Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Е чим е подобро страдајте цел живот,така на нула да клизите,за овој народ само така!Што младина ќе имаше во оваа земја задоена преку уши,е од вакви размислувања сме на нивото каде сме,ако ни е.
Подобро било да те шамарат од десна страна наместо од лева,жими...


Туку онаа скулптура што е карши Инвест банка пред коктел барот,едно зелено долго чудовиште што би требало да симболизира?
:nesum: Прошетај малце девојче (или дамо) , јас сум сега во Вашингтон (додуше постојано сум наваму натаму, во моментов сум во Скопје) , и тука на секој чекор има статуи, на секој чекор историја, постојано нешто ново да откриеш и видиш . Скопје порано беше како типична комунистичка творевина, безбојни згради покрај безбојни улици. Депресивно до бесвест. Барем малку може да се внесе промена во начинот на живот. И тука има просјаци, бездомници, седат до статуите и немаат леб да јадат, ама дури и најелвичарските партии никогаш нема да критикуваат ако правиш нешто што го разубавува градот. Или поентата ти беше онака да навредуваш кој кого шамарал и како ќе клизала младината. sigh.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
:nesum: Прошетај малце девојче (или дамо) , јас сум сега во Вашингтон (додуше постојано сум наваму натаму, во моментов сум во Скопје) , и тука на секој чекор има статуи, на секој чекор историја, постојано нешто ново да откриеш и видиш . Скопје порано беше како типична комунистичка творевина, безбојни згради покрај безбојни улици. Депресивно до бесвест. Барем малку може да се внесе промена во начинот на живот. И тука има просјаци, бездомници, седат до статуите и немаат леб да јадат, ама дури и најелвичарските партии никогаш нема да критикуваат ако правиш нешто што го разубавува градот. Или поентата ти беше онака да навредуваш кој кого шамарал и како ќе клизала младината. sigh.
Од многу шетање сигурно не си приметил дека државата во која седиш има секоја година економски раст од над 6% во изминативе години,додека државата во која си роден има вечен минус или плус од 1-2% што е незначителна бројка.Освен тоа сигурно не си приметил дека целта на критиката не е разубавувањето,туку насоченоста на парите кој ги нема кај нас,за разлика од местата низ кои се шета во Европа.И за крај револтот во мојот пост додјде од твојата математика која вели:Едните крадеа,а овие перат пари преку шмизли и ние како народ секогаш од ебаната страна.И кога некој ќе ја направи паралелата како ти во твојот претходен пост,боље да перат наместо да крадат ја добиваш мнозинската маса во Македонија и степенот на развиток кој го имаме.Колку повеќе размислуваат како тебе,дека едните краделе,а другиве барем ставаат шмизли со позајмени пари на кои плаќаме кредити од моите даноци,до тогаш ќе не водат такви какви што не водат.
А дали те шамарат од лева страна или од десна тебе пак ќе те боли,тоа е поентата.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Искрено, не сум имал добри искуства ни од едните ни од другите, не сум во ниедна партија, ниту пак зимам пари од едната или од другата. Но правење на било што во градот е добра работа и треба да се подржува, а конкретно дали скулптурите биле убави или не е субјективна работа. И мене не ми се свиѓа скулптурата на Скендер Бег па ене ја ондека дреме. Некако не чув било какви дебати во албанската јавност за статуата, како што и не треба да има во здрава национална етничка структура. Не ми е поентата да се карам по нет, но навистина не ми е јасно како со 10-20 милиони евра би се спасила економијата кога на Грција со милијарди им даваа па ете ги пак се банкрот. Јас лично сум за скулптурите, и се радувам кога ќе дојдам тука и ќе видам непто интересно и занимливо. Извини ако сум те навредил , но сепак имам право на сопствено мислење нели? Позз.:smir:
п.с. оф топик, многу тешко е човек да дебатира кога имаш таква слика за аватар ;)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Туку онаа скулптура што е карши Инвест банка пред коктел барот,едно зелено долго чудовиште што би требало да симболизира?
Риба... со нозе. :icon_lol:

Го симболизира македонскиот народ. Кој со векови молчи на сите камшици врз неговиот грб, исто како риба, без глас да пушти и секоја прилика која ја има ја искористува да ја спрашти од државата и да се пофали дека го видел Вашингтон или некој друг светски велеград. :wink:

Всушност, сите статуи во центарот на Скопје го одразуваат македонскиот народ. Тука е шмизлата која ја симболизира новата генерација на прости млади луѓе, “фраерот“ карши неа кој ја надополнува со идејата дека машкиот дел од истата популација гледа на шмизлите како нешто совршено со што е исто толку дебилен. Па го имаш “волот“ за кој повеќе не мора објаснување, вол е, има рогови набиени од кој стигне околу него, само не ги разбирам мудата толкави ставени пошто македонецот дефинитвно не е народ со муда.
Што има потоа, “питачот“ - последниве 20 години и тоа како сме сиромаси, “чистачот на кондури“ го надополнува питачот и сака да каже дека сме способни само да им чистиме кондури на големците, ништо повеќе. Па го имаме “дрвото“ кое конечно може да симболизира нешто позитивно. Македонскиот народ е стар и мудар. Епа ако од мудроста е поговорката “наведната сабја глава не ја сече“ да ти се плукнам и на мудроста и на староста.
Забораам некоја сигурно, ама нема везе...
Hawk2401 напиша:
п.с. оф топик, многу тешко е човек да дебатира кога имаш таква слика за аватар ;)
Во живо е поубава и е секс мајстор, не си ни свесен што може да направи во кревет. Ама џабе, ти си водолија, она е скорпија, не си одговарате, жал ми е. :nesum:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
10-20 милиони ваму,10-20 таму,100 илјади наму и се во непродуктивни трошења, заминаа сите пари од буџетот.Развоен буџет жими газов.
Ниту јас не сум против разубавување,но пред се сум за равој и подобар животен стандард на сите граѓани.Кога ги гледам статуиве,ме потсетуваат на тотален неуспех на едно владеење.И затоа ставам равенство помеѓу оние и овие,бидејќи истото го прават само на еден покултурен начин.
Немаше да реагирам ако не споменеше дека едните краделе,а овие демек направиле нешто.Мислење во однос на изгледот на скулптурите е во ред,ама популистички изјави ...:)
Извини ако те навредив:back:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Политики, вмровци и есдеесовци, аманте немојте и на оваа тема. Шо праеле и како праеле, дали краделе или давале, на друго место муабет. Али, пошо љандра спомна пари:

Инвестирање во уметност никогаш не е на одмет, да се разбериме. Нормално, доколку сите други основни предуслови за тоа се исполнети. Истата инвестиција, помал квантитет, зголемен квалитет и вистинска современа вајарска уметност ќе направеа локации кои ќе беа препознатливи и почитувани со тек на време. Чак и експериментирањето во уметноста, и експонирање на истото е попродуктивно од ова што сега ни се пласира. Затоа што токму таквото експериментирање носи напредни идеи и развој на уметничката мисла.

За жалостие наше, концептот на целото тоа украсување на градот со скулптури, после се што видовме и пресудивме, не е погрешен - погрешно е разбран. Следствено, ние погрешно го толкуваме. Средства за уметност треба да има, доколку постои истата. Или барем поле за да се развива во правата насока. И крајно, да се остане доследен на идејата. Само ние пустите, историја на уметност од памтивек, развој на мисла такуѓере (и тоа баш во правата насока), ама доследност...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Скулптури, калдрми, тиит мајчине... Кој филм им се врти на тие од власта и градоначалникот на Скопје, незнам, ама сигурно е некој во стилот на Cesare IV ... Во ова кризно време тие трошат пари на скултури, камења и не ти знам какви глупости, наместо да инвестират во нешто од кое ќе имат корист сите, а и државата... И друго што ми иде на живци е тоа дека таа држава имала таков центар, таа онаков и сл, а никако да се чукнат у глава и да сфатат дека ти се правени со издигањето на градот, а не во 21 век да се враќаме во минатото...

“Ај ќе се чекаме кај Јустинијан у 8 ипол да искачаме...“ :pos2:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
7
не е добро тоа што владата троши толку многу пари за споменици,цркви,лавови...јас не сем за да не се градат такви работи не сепак тоа е нерационално трошенње на народни пари,зошто тие пари не се пренаменат за нешто друго еве последен пример владата ке подигне кредит од 23 милиони евра за здравството.И веќе неможам да ги слушам со тие споредби на Европските главни градови,па тие градови не се изградени за еден мандат од 4 години,туку стотици години наназад .
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
А знае некој дали скулптурите ќе се баш онакви како што беа покажани на видео презентацијата Скопје 2014 или?

Онаа на Карпош најинтересна ми се виде, а оние на лавовите ептен утка. Се надевам само дека покрај сите споменици ќе се одвои нешто и за милениумскиот крст за да изгледа ко што беше планирано.
 
H

^HITMAN^

Гостин
А знае некој дали скулптурите ќе се баш онакви како што беа покажани на видео презентацијата Скопје 2014 или?

Онаа на Карпош најинтересна ми се виде, а оние на лавовите ептен утка. Се надевам само дека покрај сите споменици ќе се одвои нешто и за милениумскиот крст за да изгледа ко што беше планирано.
Каква е таа видео презентација? Дај линк да ја видам.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Благодарам за линкот. Малце пренатрупано ама ако нека се гради. Скопје е најбеден главен град во Европа(и Тирана не престигна и не одмина со години), сеа архитектите нека кажат дали и како треба да се направи професионално, мене ми изгледа поубаво. Само таа триумфалната капија смешна ми е на сред улица...:vozbud: И дали се сигурни дека за 4 години може да се заврши ваков огромен проект, тоа незнам. Ми изгледа како потег на популизам за на избори 2012 да имаат аргумент да настапат и да ја бараат довербата кај граѓаните за да го довршат проектот, демек... Како и да е, немам против да е гради, но да се гради со памет и да не го претеруваат до толку со 100 споменици на 5000м2.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Брат ако се гради нека се гради нешто салам, не да се враќаме у 16-17 век... И во Струмица ќе се реконструира плоштадот, али нема такви споменици и коцки и слични срања, туку се иде на нешто поново и помодерно, ова у Скопје е булшит.

Еве во Струмица какво ќе биде, а градењето почнува после карневалите
Има политичка порака пошто е пред изборите, немам видено само од проектот...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Брат ако се гради нека се гради нешто салам, не да се враќаме у 16-17 век... И во Струмица ќе се реконструира плоштадот, али нема такви споменици и коцки и слични срања, туку се иде на нешто поново и помодерно, ова у Скопје е булшит.

Еве во Струмица какво ќе биде, а градењето почнува после карневалите
Има политичка порака пошто е пред изборите, немам видено само од проектот...
Добро е ова, само во Струмица има многу остатоци од коминистичка архитектура со остри рабови и линии и гледам пак натака се тера. Инаку добро е, не е лошо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom