Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па и тепаја:wink:Едноставно заслуживте да тепате ама немавте среќа. Ај доста ви е и скудетото па и вие не претерујте![]()
Па и тепаја:wink:
Балотели се повеќе ме изненадува, игра прекрасно во последно време.
WHAT???
Дај не зезај , не ми е до зафрканција...
Тапа беше натпреваров...
Не е играч кој цврсто стои на нозе...
Прошлата утакмица го фалам - Денес е точак...
За разлика од есенската полусезона кога Балотели беше многу посебичен, сега може да се речи дека малку созреал, за едно 2-3 сезони ќе биде еден од најдобрите во светот.WHAT???
Дај не зезај , не ми е до зафрканција...
Тапа беше натпреваров...
Не е играч кој цврсто стои на нозе...
Прошлата утакмица го фалам - Денес е точак...
Од Адриано одамна кренавме раце, да се надеваме дека во нападот покрај Адриано нема да ги гледами ниту Креспо и Круз.Што е тука е другари,најискрено не очекував дека ке влеземе во финалето,но спред играта вечерва,го очекував тоа со цело срце.Но,сепак среката некогаш не не сака,како вечерва што беше,Во второ полувреме со шансите можеа да отидат лесно во финалето,но сепак среката не беше на наша страна.Нема врска,одиме понатаму,Скудетото е наше,нема за што да жалиме.
Се надевам и сакам Лацио да го освои купот.Па Пандев да се радува како што му доликува на екстра играч,и македонче плус е.
Вчера на босанската телевизија-ХАЈАТ кажуваа дека во текот на оваа недела ке се раскинел договорот со Адриано преку неговиот менаџер кој ке допатувал во Милано.Епа ај со здравје Адриано,среќен ти пат и се најубаво.:smir:
Од Адриано одамна кренавме раце, да се надеваме дека во нападот покрај Адриано нема да ги гледами ниту Креспо и Круз.
Срамота за фудбалот.
Тоа е реченицата која ја опишува екипата на Сампдорија. Не, не го пишувам ова испровоциран од тоа што го исфрлија Интер, го пишувам од испровоциран од настаните на теренот. Фудбалерите на Интер, самите се виновни што испаднаа од Купот на Италија не ја барам кривицата на друго место. Една добра партија, ретко надоместува друга катастрофална, особено кога зборуваме за фудбал. Но, да се вратам на главното... натпреварот Интер-Сампдорија. Колку што сум запознаен, секогаш играчите кои симулираат биле казнувани... ништо ново, секоја екипа има по некој глумец, да не ме сфатите погрешно и тоа е дел од фудбалот, но кога се користи умерено. Она што го прикажаа СИТЕ играчи на Сампдорија, освен Касано беше резил. Какви театрални падови, какви летови без допир, па онака не скокаше Мајкл Фелпс кога ги освојуваше златните медали, какви пируети. Срамота за фудбалот ќе биде ако сето тоа помине неказнето, Џилардињо, Адриано, Тоти добивале и по неколку меча суспензија поради ЕДЕН СИМУЛИРАН ПРЕКРШОК НА НАТПРЕВАРОТ... тогаш се прашувам, дали ако има правда, уште еднаш ќе видиме играч на Сампдорија да стапне на зелениот тепих. Никаков мотив за играње на фудбал не беше прикажан од тимот на Сампдорија, како Касано да имаше индивидуален тренинг а кога и тој го напушти теренот веќе се виде јасно намерата на Сампдорија. Највиновен за фарсата која се случи вчера е главниот судија, кој имаше никаков критериум, кој дозволи повеќе време да се лежи по терен, отколку што имаше време за играње на активен фудбал. Сигурен сум, а за секој случај ќе побарам и во статистика, дали имаше чисти 60 минути играње на фудбал, или половина меч пројде во снимање на шпанската сапуница Сампдориус Театралос во главна улога на Пацини. Суспензија за неколку играчи и доведување во знак на прашалник на статусот на Орсато.
И да, веќе е официјално збогувањето на Адриано од синоцрниот дрес.