Гледав многу филмови деновиве и некако ја заборавив навиката да пишувам рецензии за истите... Ама еве, ќе пишам за тој што го изгледав последно, т.е. завчера.
Love Happens
(филмов го гледав по препорака на IOsonoINTERISTA)
Како и најавата на неговата рецензија, филмов е толку лошо искритикуван и оценуван што си помислуваш дека се спремаш за да гледаш филм ко The Blind Side. Можеби и не направив добра споредба затоа што The Blind Side има урнебесно добри коментари и рејтинзи а филмот според мене беше ептен преценет во секој можен поглед.
Love Happens, како што кажа и колегата е филм од кој треба да очекуваш да не е романтична драма/комедија како на пример...The Notebook.
Не, ова е нешто скроз различно. И мило ми е што е така. Вака добра драма не сум гледал одамна. Арон Екарт во филмов се покажа одлично! Иако немам гледано многу филмови со него, не особено каде што е главна улога, типов прилично ме изненади.
Она што е интересно е дека филмов на моменти навистина е и потресителен. Има сцени каде што буквално можат да ти полазат морници ако се внесиш подобро во него. Го изгледав во еден здив и не знам кога ми поминаа 1 и 45 минути.
Ама тоа е затоа што не очекував да е нешто поинаку од драма, односно не очекувајте да е нешто "wow". Ова е обичен филм, можеби по сценариото и просечен, ама сепак за мене претставуваше нешто повеќе. Со задоволство би го гледал и повеќе пати! На имдб од сите коментари само 2 беа онака позитивни... другите се сите ептен лоши, ама тоа е уште еден доказ + да не се отсврнувам само на кометари и рејтинзи, битно е како ти сам го доживуваш филмот. Битно е сам да створиш мислење за него, иако многумина мислењата за филмовите ги формираат според тоа кој филм колку оскари, рејтинзи и добри коментари добил.
Јас за филмов ќе кажам се најдобро, дури и еден од подобрите филмови што сум ги гледал во оваа година, а досега ги изгледав сигурно околу 50. Можеби нема да се сложите со мене од кога ќе го изгледате, ама од мене добива бел бумбар и препорака да го гледате. Ете, ако го оценувам, нека биде 8 или 9/10.