Жив пример за вмровскиот квазипатриотизам.
Погледнете како за едно исто прашање (околу спорот со името), добиваме два дијаметрално спротивставени одговори.
Едниот од страна на премиерот во касновечерното шоу на чобанот Миленко, а другиот од страна на задолжениот за надворешна политика во ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, на гости во А1.
И се' тоа во временски период од само два дена.
Значи Премиерот свесен дека повеќе не може да игра на карта на црвените линии, и свесен за тежината на изјавите кои ги дава, во целата емесија се обидува да објасни дека откако грците ќе ги омекнат ставовите, со помош на медијаторот Нимиц кој ќе ги доближел позициите,
ние сме подготвени да дојдеме до компромис со грција.
За разлика од него, после два дена, најверојатно со намера да ги амортизира и релативизира изјавите и ставовите на Груевски, и најверојатно свесен дека сеуште има овци кои слепо веруваат во нивниот квази-патриотизам, Ѓорчев вели дека
ние не сме подготвени на тоа!
Е токму за ова лицемерие, и за овој дпмнеовски квази-патриотизам напоменувам од почетокот на темата.
Да не знае човек дека се од иста партија, ќе помисли дека се лути политички ривали со крајно спротивставени ставови околу клучното прашање по иднината на државата.
А во долново клипче, може да погледнете, кој тоа ни ја креира надворешната политика на државата ?
Верувале или не.
Тоа е човекот задолжен да дава партиски кадри кои ќе ја претставуваат Македонија надвор од државава.
Тоа е човекот кој освен две-три квази патриотски фрази кои ги научил во (средно) времето кога беше бунтовник, друго и незнае што да каже.
Тоа е човекот кој Биљана Секуловска пред два дена во вестите на А1, буквално го распизди, и на сите им докажа колку всушност тој вреди.
Добро обратете внимание.
И после се, не ми е чудно што нашата надворешна политика е во катастрофална состојба.
Каков креатор и кадровик......таква политика.
P.S.
Браво Биле.
Ти си мој фаворит на месецот.
Те сакам :back: