Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди. Се работи за вистинска приказна нешто како публициран сопствен дневник. 80тите години од минатиот век, Една жена американка се мажи за Иранец. Животот во америка им тече како нед и млеко, се` додека не отидат во Иран на посета кај неговото семејство. Оттука почнува цекото патешествие за неа и нејзината петгодишна ќерка кои одсега целиот живот го имаат ставено на милоста на Муди - нејзиниот сопруг, кој ја симнува маската со нивното пристигнување во таа туѓа земја. Лесно соџваклива книга која доста едноставно го опишува тогашниот живот за време на доаѓањето на Ајатолахот Хомеини, за разликите на културите помеѓу истокот и западот.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Пред два месеци почнав да ја читам Парфем. Премногу ме интересира крајот, но никако да седнам и да ја дочитам. А филмот не сакам да го гледам, не е тоа-тоа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Пред два месеци почнав да ја читам Парфем. Премногу ме интересира крајот, но никако да седнам и да ја дочитам. А филмот не сакам да го гледам, не е тоа-тоа.
„Парфем“ е фантастична книга, немој да го гледаш филмот пред да ја прочиташ до крај. Јас така направив зашто многу ме интересираше содржината, а книгата не можев да ја најдам па прво го гледав филмот и потоа ја читав, ама ти го руши задоволството.

На темата... Деновиве почнувам со „Одисеја“ и терам натака само со античка литература за испит по предмет Светска книжевност.
 
S

Sookie

Гостин
Поради потребата да се биде малку во стадото, а и како љубител на книги со историски жанр па и фантастика, од вчера ја започнав трилогијата LOTR од Толкин, на оригиналниот за толкин мајчин јазик - англиски. За сега е ок.
Леле јас ја читав трилогијата на 15 години и се измачив со тоа англискиот!

Инаку сега читам Sophie's World, кратка историја на филозофијата. Многу повеќе научив од оваа книга отколку од професорката по филозофија во средно
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Конечно да читнам литература која не е поврзана со факсот. Почнав да ја читам од Ниче Димовски - Најголемата вистинска тајна на светот.
Можам да кажам дека воведот е феноменален, ме одушеви. Принципите и техниките кои во книгата се разработени се вечни и денес се подеднакво применливи како што било и пред многу години. Проблемот е во тоа што светот не ги применува и на нив гледа со потценување. Оваа книга ги декодира едноставностите и ги објаснува со научни факти.
- Вистината не е во фактите, туку таа е секогаш во нивната усогласеност..
 

I must be dead

Holden Caulfield.
Член од
6 јануари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
4
Само што ја завршив по втор пат Catcher in the rye од J.D.Selinger, 50тите во Њујорк, говори за психолошката битка на Холден, навидум типичен момак, аутсајдер, затуцан или нешто, мање више сите ги игнорираат неговите промени се додека тоа не започне да го руши моралниот кодекс на американското општество. У принцип романов се обидува да те натера да размислуваш за односот на општеството кон човечката состојба, во случајов е таа изолација и депресивност која ја развива Холден, став дека светот е полн со лажни луѓе, и слични срања. Дали Холден е тој што полудува или општеството и лажното морализирање се тие што несакаат да ја видат својата безнадежност? Добра приказна, прекрасен препознатлив стил на Селинџер, па прочитајте!

Ја почнав Тврдина од Меша Селимовиќ, ми делуе како пандан на Дервишот и смртта, па ќе видам.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Моментално ја читам Мајсторот и Маргарита од Михаил А. Булгаков. Врв на творештвото на овој руски романописец, раскажувач и драмски автор.
Романот е едно комплексно, богато и раскошно ремек-дело на руската, а и светската книжевност, рамо до рамо со Дон Кихот, Злосторство и казна, Клетници и сл.
Самата структура на романот е сложена, таа има две паралелни фабули и во исто време претставува "роман во роман". Дури би можело да се издвојат и три приказни од кои две се спојуваат кон средината на романот, а третата се слева со првите две на крајот од романот.

Првата приказна раскажува за доаѓањето на сатаната Воланд и неговата урнебесна придружба во Москва (во 20тите години на XX век). Воланд ќе го растресе градот од темели и сосема ќе му го измени ликот, а самите московјани ќе ги доведе на работ на лудило и масовна хистерија.
Втората приказна е "романот во роман" за Понтиј Пилан, роман кој го напишал Мајсторот. Во романот ликот на Пилат се "осветлува" од еден друг, психолошки агол.
Третата приказна е за Мајсторот и Маргарита, за нивната љубов, романот што го напишал Мајсторот и реперкусиите од истиот.

Топло им го препорачувам овој роман на сите вљубеници во книгата и во делата на руските писатели. Читајќи го разбирам зошто му требале 12 години на Булгаков да го напише, доста е сложен, има милион ликови, милион дејствија, па на момент треба да се навратите на претходната глава, за да се потсетите за кого всушност се работи. :smir:
Контроверзна книга која своевремено била забранета за издавање (излегла 17 години по смртта на Булгаков, дури во 1967 г.)
Според литературните критичари едно од "најистакнатите алатки" во борбата против задушувачкиот и бирократизиран социјалистички поредок во СССР.

П.С. Се надевам дека нема да ми замерите заради малку подолгото резиме за книгата.:smir:
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Е значи таа ВЕШТИЦА морам да ја прочитам и јас, сите викаат дека била супер книга!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Само што ја завршив по втор пат Catcher in the rye од J.D.Selinger, 50тите во Њујорк, говори за психолошката битка на Холден, навидум типичен момак, аутсајдер, затуцан или нешто, мање више сите ги игнорираат неговите промени се додека тоа не започне да го руши моралниот кодекс на американското општество. У принцип романов се обидува да те натера да размислуваш за односот на општеството кон човечката состојба, во случајов е таа изолација и депресивност која ја развива Холден, став дека светот е полн со лажни луѓе, и слични срања. Дали Холден е тој што полудува или општеството и лажното морализирање се тие што несакаат да ја видат својата безнадежност? Добра приказна, прекрасен препознатлив стил на Селинџер, па прочитајте!

Ја почнав Тврдина од Меша Селимовиќ, ми делуе како пандан на Дервишот и смртта, па ќе видам.
Е за вакви постови доаѓам на темава. :cuc:
Catcher in the rye го превеле као Игра во р'жта значи. У секој случај, еден од најдобрите романи. Само што неминовно мораш да размислуваш и за среќата и за одговорноста кога читаш. Мислам дека Селинџер сакал да долови и дека среќата се наоѓа кога ќе преземеш одговорност, одговорност што ја поседува секој созреан човек. Холден минува низ процес на созревање, ама поинтензивиран и потежок отколку "нормалниот", зошто е многу попаметен од останатата младина. Светот си е таков каков што си е, Холден не може да го прифати тоа. Уопште не е затуцан, туку е ептен идеалистички настроен. Не е дека не знае што сака, туку точно знае, што води кон тоа точно да знае што не сака. Ама тоа што го сака не постои у "безнадежниот свет". На крај кога решава да прифати одговорност за себе и сестра му, сфаќа дека ипак не е толку лошо, па дури може да биде и среќен.

Исто и Твдрина и Дервишот и смртта се 2 must read дела. Тврдина им беше многу тажна на некои кгн членови, ама у тоа да те растажи/усреќи е и поентата на добрата книга.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
"Dear John "- Nicholas Sparks
Иако баш и не ми иде англиски, супер се разбира книгичево:)
Приказната е во стилот на Спаркс...за некои премногу лигава и нереална за некои интересна и убава:smir:


Интересно е што и Македонија се спомнува во книгава:)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Дневник на лагите" од М. Џ. Хајленд. Хмм... На моменти досадна е али у принцип ок книга. Не е да паднеш у несвест. Цитирам рецензија:

"Единаесетгодишниот Џон Ига е жив детектор за лаги, што еден ден ќе влезе во „Гинисовата книга на рекорди“. Барем тој цврсто верува во тоа. Зашто светот околу него е полн со лаги и тој секојдневно ги открива и ги препознава. Но, додека детекцијата на лагите полека му станува опсесија, додека проучува стручна литература и изведува безброј експерименти, Џон не е во состојба да ги согледа причините, туку околу себе ги гледа само последиците. Неговото семејство се распаѓа, а самиот тој постепено ја губи комуникацијата со надворешниот свет, но цело време е убеден дека за тоа е виновна единствено невистината и дека кажувањето на вистината секогаш ќе поправи сè."
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
"Папата Јована" од Дона Вулфолк Крос. Роман базиран врз животот на една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот, т.е. на Римокатолицизмот, позната под името Папата Јована. Една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, таа се преправа во маж и застанува на чело на Римокатоличката црква во IX век и станува прва и единствена жена која ќе седне на светиот папски трон во црквата Св. Петар во Ватикан.
"Роман што фрла светлина врз раниот среден век (800-900 год.) и придружните елементи во тој период на варваризам, политика и религија" - Morning Star Telegram.
Исклучително лесен и достапен стил за читање, во првиот ден "смачкав" 150 страници (од вкупно 617). Почнав да ја читам "по препорака" на истава тема, па иако недочитана, топло им ја препорачувам на сите читатели, особено на оние кои повеќе се интересираат за историско-религиозни теми.
 
Член од
5 ноември 2009
Мислења
68
Поени од реакции
0
Samo sto ja procitav izgubeniot simbol ( ama anlisko izdanie poso ofc nasiot prevod sucks hard), a sea nekok krimic od hrvatska mi donesoa ama ne sum go odpakuval uste:nesum:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Паѓањето- Алберт Ками

Мошне интересен начин на пишување. Напишана е како дијалог/монолог, репликите на едниот човек фалат, па ги дознавате од одговорите на другиов, односно само еден човек зборува, ама имаме претстава дека постои и уште еден. Човеков ја раскажува својата животна приказна, патем ти дава едно егзистенционалистичко гледиште на светот типично за Ками. Добра книга, само што е напишана премногу спонтано и нема некој концепт на содржината, се надофрлуваат едни работи врз други.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom