Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Орвел фаза.
Животниска фарма и 1984.
Имам потреба политички да се образУвам.



Само како поинаку ќе гледаш на работите околу тебе после читањето на овие книги, искрено Животинска Фарма, би можел да ја ставам во топ 10 книги што ги имам прочитано.
 
Баш се наканив да читам некоја книга, почнав да ја читам Смртта на Илич и одма мртви трупови, погреби... и баталив. :pos2:
 
Марко Шелич (Марчело) - Заједно сами

Што би рекле Теофил Панчич и Михајло Пантич:
"Заедно сами е роман кој отворено зборува за "големите" и "конечните" прашања, што на некој начин го прави пријатно "анахроничен", иако тоа авторот го прави со голема доза на хумор, иронија, сарказам.. каде ја обновува престарата мисла дека човекот. Дали крал или просјак, вистината за себе ја открива во меѓусветовите, во моментите кога преминува на онаа страна. Марчело ја претставува неговата верзија на рајот и пеколот."
 
Баш се наканив да читам некоја книга, почнав да ја читам Смртта на Илич и одма мртви трупови, погреби... и баталив. :pos2:


Нема смисла тоа што збориш.

Читам:

Светислав Басара - Монголски Бедекер
 
Се карам со Венко Андоновски и неговата „Вештица“
 
Дигитална тврдина -Ден Браун...
сега за сега интересна ми е :icon_lol:
 
Вчера ја дочитав „Мајсторот и Маргарита“ - Михаил Булгаков

Булгаков вметнува 3 паралелни приказни кои на прв поглед збунувачки, а всушност реално отсликуваат многу нешта. Првата е за љубовта на Мајсторот и Маргарита, втората за погубувањето на Јешуа (олицетворен Исус) од прокураторот Понтиј Пилат и третата за господарот на темните сили - Воланд, всушност самиот ѓавол.
Булгаков не бил сфатен во своето време, многу интересен стил каде што секој збор си има своја причина зошто е ставен таму каде што е и ништо не е случајно. Може да се разгледува од повеќе аспекти, изобилува со остра сатира и комични елементи, можеби чудно и смешно но атмосферата мене ме потсети на „Мери Попинс“. Го споредуваат и со „Дон Кихот“, и „Фауст“ а и самиот тој дава алузии од овие и други познати дела.

Би пишувала многу за книгава, но нема да откривам повеќе детали, се надевам некој што ја нема читано ќе се заинтересира.

Сега читам „Бели ноќи“ од Достоевски, доста брзо оди читањето, за 2 часа би ја прочитале доколку не кренеме глава од неа. Се работи за 2 лика што си ги кажуваат животните судбини еден на друг или нивните животописи како што тие ги нарекуваат. До половина сум со оваа, но Достоевски никогаш не изневерува. :)

Исто така започнав и со „Височка хроника“ на Иван Тавчар - словенечки писател, ништо посебно уметнички, но сепак интересно да се види како размислувале и како живееле луѓето во Словенија тогаш.

И за крај, прочит на неколку страници од „Фауст“ - Гете за да можам да ги споредам мотивите на Булгаков со оние на Гете. Приказната е позната, но читам на српски затоа што добив коментари дека македонскиот превод бил многу лош.

Па, фатете книга. :)
 
Роберт Ладлам - Париска Опција

Тајниот агент Џон Смит е испратен во Париз да го испита мистериозното киднапирање на познат научник и низ целата процедура открива лавиринт од лаги и заговори.
Препознатлив стил, интересни сплетки, мистерии, што доведува до тоа да не ја испуштиш книгата од раце. Најдобриот писател на трилери, дефинитивно. Кој ѕвер обобо еј.
 
Сега ја читам Вистина од Емил Зола. Доста тешка книга за читање, премногу лица, описи, но сепак ја дава најголемата поука во животот....колку е тешко да се дојде до вистината.
Во книгата се истражува убиство на еден ученик кое се случува во ноќните часови во неговата соба. Се случуваат премногу интриги, ништо не води кон резултатот,односно до пронаоѓање на убиецот....
 
Белата Масаи- Корин Хофман.. Многу интересна книга, приказната е љубовна и авантуристична, несекојдневна и тоа е она што ја прави посебна и единствена.. Навистина вреди да се прочита:smir:
 
сега сум на нешо македонско односно на Цепенков 4
 
Малечката Фадета од Жорж Санд.
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг и не можат да опстојат посебно. Откако потпораснуваат, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине се крши и постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.
Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги напуштила како мали и таа се изживува врз нив. Одговорот на Ландри му го дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да и исполни некое нејзино барање во иднина...

За да го дознаете епилогот, ве советувам да го прочитате целиот роман, кој е напишан во романтичарски дух во средината на XIX век, 1849 г.
 
Мислам дека имаше тема за Давање предлози на книги, но, сакам да прашам, дали некој ја има читано Платформа од Мишел Уелбек, и да каже нешто накратко околу неа?

фала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom