Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Е не, не е...ти кажа ИОсоно за Commando. На Шварци му ја киднапираат ќерката, иде по нив, иста прича.
А бе мене не ми смета филмот, сосема пристојно филмче е онака да седнеш да го изгледаш, не треба замарање многу и се тоа... не ми смета ни тоа што бил „клише“, не мора секој филм да е оригинален... ама не гледам што толку се палат на филмот, најнормален филм е во кој еден фраер им ги крши кичмите.

И пак ќе кажам: Шварци бе кога им се симна на тој островот (ли беше, што ли беше), па тоа метеше бе со 200 луѓе :pos2:
Разликата е уствари во тоа што во 80-тите требаше навистина да бидеш манга за глумиш акционен херој: Шварци, Сталоне, Мел Гибсон, Курт Расел, Стивен Сегал... Сега, Лиам Нисон им ги крши кичмите. Има и бетер, Лиам Нисон е звер за некои акциони „херои“.

Mac)) е крив за се туку ќе отвори некоја дискусија :pos:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Луѓе, најдовме генијалец кој ги разбира одма филмовите на Линч! И Мулхоланд Драјв одма го сфати сигурно, бре,бре, уште на средина си го укапирал сигурно :pos2:



Брат, тебе ти се свиѓа филмов, мене не и толку :smir: Џабе ќе се расправаме до утре. Толку од мене.:salut:
Филмовите на Линч не се правени за да се сватат него за да се ужива во нив. Истите се отвоени за интерпретација на гледачот,што значи на кратко све може да е и ништо не е со сигурност точно,без разлика што напишале на имдб. Самиот Линч го има тоа изјавено кој воедено ми е еден од омилените режисери. Така да коментарите од типот што се десило и дали сме сватиле се ирелевантни.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Кога сме кај Линч, само што го догледав Mulholladn Drive, и буквално се изгубив во филмот.
Незнам ни како да рецензирам.. доста заплеткан расплет, што би се рекло. Дефинитивно ќе треба од ново.

The Machinist и Mulholland Drive се премногу за во една вечер, note to self.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Кога го спомнавте Линч одма ми текнува на Blue Velvet , баш да се потсетам шо забегано филмче беше.Ако го немате начекано на тв негде , за филмоманите обавезно да се погледне.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Кога сме кај Линч, само што го догледав Mulholladn Drive, и буквално се изгубив во филмот.
Незнам ни како да рецензирам.. доста заплеткан расплет, што би се рекло. Дефинитивно ќе треба од ново.
Е брат, сега Psyside ќе ти каже дека не е важно тоа што си се изгубил у филмот, важно е како си го ''интерпретирал'' и дека не треба да го гледаш на ново, пошто е ирелевантно тоа дали си го сфатил :pos2:.
Добро што не си ги гледал Лост Хајвеј и М. Драјв у една вечер, е тоа ќе било премногу, ќе си се утепал од мислење. :) Машинист (супер филмче) е објаснет тотално на крајот за што се работи.


Лост Хајвеј и Мулхоланд Драјв се многу конфузни филмчиња, секого што сум го прашал што ги гледал, не им се јасни некои работи. Така да не знам што е толку смешно што сум побарал некои објаснувања за овие 2 филма на ИМДБ. :toe:

Let there be rock!
:music3:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Добро што не си ги гледал Лост Хајвеј и М. Драјв у една вечер.
Во овие фали уште и Blue Velvet мислам дека до негде имам најголема сличност забележано во овие три + Twin Peaks и тотално да скрениш од умот :)
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
The Machinist и Mulholland Drive се премногу за во една вечер, note to self.
Овој вториов да, ама првиот е многу поедноставен, цела приказна се открива на крај кристално јасно, мастерпис е филмот. Како и да е, не оди, такви два филма се лоша комбинација за гледање еден по друг :)

Назад на темата:

Invictus



И повторно гледаме продолжение на одличната соработка на Клинт Иствуд и Морган Фриман ...
Филм, биографија за претседателот Нелсон Мендела. Актерската екипа на ниво, Морган Фриман го глуми претседателот, Мет Дејмон - капитенот на рагби екипата. Накратко, филмот се базира на животната приказна на претседателот на Јужноафричка Република, Нелсон Мендела. Во продолжение на филмот тој се бори за да исчезне омразата помеѓу белците и црно обоените таму, да го подигне националниот дух, баш преку спортот ... повеќе од сигурно е дека да си јужноафриканец, дефинитивно поинаку и попрецизно ќе го доживееш филмот.

8/10

Up in the Air



На почетокот, воведот на филмот е доста монотон, подоцна филмот се развива во интересна драма, со навистина специфична приказна. Нешто што го немаме видено досега, Клуни си е на место, мислам дека можеле да најдат некоја подобра актерка од Ана Хендрик, таков карактер глуми, па не ми беше најомилена во филмот ...
Околу приказната, веројатно повеќето ја знаете, професијата на Клуни е да отпушта луѓе, или да го стори тоа на фин начин, па преку филмот ја доживуваме тежината на таа професија, а за тоа филмот да не се базира околу само една приказна воведена е и една романса на актерот.

8/10
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Е брат, сега Psyside ќе ти каже дека не е важно тоа што си се изгубил у филмот, важно е како си го ''интерпретирал'' и дека не треба да го гледаш на ново, пошто е ирелевантно тоа дали си го сфатил :pos2:.

Хех знаев дека ќе ми реплицираш за ова, но тоа е чиста вистина.

Да не се разбереме погрешно и јас пробував да сватам што е што и донегде успеав, но тоа не значи дека ако не сум разбрал или некој друг гледач не разбрал, дека треба да се "напињам" со тоа и да барам "одговори" по интеренет нели?

Сие филмови на Линч ми се допаднале и во глобала се едно неверојатно искуство, без разлика дали ќе гледачот ќе биде Шерлок Холмс или (пример) некое 15 годишно дете кое бара да види нешто понинакво,поинтересно поуникатно сепак ќе уживаш во филмот тоа несомнено беше случајот со мене. Муабетот ми е дека поентата на тие филмови не е да се разврзат,сватат, него се отворени за интепретација како што кажав предтоа. Дали мислиш дека ако најдеш некое решение на нет ќе биде правилното? :) Дали знаеш дека Линч намерно изјавувал погрешни расплети за неговите филмови за да ги збуни уште толку гледачите?

Затоа само опуштено, уживањето во добро филмско остварување пред се :smir:

П.С Се извинувам за офтопик.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Million Dollar Baby (2004)



Клинт Иствуд,Хилари Свонк,Морган Фримен,четири оскари....

Френки Дан(иствуд) е професионален менаџер на боксери и сопственик на теретана. Од другата страна Меги (Свонк) сиромашна келнерка која едвај преживува затоа што парите кои ги заработува ги штеди за купување на работи поврзани со боксот,нејзината животна пасија...Се почнува кога Меги ке се запише во теретаната на Френки ...за другото мора да погледнете.

9/10

People die everyday, Frankie - mopping floors, washing dishes and you know what their last thought is? I never got my shot. Because of you Maggie got her shot. If she dies today you know what her last thought would be? I think I did all right.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Van Wilder 2002



Добар е за гледање со друштво и за тепање време.Имав чувство како да го гледав Американска пита, но тука главниот лик е организатор на забави.Одамна се откажав од гледање вакви комедии, но ајде.
Можеле барем главниот лик да го изберат да биде по специфичен, сега како да беше ист со другите.

Што ме изненади има висока оценка на ИМБД.Ретко налетувам на вакви комедии со оценка над 6. Овој има 6.1 што ме заинтересира да го гледам.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Saints and Soldiers (2003)


Филмов спаѓа во оние каде што трејлерите даваат сосема друга претстава одошто е.Очекувајќи нешто во стилот на Спасувањето на војникот Рајан или мини серијалот Band of Brothers испадна нешто сосема трето. И на имдб го тагирале како акција, па драма а испадна скроз обратно.Драма во која се зборува за американски војници кои во втората светска војна се наоѓаат на непријателска територија...Безвезни конверзации а заплетот започнува после 1 сат гледање а филмот трае сат и 25 мин.

3/10
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Само да видиш колку ни се разликуваат мислењата за филмот!

