Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Мојата омилена од седмо одделение или така нешто, детска книга. Несоодветно за читање на овие години, не знам зашо ни ја стаија за лектира у средно у трета или четврта година.Малечката Фадета од Жорж Санд.
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг и не можат да опстојат посебно. Откако потпораснуваат, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине се крши и постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.
Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги напуштила како мали и таа се изживува врз нив. Одговорот на Ландри му го дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да и исполни некое нејзино барање во иднина...
За да го дознаете епилогот, ве советувам да го прочитате целиот роман, кој е напишан во романтичарски дух во средината на XIX век, 1849 г.
Иначе, он топик, не читам ништо уметничко од кога почнав со факс, јебига
