Криминалот си е криминал! Како сакаш подреди ги зборовите, реков се зависи од перцепцијата на твоите очи.
Па падна Победа! Ама Хари остана!
Ајде сега да одиме понатаму..
Сигурно има нешто сомнително и кај Вардар.. нека падне и тој..
Ама Хари пак ќе остане!
Потоа одиме понатаму.. со нов кодош..
Нека падне сега Пелистер! Ќе најдат нешто и за него.. не мора во Европа.. некоја утакмица за опстанок во Македонија..
Ама Хари пак ќе остане на власт!
Одиме понатаму.. повторно нов кодош..
Ќе падне Македонија.. па ќе падне Силекс.. па ќе падне и Милано..
И на крај конечно..
Ќе падне Хари! Целта е остварена! Ама во лигата останаа екипи како Новаци, 11 Октомври, Турново, Рудар.. Ќе одиш ли да ја гледаш таа лига? Ќе одиш да рикаш како магаре? Ќе се игра без местење те уверувам.. оди навивај..
Е сега ова беше вашата верзија.. ама сега за сега падна само Победа.. ништо посебно.. еден моментално слаб клуб.. од Прилеп..
Слушни ја сега мојата верзија..
Турни го Хари.. не ти.. оваа неспособна држава.. не Уефа.. нашите органи кои се платени со пари од граѓаните да го сторат тоа.. да го исчистат криминалот.. и остави ги во лигата да играат Победа, Вардар, Пелистер, Силекс, Македонија..
Дали сега ја гледаш разликата на ставовите меѓу мене и голем дел од вас кои се ситат на оваа неправда? Или треба да ти нацртам на лист од блок?