Saints and Soldiers (2003)


Филмов спаѓа во оние каде што трејлерите даваат сосема друга претстава одошто е.Очекувајќи нешто во стилот на Спасувањето на војникот Рајан или мини серијалот Band of Brothers испадна нешто сосема трето. И на имдб го тагирале како акција, па драма а испадна скроз обратно.Драма во која се зборува за американски војници кои во втората светска војна се наоѓаат на непријателска територија...Безвезни конверзации а заплетот започнува после 1 сат гледање а филмот трае сат и 25 мин.

3/10
Saints And Soldiers

За филмов прочитав на темава, ама не можам да го најдам сега мислењето. Бидејќи сакам филмови поврзани со I и II Светска војна веднаш го симнав и не се покајав. Дејството се одвива во II Светска војна каде по една пресметка во Белгија Германците вршат масакр на над 70 американски војници. Од ова успеваат да се извлечат неколку војници кои треба да ја преминат германската линија и да стасаат до своите сојузници. Прекрасно изрежиран филм, со многу интересна приказна(посебно судбината не Декон). Од мене чиста 10ка!
Нема, прва и втора светска војна ми се слабост!
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Само да видиш колку ни се разликуваат мислењата за филмот!

Нема, прва и втора светска војна ми се слабост!
И мене ми е слабост WWII ама сосема друго очекував од филмот па затоа можеби не ми се допадна...Незнам дали го имаш гледано мини серијалот Band of brothers(напишав рецензија во препораки).Гледајго па ке видиш што е чиста 10ка :)
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318

Во принцип не гледам многу романси, да не речам воопшто не гледам, но ете се деси да го гледам филмов по некоја случајност и сеуште сум под импресии :)

На почетокот, еден цитат кој ми остави добар впечаток: I am no one special. Just a common man with common thoughts. I've led a common life. There are no monuments dedicated to me and my name will soon be forgotten, but in one respect I've succeeded as gloriously as anyone who ever lived. I've loved another with all my heart and soul and for me that has always been enough.

Како што кажав, не гледам романси, па затоа сум успеал да го пропуштам овој филм. Причина број еден поради која го погледнав филмов е Рејчел МекАдамс, се решив да погледнам некој нејзин филм затоа што сеуште сум под импресии од нејзината улога и лично таа во Шерлок Холмс, а после The Lucky Ones, немав изгледано некој нејзин филм.

:pipi:

Значи во оваа драма главна тема е љубовта на двајца млади, веројатно најсилното оружје кое го поседуваат, неуништлива ствар ... ај не сум добар за овие работи :), затоа еве уште еден цитат ваљда ќе ви долови нешто повеќе: Do you think our love, can take us away together? Duke: I think our love can do anything we want it to.
И умираат подоцна, шит.

Толку, погледнетего, најверојатно ќе ви се допадне.

8.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
A Serious Man (2009)

Сериозно, мислев дека браќава Коен не можат да снимат полош филм од Burn After Reading, ама веќе следниот, A Serious Man, му е најблаго кажано сериозна конкуренција. Намерата било веројатно да се прикаже пропаѓањето на еден човек кој не може да се справи со домашните и работните проблеми, ама работата е што воопшто не успеале да не заинтересираат за тој човек и за тоа семејство, па да ни е малку гајле, колку да го истуркаме филмот.

Филмот го започнувата со некоја поента дека се треба да се прифати без разлика што е и как ое, па така главниот лик влегува во еден куп ситуации кои се апсурдни и ги прифаќа без приговор, и така цел филм... Има некој црн хумор кој исто така не ја постигнал целта и незнам, многу, многу досадно, неинтересно... последен пат да гледам филм на кој овие двајца се режисери.

2-3, може 3.5/10.
Убаво што се разчепкав низ рецензииве на последниве страници пошто филмов печен беше за спуштање ама штом го спореди со Burn after reading ми заштеди 106 мин.

он топик - Legion (2010)


Начно фантастичен филм со примеси на хорор :) Ма да приказката која оди вака некако-Група луѓе кои се наоѓаат во ресторан покрај патот(богу иза леџа јебига србизам) ќе се борат за опстанок на човечката раса- (кое клише со апокалипсава) ми е многу слична со еден филм што го гледав на канал пет(само не ми текнува името) каде исто вака само што во супер маркет ке се бранат од суштествата...

Филмов си го гледав лежерно во раните утрински часови без да се оптоварувам што ке се случи :)

5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom