Гледање филмови - сами или во друштво?

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Соло, чим имам слободно време и одреден наслов кој сакам да го гледам, тоа е тоа. Ако се најде некој успат да ми прави друштво тоа е ок, али исто ко да не е до мене.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Све што не е хорор преферирам да гледам сама,максимално да можам да си се опуштам,што сакам да правам,кога сакам да мотам,да паузирам и слично,да си заземам какви сакам пози,ако случајно ми се приплаче да си се изнацмиздрам :pos:Иако нормално и друштво не ми смета.
А хорор уште еднаш сама више никогаш!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Различно од расположението и филмот ама повеќе преферирам да гледам филмови во друштво. Сепак е поинтересно па и ако фати досадата малку можеш да помуабетиш не џабе да гледаш а ништо не запамтуваш. Е сега има некои филмови на кои сакам да си ги ставам слушалките да се опуштам и раат цел филм да си го изгледам.

Све што не е хорор преферирам да гледам сама,максимално да можам да си се опуштам,што сакам да правам,кога сакам да мотам,да паузирам и слично,да си заземам какви сакам пози,ако случајно ми се приплаче да си се изнацмиздрам :pos:Иако нормално и друштво не ми смета.
А хорор уште еднаш сама више никогаш!
Хаха кој го гледаше последен толку што те преплаши. Јас со две другарки го гледавме Кошмар на улиците на брестови со Фреди, а еднава од нив на секоја божја малку пострашна поза рипаше како ненормална.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Хаха кој го гледаше последен толку што те преплаши. Јас со две другарки го гледавме Кошмар на улиците на брестови со Фреди, а еднава од нив на секоја божја малку пострашна поза рипаше како ненормална.
Хаха,не знам точно кој беше пошто поодамна беше,само знам не го догледав :pos:
Инаку и ја рипам и вриштам на сцени :pos:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Хаха,не знам точно кој беше пошто поодамна беше,само знам не го догледав :pos:
Инаку и ја рипам и вриштам на сцени :pos:
Хахахаха, абе од ваа не дека ми беше страшен филмот, ама кога ќе рипнеше кога ќе ме стресеше посебно првиот пат. Си гледам опуштено само доаѓа една сцена и девојчево срипување од столот. Толку ме исплаши и јас у тандем со неа срипување од стол. За малку чашите со сок на масата ќе ги скршевме. А најтрагично од се другава другарка не гледа и наеднаш почнува да се смее, а на мониторот овој земал со тоа раката и убива се живо и диво. Абе само за на Јутуб бевме најгледан клип на годината ќе беше.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Комедии во друштво (duuh) , па и акциони можи во друштво.
Трилери и хорори сам, за хорорите и ноќе само ги гледам за полн ефект :)
Документарни, можи и во друштво, ако знај друштвото да заќути ко ќе треба :D
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376
Па кога гледам со друштво ретко го гледам филмот пошто и на хорор паѓа добра заебанција.....
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Претежно сама гледам филмови било тоа комедија или хорор. Ќе се сместам убаво во кревет и не ми треба никој со мене.Иако мајка ми знае да седне со мене да гледа.
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Наубаво ми е да го гледам сам филмот...
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Зависи од моментот и расположението иако повеќе сакам во друштво, ама има денови кога сакам сама да гледам зошто така повеќе уживам во филмот.
 

buba18

God is a DJ
Член од
8 јануари 2009
Мислења
358
Поени од реакции
10
Повеќе обожавам сама
поинтересно ми е сама отколку со друштво
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Ако е комедија строго со друштво!
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Зависи од филмот.
Ако е со тажна содржина би сакала да го гледам сама.Не сакам некој да ме гледа кај што се лигавам:nesum:
Комедија пак секогаш со друштво.Едноставно поинтересно е така.Ќе се собериме поголемо друштво ќе јадиме пуканки и ќе се смееме.
За хорор ич да не прам муабет:)Ако сум сама ќе пукнам од страв.:kesa:
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Повеќе сам зависи каков филм има ако е акција или хорор во друштво а речиси цело слободно време го доделувам на филмовите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom