Гледање филмови - сами или во друштво?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Има филмови кои се за гледање со друштво, ама има и онакви посериозни кои е подобро да ги гледаш сам. Ама сепак, секој си прави различна атмосфера додека гледа филм, некој не сака ни телефонот да му ѕвони па го исклучува.
Додека за оние хорор филмчиња повеќе сакате да сте во друштво, или за урнебесни комедии.

Значи, дали повеќе сакате да гледате филм сами или во друштво?

Не станува збор овде за гледање филм во друштво на партнер, затоа што знаеме дека гледањето романтични комедии во друштво на партнер е одлично поминато време.
Поентата ми е, дали ќе насоберете друштво од 2-3 другари, другарки.

Јас повеќе сакам кога гледам филм да сум сам, да не ми смета никој и ништо и комотно стопроцентно да му се посветам на филмот.
Во друштво исклучиво сакам да гледам добри комедии, како што се собравме пред некој месец за 40 годишна девица:icon_lol:.

Најфино ќе биде ако не се состои постот од два збора, на пр:
Во друштво
Пожелно и најдобро стокмено ќе биде и да објасните во една реченица зошто:).
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Се е зависно од филмот. Ако е некоја комедија која не ти прави ништо освен да се смееш преферирам во друштво да го гледам. Да го споделам смеењето со нив (да се смееш сам малце е и чудно нели :))
Ако гледам сериозен филм(Тетовирање:)) преферирам да го гледам сам. Затворен у соба со јадење пиење и посветување 200 на филмот.

Мада сум гледал и филмови со сериозна содржина со друштво ама во тие моменти претежно ќутам и се изолирам од целото друштво. Значи у глобала филм гледам сам
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Моето мислење се поклопува со тоа ма џимеј..Комедии и хорор е подобро со друштво.Не дека ми е страв да гледам хорор сам, него со друштво е поинтересно, а понекогаш во друштво и хоророт ни станувал комедија:)
За посериозните жанрови најчесто е подобро сам.Пример некоја драма, подобро би ми било да гледам сам дома, испружен на креветот.Исклучуваш мобилен, компјутер и се концентрираш на филмот.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Зависи. Сакам да гледам филмови со друштво, но имам многу неписмени другари, кои прашуваат цело време: а зошто вака? Е од кај сеа ова? едноставно не се доволно сконцентрирани на филмот. Така да, ако гледам некој лесен филм, сакам да си гледам со нив. А ако треба да се гледа филм кој што бара целосно посветување, одбирам да си го гледам сама, во тишина, со изгаснато светло, ништо да не ми смета.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Сеедно ми е дали со другари или сам,малце поинтересно е со другари да гледаш собрани сте повеќе души,најчесто гледам комедии со друштво заедно да се смееме
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
преферирам сам. како што кажавте некој филмови едноставно се за со друштво, НО само ако никој во друштвото не го гледал филмот, во спротивно мора некој да каже што ќе се случи, едноставно мора...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Хорор филмови, дефинитивно сакам да глеам у друштво, зашо ми е 10 пати по интересно..
А за друг тип на филмови, у глобала ми е се едно..Акции преферирам у друштво, зашо сме одлепени, и колку и да е добар филмот ќе му најдеме маани и ќе се смееме ко да глеаме комедија xD
 
П

Паган-др

Гостин
Зависи од филмот. Ко што кажа Тучкес ако е некоја комедија со друштво би гледал. Едно е да се смееш сам друго е да се смеете цело друштво. За други филмови (трилери, хорори, драми) мене лично поинтересно би ми било сам да го гледам за да се сконцентрирам на филмот. Вака со друштво муабет, ова она и нема да го сватиш добро филмот.
(џими ја повише од една реченица напишав ке се важи мислењето?:))
 

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Најчесто сакам сама да гледам, со кока количка до мене или пак нешто за грицкање и убаво да му се посветам на филмот. А хорор филмовите ми се поинтересни кога ги гледам во друштво.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Зависи од филмот... ако е некој филм кој мислам дека треба убаво да се разбере го гледам сам, а ако е некоја опуштена комедија или нешто слично, преферирам и друштво, но друштво за да ги гледа филмовите кои јас ги преферирам тешко се наоѓа и најчесто завршувам сам на фотеља со слушалките на мене како си зјапам филм.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.303
Поени од реакции
45.945
Сам бе какво друштво, секогаш има некој што го гледал па дава прогнози и се праи паметен и некој што не разбира „шо како“ и нон-стоп прашува и не му е јасно.
едит. и некој што го злоставува мезето ко да не видел :):)
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Имам лошо искуство од гледање филм со друштво уште од времето кога сета возбуда беше насочена кон тогаш новото дете на Линч - "Mulholland Drive" (значи пред некои квалитетни 7-8 години). Го гледав со околу 5 другари, и толкава врева се дигна за време на гледање на филмот, посебно со тие прашањата "Еј,од каде сега па оваа тука", "Зошто ова вака" и слично, што на крајот се фатив себеси дека недоволно го разбрав филмот од прва зошто од толку галама не добив можност да се сконцентрирам на одделните сцени на еден прилично тежок филм, типичен за генијот Линч.

Од тогаш - ум за другпат. Комедии и драмички што не бараат посебен напор на мозочните клетки се пожелни за друштво. Во принцип не сакам да гледам хорор филмови, и таква опција доаѓа во предвид само доколку се предложени да бидат гледани во поголемо друштво. Барем да имам со кого да разговарам за време на гадните сцени со крв и летечки човечки делови. Потешки драми и трилери кои бараат да им се посветам за убаво и целосно да ги доживеам си ги гледам сама и гледам да се осигурам дека за време на еден таков филм нема ништо да ми го прекинува вниманието.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
преферирам сам да гледам кога гледам сериозни филмови, кога гледам со друштво на некој нема да му се гледа и ќе ти говори само....во друштво може да гледам некоја комедија
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Најубаво ми е да гледам филмови сама, посебно хорори, за стравот да биде до максимум :) Али и со друштво ми е убаво да гледам, ама тогаш преферирам комедии, или филмови што веќе претходно ги имам гледано, затоа што со друштвото околу, не знам колку би можела да обрнам внимание на филмот..

:jaj:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom