барам конкретен одговор на тоа што те прашав
Немало местенки!Ацуле е секогаш крив!Победа никогаш не е крива!Ако имало местенки Ацуле имаше моќ секогаш се сам да намести,без помош од тимот кој немаше да земе плата ако изиграше како што Ацуле не сака,затоа што е сопственик на клубот,но не и на брендот Победа чиј сопственик е градот Прилеп а со тоа и Македонија.

Задоволен?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

фала многу
сега ги разбирам сите твои постови и тоа колку си реален
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Цел свет мести натпревари еј, најголемите клубови си ги пополнуваат своите дупки во буџети преку тоа. Сега УЕФА не можи по магарето удри по самарот. Која е Победа ја нема на мапата на фудбалот. За една мизерна фотеља наречена претседател на ФФМ, сите има да ги трпиме последиците.
Ами ако го изберат случајно пак Рампе наш за претседател, резилот е пукнат. Него само со тоа ќе му го накршат, а бе има настрана да му моча.
Не осудија со тоа што не влеговме во НАТО, УЕФА не осуди полошо одошто ги осудија во Калчото кога КАМОРА што ги редеше натпреварите во Италија. Сега и ЕУ ќе не осуди нема датум нема преговори, менувајте име. Добро е работат луѓево сите против нас, дури и тие што имаат модрици во своите гради, чукајќи се во нив колку големи патриоти се.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
организација на првата меѓународна фудбалска средба по осамостојувањето на Република Македонија на домашен терен, мегу Вардар и Фоџа на Градскиот стадион во Скопје пред 10.800 гледачи со купени билети;
организација на првата меѓународна фудбалска средба по осамостојувањето во странство, мегу Перуџа и Вардар во Италија;
носење на првиот и единствен фудбалер да игра во тимот на светот од Македонија Зоран Јовановски;
овозможување и организација на единствената турнеа на македонски клуб во Јужна Америка со пет средби со екипи од држави светски прваци Бразил, Аргентина и Уругвај...

Во втората половина на 90-тите и почетокот на новиот милениум, Миленко е сопственик и Председател на ФК Скопје, Директор на ФК Вардар, Председател на ФК Брегалница од Делчево...
Значи :

КОДОШ СО ТАПИЈА
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Немало местенки!Ацуле е секогаш крив!Победа никогаш не е крива!Ако имало местенки Ацуле имаше моќ секогаш се сам да намести,без помош од тимот кој немаше да земе плата ако изиграше како што Ацуле не сака,затоа што е сопственик на клубот,но не и на брендот Победа чиј сопственик е градот Прилеп а со тоа и Македонија.

Задоволен?
логиката на АБЦ е оваа, ацуле ги има издресирано фудбалерите како кучиња. кога им плаѓа играат и победуваат (замисли) а кога не им плаќа не играат и не победуваат. така во овој слуај, за утакмица од европски куп не им платил, овие изгубиле, а ацуле се збогатил

АБЦ, на скала од 1 до 10, колку мутави ти изгледаме ние?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
да го сфатам ова како нова твоја глупост или?
дај кажи нешто попаметно
можеш ти

Абе ти многу паметен с еправиш па не знаеш кој е Миленко и со кого се дружи што се правел нечисти работи поврзина со мак фудбалот. Ако и покрај ова го браниш само поради тоа што ја искодошил победа које еве местела натпревари, зашто тој нер заврши во затвор заедно со џаро што имаат наместено толку многу уткамици и имаат преварен отолку многу луѓе?

Знаеш зашто не се во затвор? затоа што се со власта :helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ништо од тоа не наведува на кодош
ти несакаш да го признаеш криминалот кој е повеќе од очигледен
А тоа што беше во затвор,заборавивте да го напоменете во неговата “блескава“ кариера?Или можеби поминал на жолто,па се спречкале со џандарот и тоа не е било причина УЕФА да го “ангажира“ на споменатото од него работно место?Абе што ни ја споеба Победа и Македонија со тоа “славното“ сведочење,ни ја споеба,сега ни матната не го пери.Ваква казна на клуб не му се доделува и Сеп Блатер лично да ја видел матната трансакција на пари во џебот на Ацуле или Здравевски.:toe:
 
G

grande-juve

Гостин
Немало местенки!Ацуле е секогаш крив!Победа никогаш не е крива!Ако имало местенки Ацуле имаше моќ секогаш се сам да намести,без помош од тимот кој немаше да земе плата ако изиграше како што Ацуле не сака,затоа што е сопственик на клубот.

Задоволен?
самиот си контрадикторен, викаш ацуле мести сам, а од друга страна викаш дека тимот морал да игра како што ацуле рекол за да земат плата.

уште една контрадикторност, викаш ацуле мести, а миленко ти е крив ???
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
самиот си контрадикторен, викаш ацуле мести сам, а од друга страна викаш дека тимот морал да игра како што ацуле рекол за да земат плата.

уште една контрадикторност, викаш ацуле мести, а миленко ти е крив ???
Читај малку поубаво,никаде не велам дека Ацуле местел натпревари или резултати,туку велам дека имаше моќ да намести,а од местење до имање моќ има многу разлика.И Барак Обама има моќ да предизвика нуклеарна војна,ама не ја предизвикува.:tapp:
 
G

grande-juve

Гостин
А тоа што беше во затвор,заборавивте да го напоменете во неговата “блескава“ кариера?Или можеби поминал на жолто,па се спречкале со џандарот и тоа не е било причина УЕФА да го “ангажира“ на споменатото од него работно место?Абе што ни ја споеба Победа и Македонија со тоа “славното“ сведочење,ни ја споеба,сега ни матната не го пери.Ваква казна на клуб не му се доделува и Сеп Блатер лично да ја видел матната трансакција на пари во џебот на Ацуле или Здравевски.:toe:
прво, притвор и затвор не е исто, во затвор се иде ако си осуден, Миленко не е осуден, немаш факти, па ајде со лаги
второ, и да бил во алкатраз не е важно, важно е дека ацуле е главниот кривец

Читај малку поубаво,никаде не велам дека Ацуле местел натпревари или резултати,туку велам дека имаше моќ да намести,а од местење до имање моќ има многу разлика.И Барак Обама има моќ да предизвика нуклеарна војна,ама не ја предизвикува.:tapp:
ти нема што да кажуваш дали местел или не, тоа веќе е докажано, а кога сопственикот на еден клуб ќе направи нешто лошо, последиците секогаш ги трпи и клубот, така беше и со фиорентина, милан, јувентус, а друга работа е тоа што уефа на малите им пресудува двојно поригорозно за разлика од гигантите
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
od mak fudbalot prvo treba da se izbrka hadzi-risteski a posle tie drugite kako acule i braco
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
прво, притвор и затвор не е исто, во затвор се иде ако си осуден, Миленко не е осуден, немаш факти, па ајде со лаги
второ, и да бил во алкатраз не е важно, важно е дека ацуле е главниот кривец
ти нема што да кажуваш дали местел или не, тоа веќе е докажано, а кога сопственикот на еден клуб ќе направи нешто лошо, последиците секогаш ги трпи и клубот, така беше и со фиорентина, милан, јувентус, а друга работа е тоа што уефа на малите им пресудува двојно поригорозно за разлика од гигантите
Ами како бе така притвор?А велиш за Ацуле е главниот кривец,без разлика како е тоа докажано по 5 години.А тоа дека на малите УЕФА им пресудува поригорозно од гигантите,сметаш дека е нормално а?Во случајов со Победа,Прилеп и Македонија го кркаа стапот додека на Ацуле и Николче Здравевски нема ништо да им фали.Се разбира дека за тоа огромни заслуги има сведокот што во Македонија се вика КОДОШ Миленко Неделковски кој бил “само“ во притвор за местење утакмици и финансијски малверзации во спортот.Па затоа сега треба да го прогласиме за национален херој.
-Во иднина треба секој Македонец да сведочи во УЕФА доколку се сомнева во некакви неправилности.УЕФА ке забрани и продажба на фудбалски топки доколку заминеме сите да сведочиме против фудбалските малверзации на домашните терени.:tapp:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
Абе не сакав клубот да страда,само газдата,ама овие така пресудија,шо да ви праам сеа...
Следна година,главно дерби Турново-Ренова...:nesvest:
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Официјално соопштение од ФК Победа под наслов: „македонски синдром на самоуништување и во фудбалот“

По повод изречените казни против ФК Победа Александар Забрчанец и Николче Здравевски од страна на телото за контрола и дисциплина на УЕФА сакаме да ја запознаеме македонската јавност со фактичката состојба заради утврдување на вистината врз основа на која беше донесена одлуката за казните.
Обвинети сме дека сме го наместиле натпреварот од квалификациите за ЛШ во 2004г. Со ФК Пјуник, Ерменија. На состанокот во Нион не беше приложен ниту еден валиден доказ со кој би се потврдило дека натпреварот е наместен, како на пример, уплатени пари на обложувалници, изјави од противникот за контакт, парична понуда, договор или слично. Да биде македонската трагедија поголема целокупното обвинение против ФК Победа беше засновано исклучиво врз основа на исказите и изјавите на таканаречените заштитени сведоци – информатори кои не посочија ниту еден конкретен материјален доказ кој укажува на учество на обвинетите во некои договори, местења и слично, со други зборови се се темели на исказите на кодошите.
Со оглед дека се работи за одминат период од 2004 година, изјавите содржат инсинуации, претпоставки и сеќавања. Тоа беа изјави дадени со однапред договорена содржина од страна на домашните нарачатели, изјави за остварување на неморални и материјални интереси на поединци под називот опозиција на македонскиот фудбал.
Македонија мора да знае дека кодошите преку македонштината сакаат да спечалат, го продаваат македонскиот фудбал кој не е само ФК Победа, за да ќарат и ќе ќарат, и тоа доживотен жиг, дека се само најдолни кодоши. Дека се безвредни говорат самите нивни имиња Миленко Неделковски, Мијалчо Дургутов, Никола Илиевски –Џиџи и Драган Христовски, зад сите овие извршители со свои однапред изрежирани изјави стои голем режисер, чија слика ќе биде на сајтот на Победа и на сите бандери во Прилеп по крајот на жалбената постапка.
Врз основа на доказите во жалбата длабоко сме убедени и веруваме дека на крајот ќе победи вистината заснована на фактичката состојба. Делегатските извештаи од двата меча се без забелешки и сомневања, изјавата на Пјуник е без забелешки и со целосна фер –плеј коректност.

На крајот од соопштението Победа порачува - Господа Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија. ФК Победа ќе постои и без Ацуле и без Николче како што фудбалот се играл и ќе се игра. Но во историјата на македонскиот фудбал за век и веков ќе остане дека Миленко, Мијалче, Џиџи и Драган се кодоши, дека му нанесоа штета на нашиот фудбал но и на нашата држава. ФК Победа ќе ја бара правдата и ќе ја докаже вистината пред УЕФА и судовите во земјата, во одбрана на својот углед и чест. Тоа е официјалниот став на Победа околу казните од УЕФА.

извор: www.sportdenes.com
 
Kajgana Shop

На врв Bottom