Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.671
- Поени од реакции
- 59.777
Нормално е колку посилна репрезентација, толку поголем интерес за натпреварот. Секаде е тоа така, не измислувајте топла вода. Сепак се оди пред се за Македонија. Ако не беше така, стадионот немаше да биде исполнет на пријателски натпревари со Украина, Босна... квалификациони со Израел итн...
Сум бил скоро на сите наптревари, и на оние со Англија и со Молдавија на пример. Работата е во тоа што, стадионот секогаш ќе се наполни за Англија, Шпанија и слични репрезентации. Но стадионот секогаш беше полн и за неатрактивни репрезентации, кога имаше добра атмосфера во репрезентацијата. Секогаш кога сеуште имаме надежи за висок пласман, играме добро во серија и тн...
Околу 16-17 000 публика доаѓаа за Македонија. Сега ќе имаме двојно поголем стадион, но со поевтини цени за билети, пак ќе се исполнува и за помалку атрактивни противници. Се надевам дека конечно ќе им текне дека не може да биде картата 1000 денари за 3-4 блок 10 ред, и за 1-6 блок 45-ти ред. Многу им е комплицирано изгледа, ама зависно од блокот и од висината, треба да си има различни цени, па секој си знае каде сака и колку би платил.
Тоа е за друга тема. Сега се 200 денари, отварање на стадион, прослава на јубилеј и така... тоа е добро.