Слушај, пријателе. Ова е последен офтопик пост на темава, премногу за право си дадов(ме). Јас не санкционирам она што мене не ми се допаѓа, туку она што не и им се допаѓа на принципите на кои форумот се крепи.
За Скендербег се буневме исто, колку што се буниме и сега за ова. Иако, по некои стандарди, тој барем има одредена цена. За разлика од тоа што ќе ни се пласира сега, со овие експериметнални дела.
Постот на марсовка е даден од јавен медиум. Со самото тоа што нагласуваш дека е опозиционерски, повторно политизираш. Тој е сосема коректен пост, во кој е наведен изворот и неговото значење е дека членот се сложува или коментира нешто од истиот. Не е политизирање. Напротив, тука многу повеќе гледам „совпаѓање на мислења“, одколку кај тебе. Нека ти биде. Опомената трае, да не се повторувам.