Изгубениот симбол - Ден Браун
Навистина одлична книга, им ја препорачувам на сите што се љубители на трилерот и мистеријата...
Злосторство и Казна-Достоевски
Одлична книга, многу ми се допаѓа. Ја читав на македонски, само што преводод не ми се допаѓаше. Сепак книгата делува врз психата на човекот, така да неколку дена чудно се однесував, меѓутоа помина тоа... хахах
значи ја од вакви книги нема да се оттргнам !

сега : "Мапа од коски" од Џејмс Ролинс . Интресна ..за во еден здив како и секоја друга од авторов
Прекрасна книга, интересна, возбудлива. Прочитај ја и „Храмот на Инките“ од истиот автор, таа некако ми остави повеќе впечаток, штета што ги имаме само тие две книги преведено на македонски јазик, се надевам дека за брзо време ќе излезе уште некоја...
the picture of Dorian Gray
Закон книга, една од најомилените ми е...
Артур Конан Дојл - (Авантурите на Шерлок Холмс) - Скандал во Чешка
Интересно книџе, после неколку потешки прочитани книги (пр. Ловец на Змејови), ова е вистински релаксирачки збир на неколку приказни. Имено, во оваа книга се содржани околу 6-7 приказни, лесно читливи и многу интересни.
Супер раскази, ги обожавам приказните за Шеркол Холмс. А исто така и детективските книги на Агата Кристи...
Кажи дали е добра оваа книга слушам нешто со вампири била па ако не ти е мака образложи дали е добра и зошто.
Јас ја имам читано пред неколку години, и сум воодушевен од книгата. Ти ја препорачувам да ја прочиташ, затоа што навистина вреди. Пред се е возбудлива, напишана на лесен, брзо читлив стил со динамика на настаните. Има многу историски податоци за Отоманската империја и воопшто за тој период.
Прочитај ја, верувам дека ќе ти се допадне, иако е огромна...
Љубов со мали букви од Франсеск Миралјес.
37 годишен професор по германистика е во постојан страв од ненадајна смрт и се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓу тоа еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на младиот мачор е почеток на промените во херматичкиот свет на главниот јунак....првиот мал чекор кон љубовта во мало.
Уживај во малите работи, можеби некогаш ќе се обѕрнеш и ќе сфатиш дека биле големи!!!

ја читам со задоволство !!
Предобра книга...
