Последен гледан филм со кратка рецензија

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
За истиот зборува, и арно го опишал. Тешко срање ама во позитивна смила. Навистина тешко.

----

Таа подлабока поента е можи главната причина за јаките критики на овај филм. Ја има, ама некој ич не може да ја најде, некој си дава некое свое интерпретирање, а никој не кажува тоа е така и така и не е поинаку.

На имдб коментари има да се изначитш.


И како хорор е оригинален. Според мене најдобра класификација не е само хорор или само драма. Треба да се гледа на филмот како повеќе жанровско дело. Сите жанрови подеднакво.

Многу ми е “уметнички“, тапа ми се такви филмови. Сакам да уживам во филмот, умствено, значи да е тежок, ама да вреди тоа тешкото, а не само да е тежок... и толку.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Филмот значи мрднува в крај, постар е 1997 хорор - фантастика, значи МОРА да се гледа... испратен е тим на бродот Event Horizon кој бил изчезнат 7 години, и бил дизајниран да патува побрзо од брзината на светлината...но испаѓа дека тоа е лага, дека намената е за нешто друго - морбидно срање...И...

 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Многу ми е “уметнички“, тапа ми се такви филмови. Сакам да уживам во филмот, умствено, значи да е тежок, ама да вреди тоа тешкото, а не само да е тежок... и толку.
Си го изменив претходното мислење ставив уште една реченица.
И не е баш „arthouse“ туку повеќе е филозофско социолошки филм. „arthouse“ се релативно полесни филмови.
Има некои елементи од тие „уметнички“ филмови, ама зад нив има нешто, има тешки филозофии. (Кои и јас не ги разбрав, затоа барав ваму таму, по имдб. И пак не е се јасно).
И хорор сцените не се баш „уметнички“ туку се хорор.
Хоророт и филозофиите го вадат од таа класа.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
И не е баш „arthouse“ туку повеќе е филозофско социолошки филм. „arthouse“ се релативно полесни филмови.
Мислам дека се очигледни уметничките елементи во филмот и подобар термин би бил arthouse-horror, како што е окарактеризиран на rottentomatoes.com


И како хорор е оригинален. Според мене најдобра класификација не е само хорор или само драма. Треба да се гледа на филмот како повеќе жанровско дело. Сите жанрови подеднакво.
Сакав да кажам дека некако misleading ми делува жанровската квалификација на imdb. Добро си опишал, повеќе жанровско дело, кое не може лесно да се класифицира.

Филмот е прилично контраверзен, a -={K-O-R-U-N}=- со потегнувањево на хејт дискусија, само му направи "реклама". :icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.530
Филмот значи мрднува в крај, постар е 1997 хорор - фантастика, значи МОРА да се гледа... испратен е тим на бродот Event Horizon кој бил изчезнат 7 години, и бил дизајниран да патува побрзо од брзината на светлината...но испаѓа дека тоа е лага, дека намената е за нешто друго - морбидно срање...И...

Кога сме кај хорор/не хорор дискусии... овој филм иако по секоја некаква логика треба да биде Sci - FI, е уствари хорор, и тоа можам да кажам еден од пострашните хорор филмови кои сум ги гледал.

Можеби од таа перспектива тогаш, пошто одамна беше. Незнам пак кога би го гледал каков впечаток би имал. Сепак, мислам дека филмов му дава нова димензија на зборот „зло“.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Кога сме кај хорор/не хорор дискусии... овој филм иако по секоја некаква логика треба да биде Sci - FI, е уствари хорор, и тоа можам да кажам еден од пострашните хорор филмови кои сум ги гледал.

Можеби од таа перспектива тогаш, пошто одамна беше. Незнам пак кога би го гледал каков впечаток би имал. Сепак, мислам дека филмов му дава нова димензија на зборот „зло“.
Баш така, еден од ретките што ме намовнале шо се вика...буквално "нова димензија" и "буквално зло"...неизвесноста е тоа што е здраво, цело време си тука како хипнотизиран...
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50


Интересно СФ акционо трилерче. Солидна приказна, уште подобар приказ за начинот на функционирање и развиток на човештвото во блиска иднина, така што речиси и да не го доживуваме филмот како научно-фантастичен. Оценка 8/10.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88


Интересно СФ акционо трилерче. Солидна приказна, уште подобар приказ за начинот на функционирање и развиток на човештвото во блиска иднина, така што речиси и да не го доживуваме филмот како научно-фантастичен. Оценка 8/10.
постои ненормално голема разлика од,

идеја до реализација... беден филм апсолутно, нема вложен труд и финансии, а некако ме потсеќа и на Матрикс и ми се чини дека идејата им е од таму... многу аматерски пристап има.

3/10

креаторот на сурогатите сам на себе си наштетува со предомисла, ебате филмот.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
постои ненормално голема разлика од,

идеја до реализација... беден филм апсолутно, нема вложен труд и финансии, а некако ме потсеќа и на Матрикс и ми се чини дека идејата им е од таму... многу аматерски пристап има.

3/10

креаторот на сурогатите сам на себе си наштетува со предомисла, ебате филмот.
Surrogates според мене е сосема солиден филм и нема ништо општо со Matrix (и ајде да не дискутираме за тоа пошто ке им го расипеме филмот на сите до еден) според мене еден од подобрите од минатата година.

Јас по обичај оцени многу не давам и секој си има свој вкус, ама 3/10 ти го направи филмов како за Шехерезад да даваш оцена :).

Филмов е сосема добар и кој го нема гледано нека го гледа.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.404
Поени од реакции
25.269
Гледав многу филмови деновиве и некако ја заборавив навиката да пишувам рецензии за истите... Ама еве, ќе пишам за тој што го изгледав последно, т.е. завчера.
Love Happens
(филмов го гледав по препорака на IOsonoINTERISTA)

Како и најавата на неговата рецензија, филмов е толку лошо искритикуван и оценуван што си помислуваш дека се спремаш за да гледаш филм ко The Blind Side. Можеби и не направив добра споредба затоа што The Blind Side има урнебесно добри коментари и рејтинзи а филмот според мене беше ептен преценет во секој можен поглед.
Love Happens, како што кажа и колегата е филм од кој треба да очекуваш да не е романтична драма/комедија како на пример...The Notebook.
Не, ова е нешто скроз различно. И мило ми е што е така. Вака добра драма не сум гледал одамна. Арон Екарт во филмов се покажа одлично! Иако немам гледано многу филмови со него, не особено каде што е главна улога, типов прилично ме изненади.

Она што е интересно е дека филмов на моменти навистина е и потресителен. Има сцени каде што буквално можат да ти полазат морници ако се внесиш подобро во него. Го изгледав во еден здив и не знам кога ми поминаа 1 и 45 минути.
Ама тоа е затоа што не очекував да е нешто поинаку од драма, односно не очекувајте да е нешто "wow". Ова е обичен филм, можеби по сценариото и просечен, ама сепак за мене претставуваше нешто повеќе. Со задоволство би го гледал и повеќе пати! На имдб од сите коментари само 2 беа онака позитивни... другите се сите ептен лоши, ама тоа е уште еден доказ + да не се отсврнувам само на кометари и рејтинзи, битно е како ти сам го доживуваш филмот. Битно е сам да створиш мислење за него, иако многумина мислењата за филмовите ги формираат според тоа кој филм колку оскари, рејтинзи и добри коментари добил.

Јас за филмов ќе кажам се најдобро, дури и еден од подобрите филмови што сум ги гледал во оваа година, а досега ги изгледав сигурно околу 50. Можеби нема да се сложите со мене од кога ќе го изгледате, ама од мене добива бел бумбар и препорака да го гледате. Ете, ако го оценувам, нека биде 8 или 9/10.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671


Поразличен е од книгата и убиството на Лисавета и Аљона не е доловено нешто најдобро. Од мене добива 6/10 :)
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18


Inglourious Basterds


Ги заслужи сите пофалби и препораки за гледање. Еве и од мене уште една. 9/10 поради некои неразрешени моменти :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
The Pianist (2002)



Незнам дали филмов по 2 или 3 пат го гледав ама дефинитивно заслужи...Перфектни 2 и пол сати од мојов ден ги потрошив на филмов.Одлична глума на Адријан Броди(сосема заслужен оскар) кој толкува пијанист евреин, кој заедно со неговото семејство ке се најде во Варшавското гето за време на наци периодот...најверојатно сите го имате гледано но сепак вреди да се гледа 2 пати :)

10че(без протекции)
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Конечно малку време да напишам што изгледав последниве неколку денови:

Agora



Видов дека ИоСоњо се запалил на филмов и ради неговото филмско искуство решив да го погледнам. Го делам со него мислењето дека овој филм заслужуваше барем во една категорија да биде номиниран за Оскар.
Актерката е добра, ја пронашле вистинската дефинитивно, Холивуд има да понуди многу актерки, но за ваков филм, во овој жанр, оваа актерка дефинтивно си е на место.
Во најмала рака Рејчел можеше да му конкурира на Сандра Булок, само незнам кој им е филмот на дечкиве од Академијата. Тоа е тоа, на филмов очигледно му фали поголем публицитет, можеби и затоа недостасува на овогодинешните Оскари.

Драма во која се вкрстуваат религијата, науката, слободната мисла ... Хипатија е жената посветена на науката, единствената жена која јавно ќе се изјасни дека не припаѓа на ниту една религија, а сето тоа нема да оди во прилог на Христијанската религија и нејзините верници.

Вреди да се погледне.
8/10

Bad Lieutenant: Port of Call - New Orleans



Новиот филм на Николас Кејџ, Ева Мендез ... крими драма во која што Кејџ е лошиот полковник, зависник од дрога.
Накратко, Кејџ работи на разоткривање на убиецот на едно семејство и тоа би била целата приказна. Не е толку монотона, расплетот го разубавува филмот и ни ја дава крајната оценка за него.

6/10

Requiem for a Dream



... Сеуште под импресии. Ремек дело е можеби и мал збор за така добар филм. Одамна ми се нема десено некој филм да не ми дава да станам од фотелја, секоја наредна секунда поинтересен и попримамлив. Го засакав режисерот, исто така немам гледано некој понов филм со ваква добра режија, едноставно посакуваниот ефект трае од првата до последната секунда, го доживуваш филмот во буквална смисла на зборот. Покрај тоа, Џенифер Конели, Лето, одлично избрана актерска екипа.
Станува збор за наркоманијата и зависноста од дроги, како постепено доведуваат до самоуништување (ваљда го знаете тоа, ако не погледнете го животот е мојот филм точка мк :pos: ). И така, тоа би била приказната.

Приказна како приказна и не е така несекојдневна, но начинот на кој што е снимен филмот возбудува, какви генијалци чекорат по Земјава. Друга работа, во моментов го слушам саундтракот, неверојатна ствар, на повеќето е и познат...

Факинг 10/10



 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Se soglasuvam skroz so clenov nad mene za Agora ,fantasticen film . Edinstvena negativnost od celiot filme sto veke 5 dena po red razmisluvam za celiot koncept na religijata i hristijanstvoto i veke 5 dena nemozam da najdam mir.

Requiem for a dream isto taka odlicen , kulten film koj go nema gledano obavezno neka gleda .

Deneska na HBO ja izgledav filmskata adaptacija na teen bestsellerot ANGUS , TANGI I BAKNUVANJE ( taka neso ) i im go preporacuvam na site sto sakaat takvi teen romance-comedys . Edinstveno nesto sto go pravi podobar od tipicen takov Americki film e sto filmov se odviva vo Anglija( ova e vsusnot prviot angliski film sto sum go gledal a nema Huligani , Banditi , Lopovi i slicni cuda ;) ) .
Bi mu dal 5/10 samo radi toa sto veke tie teen filmcinja ne mi se tolku interesni kolku sto mi bea porano .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom